Баровица (, Кастанери; до 1926 г. Μπαροβίτσα, Баровица) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот Округ, Грција. Населението брои 95 жители (2021). Населено е со помакедончени Власи.
Географија Селото се наоѓа на 12 км северозападно од Гуменџе, на источните падини на планината Пајак. Во непосредна близина на Баровица се остатоците од напуштените постари населби Селиштето, Ниризините, Паљори и Кодру Мушат, кои постоеле пред Баровица.
Топонимија Ова е список на традиционални влашки топоними во Баровица и околината:
Агро Стефан, Арг’л, Валија Велак, Валија Мари, Валија Оргу, Валија Сјака, Гистерна, Згарна, Имона, Кале Мушат, Кали Мари, Кетар Негри, Кирго, Код’р Мушат, Коста Мари, Патуљ, Рапал Жупан, Рапал Кујан, Сич’р, Скарцјале, Ќатра Алба, Ќатра Сурда, Фант’на Раци, Финган, Фишор Сакуљ, Фрац, Чукал Гогот, Шкутра Валија.
Историја Во Отоманското Царство мини|250п|Црквата „Св. Петка“ мини|250п|Стари куќи во селото Во XV век во Баровица по име се заведени 39 глави на домаќинствата.Гандев, Христо. „Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване“, Наука и Изкуство, II издание, София, 1989. На крајот од XIX век Баровица било влашко (мегленовлашко) село во областа Влахомеглен во процес на напредната македонизација.Вайганд, Густав. „Етнография на Македония“. Глава III. Език, езикови граници и разпространение на националностите в Македония Според преданието, селото е основано од од арамии, на чие чело стоел војводата Баро. Според Боривое Милоевиќ, населението порано се занимавало со номадско сточарство, но подоцна наполно му се предале на земјоделството.
На почетокот на XIX век во Баровица се доселиле семејства од селата Грипа и Карпин, растурени поради разбојништво на турски и албански банди.
Црквата „Св. Петка“ е изградена во 1830-тите. Селото го признавало врховенството на Бугарската егзархија. Во мај 1880 г. се уапсени старешините на неколку ениџевардарски села и од нив е побарана гаранција дека се доверливи, што би можел да го даде само грчкиот митрополит. Така митрополитот успеал да ги откаже од Егзархијата селата Крива, Баровица, Црна РЕка, Тушилово, Петрово, Бозец, Постол, Геракарци и Кониково.Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга първа, стр. 354.
Во 1894 г. Густав Вајганд („Аромани“) напишал дека Баровица е помакедончено влашко село во кое стамо старците зборуваат влашки.нарекувајќи го „побугарчено“ под влијание на бугарската пропаганда.
Во октомври 1897 г. револуционерите Аргир Манасиев и Пере Тошев во селото организирале комитет на ВМОРО. Манасиев напишал за Баровица:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Баровица живееле 750 Македонци христијани.
По Илинденското востание во 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Баровица (Barovitza) имало 1.280 Македонци, сите под Егзархијата, и во селото имало бугарско училиште.
Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Баровица било македонско со 160 куќи.
По Младотурската револуција 6 куќи од селото станале гркомански.Буга̀ри гъркома̀ни. Разказано по говора на Ениджевардарско, село Ба̀ровица, от Димитър Христов, записал Л. М., Македонски преглед, г.I, кн. 3, 1925, стр. 103. Во 1909 г. жителите на селото испратиле телеграма до Отоманскиот парламент во која се жалат на затворањето на црквата и училиштето поради клеветата на 7 гркомански патријаршистички куќи, со тоа лишувајќи 150 егзархиски куќи од духовен живот и образование.
Според податоци на кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. во Баровица имало бугарски учител назначен од егзархијата, но властите не дозволиле отворање на училиштето поради статуквото.
По податоци на Егзархијата во 1910 г. Баровица имала 154 семејства сочинети од 847 жители Македонци и една црква.Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Баровица пред Балканските војни имала 135 куќи на Власи христијани.
Во Грција По Балканските војни во 1923 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 896 жители. Во 1914 г. 10 семејства се иселиле во Бугарија како осомничени соработници на комитите, а уште некои во Америка.Буга̀ри гъркома̀ни. Разказано по говора на Ениджевардарско, село Ба̀ровица, от Димитър Христов, записал Л. М., Македонски преглед, г.I, кн. 3, 1925, с. 104. Затоа во 1920 г. бројот на жители се намалил на 714 лица. Во 1924 г. дошло до понатамошно намалување на населението кога 30 семејства се иселиле во Бугарија, од кои 4 потоа дошле во Гевгелија. Во 1926 г. селото е преименувано во Кастанери. На пописот од 1928 г. селото е заведено со 680 жители, но потоа доживеало голем прираст, за во 1940 г. да бидат попишани дури 945 лица.
Баровица настрадала во Втората светска и Граѓанската војна кога 60 лица загинале како активни борци, а 25 семејства се преселиле во НР Македонија (во Скопје, Велес и Гевгелија). По војните извесен број семејства се преселиле во Гуменџе, во Солун и во странство. Со тоа во 1952 г. населението опаднало на 632 жители и продолжило да опаѓа, овојпат поради преселување во поголемите градови.
+ Месности во Баровица преименувани со службен указ на 31 јули 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Дујково Ντουΐκοβο Трахилос Τράχηλοςврв на ЈЗ од Баровица Скарчали Σκαρτσάλη Петротон Πετρωτόνмесност на ЗЈЗ од Баровица (1.389 м) Орман Όμάν Дасомену Δασωμένουмесност на З од Баровица Изворо Ίσβορο Пиги Πηγήмесност на З од Баровица Валисовата Βαλισόφατα Маврорема Μαυρόρεμα Каркин Κάρκιν Литовуни Λιθοβούνι Калимари Καλιμάρι Макристатон Μακρύστατονвозвишение на ЗЈЗ од Баровица (1.389 ,) Валисака Βαλίσακα Макрахалијас Μακραχαλιάςрека на З од Баровица Кирго Κίργκον Петрадес Πετράδεςврв на З од Баровица (1.506,6 м) Синистра Σινίστρα Зерворема Ζερβόρεμαрека на З од Баровица
Население
Културни и природни знаменитости Црква „Св. Петка“ од 1830-тите
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Пајонија (општина) Категорија:Пајак (планина)