Пргас или Бургас (, Пиргари; до 1926 г. Πούργας, ПургасΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πούργας -- Πυργάρι) — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Селото се распаднало нешто по 1928 г.
Географија Селото се наоѓало во Солунското Поле, западно од градот Пазар (Ениџе Вардар).
Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Пргас било ромско чифлигарско во Ениџевардарската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Пргас броел 140 Роми.
Во Грција Во 1912 г. Пргас е заведен како село со муслиманска вероисповед и ромски јазик. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 12 жители (7 мажи и 5 жени), а во 1920 г. имало 14 лица. жени. Во 1924 г. населението како муслиманско е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, па селото било напуштено. Во 1926 г. остатоците од селото се преименувани во Пиргари. Во 1928 г. не се води како посебна населба, туку жителите се вбројани во состав на Балџа.
Селото е конечно отселено и отпишано нешто по 1928 г. со почнувањето на мелиоративните работи врз Ениџевардарското Блато.
Поврзано Солунско Поле
Наводи
Категорија:Историски села во Постол