Куфалово (, Куфалија) — град во Солунско, Егејска Македонија, денес административен центар на општината Илиџиево на Солунскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 8.139 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.

Географија и местоположба Куфалово се наоѓа во Солунското Поле, 25 км северозападно од Солун, на десниот брег на реката Леска. Традиционално се состои од три маала: Горно, Средно и Долно Куфалово. Лежи на надморска височина од 35 м.

Историја Антика Се смета дека кај Куфалово се наоѓал древномакедонскиот Ихне, чии остатоци се наоѓаат во денешната месност Тавас.

Османлиско време

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Горно и Средно Куфалово имало 135 Македонци христијани, а во Долно 480 Македонци христијани, 25 Турци и 6 Роми.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 141. дясно|мини|250п|Старата црква „Св. Атанасиј“ во Куфалово По Илинденското востание на почетокот на 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр. 126. Според податоците на езархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Долно Куфалово имало 336, во Средно — 656, а во Горно Куфалово 1.440 жители, сите Македонци.

Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Горно Куфалово било македонско со 200 куќи.

Во местото се наметнале и бугарската и грчката пропаганда, така што во Долното и Средно Куфалово работеле бугарски училиштаBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 218-219., а во Горното Куфалово работело тригодишно грчко училиштеБабев, Иван, „Македонска голгота - Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр. 149. Бугарска настава се одвивала и во Горно Куфалово, но во истата 1905 г. е прекината, учителката е отпуштена и новиот учител е преместен во Средно Куфалово.Галчев, Илия. „Българската просвета в Солунския вилает“, УИ, София, 2005, стр. 333. Меѓу 1908-1909 година во Куфалово е учител Л. Атанасов.Дебърски глас, година 1, брой 19, 9 август 1909, стр. 4.

Забележително е тоа што населението на Куфалово масовно се преселило во населбата Пирги во Солун, каде сочинувале силна заедница заедно со доселениците од Дебар.Миладинова, Царевна. „Епоха, земя и хора“.

мини|десно|Македонска невестинска носија од Куфалово.

Куфалово страдало од грчката вооружена пропаганда на андартите. На 12 март 1907 г. во отсуство на турскиот гарнизон, андартската чета на капетанот Никифорос (Јоанис Деместихас) го нападала Горно Куфалово и наишол на отпор од само неклку милиционери. Грците убиле неколку селани, запалиле две куќи и грабнале неколку жители, меѓу кои и деца.Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр. 183. Мештанинот Божин Масларов бил одведен на воспитание во Атина, по што е вратен во Куфалово да работи како грчки учител. Поради честите напади на андартите, во Долно Куфалово се создадена селска чета на чело со војводата Пено Пејков, а во состав на четниците Глигор Узунов, Георги Кјаев, Иван Кривопетров, Мицо Тулев, Иван Чимидов и курирот е Кољо ЦиклевБабев, Иван, „Македонска голгота - Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр. 157-158.

Угнетувањето на населението продолжило и понатаму со затворање на црквата, за што во 1909 г. мештаните испратиле жалба до турските власти.Македония. Сборник от документи и материали, Издателство на БАН, София, 1978, стр. 527.

Во септември 1910 г. селото настрадало во разоружувачката акција на младотурците, запалувајќи неколку куќи, убивајќи четири мештани и измачвајќи многу други.Ден, брой 2325, 23 септември 1910, стр. 3.

Припојување кон Грција ляво|мини|250п|Старата црква „Св. Ѓорѓи“. Со Букурешкиот договор во 1913 г. е припоено кон грчката држава и македонското население било подложено на притисоци од новите грчки власти. На селаните им е забрането да учат на друг јазик освен на грчки, а селаните се насилно мобилизирани во грчката војска во периодот од 1912 до 1918 г., од што произлегло и дезертерство на бугарска страна. Грчките власти ги апселе и измачувале семејствата на дезертерите, да ги измачува и да им ги пали или одзема имотите. Во заштита на селаните застанал пратеникот од Ениџе Вардар, Сотирак Коџаманов.Бабев, Иван, „Македонска голгота - Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр. 170-172 Грчките офицери исто така ја прекинувале богослужбата и го тепале свештеникот бидејќи не пеел на грчкиГенов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр. 175.

Поради големиот грчки терор, селаните од Куфалово продолжиле да го напуштаат и да се селат во Солун, што е забележано во 1914 г. Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ забележал дека Куфалово имало 320 македонски куќи, од кои 170 во Горно, 50 во Средно и 100 во Долно Куфалово. Во 1920-тите, според спогодбата за размена на население меѓу Бугарија и Грција, голем број на мештани биле приморани да се иселат во Бугарија, особено во црноморскиот крај, во РавдаПопова, Т. В. Об одном малоизвестном типе глагольного словоизменения в болгарских диалектах. [Преселници од с. Куфалово, Солунско, в с. Равда, Поморийско]. — Во: Общеславянский лингвистический атлас. Материалы и исследования, 1976, М., 1978, 153—185., во Даутлии (Каблешково), Анхиало (Поморие) и други местаРайчевски, Стоян. Източна Тракия. История, етноси, преселения XV-XX век, София 2002, с. 259, 271.), а во Куфалово се доселени Грци кариоти, дојдени од бугарскиот град Кавакли (денес Тополовград). Во 1928 г. Куфалово е претставено како чисто доселеничко село, со 3.342 жители (956 семејства).

Околу 80% од жителите на Куфалово се сметаат за потомци на Грци од Кавакли, а останатите се мештани, но и Грци дојдени од Источна Тракија и Мала Азија.

Во Куфалово има три цркви: „Света Троица“ во Долно, „Свети Атанасиј“ во Горно и „Св. Ѓорѓи“ во Средно Куфалово. Од нив, во 1905 г. „Св. Атанасиј“ била под Цариградската патријаршија, но чијшто поп Ристо Ванчуров по средбата со Даме Груев се откажал од гркоманството и црквата долго време останала затворена. Грчките власти ја срушиле „Св. Троица“, а нејзините гробишта се ископани во 1924 г. На нејзино место е изградена нова црква со истото име.Бабев, Иван, „Македонска голгота - Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр. 132, 149

Население

Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Куфалово со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Илиџиево, во округот Солун. Воедно, градот е дел од општинскиот оддел Куфалово, каде влегува и селото Доганџиево.

Стопанство Во Куфалово се произведуваат многу овошје, памук, жито, бостан и други земјоделски производи.

Личности Атанас Никлев (? - 1913) — револуционер, војвода на ВМОРО Васил Бишков — револуциоер, четник на ВМОРО Глигор Узунов (? - 1961) — курир на ВМОРО Костадин Ванчуров (Дино Четникот) — револуционер, четник на ВМОРО. Костас Новакис (р. 1957) — фолклорист и пејач на македонски народни песни во Грција Пејо Пејков — четник на војводата Апостол Петков Петар (Пано) Дурљанов (1882-?) — четник на ВМОРО Сотирак Коџоманов (1885-1958) — лекар, пратеник во грчкиот парламент и министер за финансии на Грција Ристо Лалев — револуционер, курир на ВМОРО Христо Узунов — револуционер, четник на војводите Иванчо Карасулијата и Апостол Петков

Наводи