Сарачево (понекогаш Сараклово или Сараџа; , Валтохори; до 1926 г. Σαρίτσα, Сарица,Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαρίτσα -- Βαλτοχώρι Σαρίτσι, Σαρίτσοβο) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 186 жители (2011). Сè до Балканските војни било населено исклучиво со Македонци, кои и денес го сочинуваат мнозинството од жителите.
Географија Селото е сместено во областа Вардарија на Солунското Поле, 30 км северозападно од Солун и југоисточно од гратчето Илиџиево.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Сарачево било село во Солунската Каза. Според едно предание, името потекнува од турскиот поим сар „жолт“, бидејќи жителите страдале од лошата клима, а според друго доаѓа од зборот за „оса“ или „пчела“. Селото било чифлик на некој муслимански сопственик. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Сар’џе (Сараклово) броело 175 жители, кои по грешка ги запишал како Турци.
Според цариградскиот револуционер Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993, стр. 126. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. в Сариџа (Saridja) имало 228 жители, сите Македонци под ехзархијата.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 218-219.
Во 1905 г. селото претрпело напади од грчки чети на два наврати. На 16 јули андартите направиле обид да влезат и да ја потпалат куќата на месниот првенец Кољо Минчев, кој успеал да ги одврати. На 21 август грчка чета ги запалила куќите на Стојан Коџаманов и Кољо Апостолов, а потоа, обидувајќи се да го запалат целото село, била спречена од турската војска.Гръцката и сръбски пропаганди в Македония (краят на ХІХ – началото на XX век). Нови документи. Съставили Величко Георгиев и Стайко Трифонов, София 1995, с. 63, 74.
Во селото проработела и грчката просветна пропаганда. Грците го затвориле народното македонско училиште и отвориле свое основно училиште и детска градинка со 36 ученици (18 машки и 18 женски) и 3 учители. Запоседната е и селската црква, која е насила предадена на употреба само за 13-те семејства кои биле приврзаници на Цариградската патријаршија. По Младотурската револуција во 1909 г. жителите на Сарачево за ова испратиле жалба на Отоманскиот парламент. Во овој период, Боривое Милоевиќ завел дека селото се состоело од 30 куќи на македонски христијани и 5 куќи на Роми муслимани.
Според страницата на општината Илиџиево, пред 1912 г. во Сарачево живееле околу 230 македонојазични христијани, некои под егзархијата, а некои под патријаршијата.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 150 жители. Во 1920 г. населението пораснало на 297 жители бидејќи властите по Првата светска војна тука доселиле извесен број грчки колонисти. Во 1926 г. селото е преименувано во Валтохори, што значи „блатно село“. Во 1928 г. е заведено со 284 жители, од кои 100 биле привремени. По исцедувањето на блатата, Сарачево добило нова плодна земја.
Во 1940 г. населението броело 287 жители, кое во 1951 г. се зголемило на 340. На пописот во 1961 г. во Сарачево живееле 297 лица, кои во 1971 г. се намалиле на 282, а во 1981 г. на 274 жители. Во 1991 г. бројот на жители во селото изнесувал 285 лица, кој во 2001 г. битно се намалил на 190, а во 2011 г. на 186 лица.
Население
Стопанство Сарачево е богато село поради плодното земјиште кое целосно се наводнува. Денес се одгледуваат ориз и пченка, а во помала мера и памук и луцерка.
Поврзано Вардарија
Наводи
Категорија:Илиџиево