Раниславци (, Агати; до 1922 г. Ρανισλάβ, РаниславΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ρανισλάβ -- Αγάθη) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 30 жители (2021). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.
Географија Селото е сместено во северниот дел на колтината Меглен, на 4-6 км северно од С’ботско.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Раниславци било село в Ениџевардарската Каза. Во дадено време еден дел од жителите на Струпино го прифатиле исламот за да ја обезбедат својата лична и имотна сигурност. Според хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ, на крајот на XIX Раниславци е македонско-муслиманско село со машко население од 157 лица во 36 домаќинства.Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Раниславци (Рониславци) било македонско муслиманско со 400 жители. Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото имало 67 македонски муслимански куќи.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 426 жители, кои во спаднале на 352. Во 1922 г. е преименувано во Агати. Во 1920-тите населението на Струпино е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле грчки колонисти од Мала Азија и Источна Тракија. Според пописот од 1928 г. селото било чисто дојденско со 192 жители од 49 семејства.
Населението се намалило по Втората светска војна, а особено во 1960-тите години поради иселување во поголемите градови.
Население
Стопанство Во селото се одгледува тутун, овошје, индустриски пиперки, десертно грозје и друго.
Поврзано Меглен
Наводи
Категорија:Меглен