Самоков или Самоково (, Доматија; до 1926 г. Σαμάκοβο, Самаково) — село во Правишко, Егејска Македонија, денес во општината Кушница на Кавалскиот Округ во Источна Македонија и Тракија, Грција. Во 2011 г. населението броело 457 жители.
Географија Селото е сместено во јужното подножје на планината Кушница, крај државниот пат ЕО2. Низ неговиот источен дел тече реката Самоковина (Самаковико или Гурунонеро), а низ западниот друг поток, обете десни притоки на Лаџа. Во Самоков има зачувано шест камени моста — Камбуревиот, Киранскиот и Кајнакидевиот на западната рекичка и Тутуневиот, Горниот плоштаден и Долниот плоштаден мост на Самоковина. Шесте мостови во 1990 г. се прогласени за споменици на културата.
Историја Потекло на името Името потекнува од старинскиот мануфактурен погон за ковање на железо наречен самоков (од „сам“ и „кова“).
Во Отоманското Царство Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Самоков:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Самоков (Самоковъ) било „турско“ село. Во него живееле 1000 Турци, но забележува дека населението веројатно е мешавина од Македонци муслимани и Коњари, што е својствено и за некои други села во околината.
Во Грција Во 1913 г. селото влегло во состав на Гриција како последица од Втората балканска војна. Таа година броело 843 жители. Истата 1913 г. 21 муслиман од селото е погубен од групата на Милтијад Малхопулос, припадник на бандата на Миријакос Михаил, откако најпрвин им украле 1500 турски лири. Едно складиште во селото е ограбено, при што стоката била во вредност од 1500 турски лири, а вкупната количина на средства украдени од селото изнесувала 7000 лири.
Во 1920 г. населението бележи пад, кога во Самоков се попишани 663 лица. Во 1923 г. жителите на Самоков се иселени во Турција. Во 1926 г. селото е преименувано во Доматија. До 1928 г. во Самоков се доселени 200 грчки семејства од Турција сочинети од 800 лица (903 според Тодор Симовски)
Во прво време бројот на жители бил стабилен, но со време тој се преполовил поради иселувањето во поголемите градови.
Население
Цркви „Св. Константин и Елена“ — главна селска црква „Св. Лука“ — параклис Црквичка
Месности + Месности во Самоков преименувани со службен указ на 5 мај 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Хавуза Χαβούζα Кристалопиги Κρυσταλλοπηγή месност Ј од Самоков, при утоката на реката Самоковина во Лаџа
Личности Родени во Самоков Периклис Кириакидис (Περικλής Κυριακίδης) — андартски деец, агент од трети ред
Наводи
Категорија:Кушница