Лабаница (, Плакида; до 1927 г. Λαμπανίτσα, Ламбаница) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 10 жители (2021).
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Населица, околу 20 км западно од Лапчишта и околу 13 км северозападно од Цотил, над реката Катиништа, лева притока на Беливод, на надморска височина од 820 м. На север граничи со селата Лучишта и Чрчишта.
Историја
Во Отоманското Царство По името на селото се гледа дека првично било македонско. Во ХІХ век Лабаница веќе било грчко село во Населичката Каза на Серфиџенскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Лабаница живееле 155 жители, сите Грци.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лабаница е претставена како чисто грчко село во Населичката Каза на Серфиџенскиот Санџак со 31 куќа.
По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Лабаница има 155 Грци.
Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, Лабаница (Λαμπανίτσα) во 1910 г. имало 27 гркојазични семејства.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 171 жител. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 137 лица.
Во 1927 г. името на селото било променето во Плакида (Πλακίδα). +Места во заедницата Лабаница преименувани со службен указ на 6 август 1969 годинаИмеИмеНово имеНово имеОписЦенесΤσενέςКрија ВрисиΚρύα Βρύσηврв на ЈЗ од Лабаница (910 м)
Стопанство Населението произведува жито, тутун, компири и други земјоделски производи. а помалку се занимава и со сточарство.
Население
Културни и природни знаменитости Цркви
Црква „Св. Никола“ — подигната во 1952 г.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Горуша (општина)