Дебрец (, Анарахи; до 1928 г. Τέπρε, Тепре; до 1961 г. Δέβρη, Деври, ) — село во Кајларско, Егејска Македонија, денес во општината Еордеја на Кожанскиот Округ, Грција. Денес има мешано македонско-грчко население.

Географија Селото се наоѓа на 13 км западно од Кајлари и на 1 км од Емборе. Лежи во подножјето на планината Мурик и Кајларскиот Рид.

Историја Над Дебрец има остатоци од две средновековни тврдини во месностите Кастри и Кула, каде се откриени монети од времето на Комнините. Во местността Фрурио има остатоци од средновековна црква.

Во Отоманското Царство Во османлиските дефтери за Леринскиот вилает од 1626-1627 г. селото е означено под името Дебри со 2 даночно обврзани домаќиства.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, стр. 333 Во XIX век Дебрец било мешано македонско-турско село. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал селото (Дебрецъ) како македонско село.Нарекувајќи го бугарско под влијание на бугарската пропаганда. Според грчки податоци, во 1878 г. Деврец (Devretz), Мегленска епархија, имал 1.540 жители. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дебрец (Débretz) било село во Костурската Каза со 450 домаќинства на 600 жители муслимани и 580 Македонци.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Дебрец имал 740 жители Македонци христијани и 700 жители Турци.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дебрец е претставен како како село во Кајларската Каза на Серфичкиот санџак со 260 куќи на етнички мешано население.

На почетокот на XX век целото село било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 960 Македонци под Егзархијата и во него работело бугарско училиште.

Во 1910/1911 г. учител во Дебрец бил Никола Апчев од Конуј.

Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) пред Балканските војни во Дебре имало 120 куќи на Македонци христијани и 250 куќи на Турци.

Во Грција мини|250п|Црквата „Св. Ѓорѓи“. За време на Првата балканска војна (1912) во селото влегле четите на Марко Иванов, Пандил Шишков, свештеникот Трпко Карапалев и андартската чета на Кондурас, а војводите одржале свечени говори. Учителот Киро Јанков влегол во конфликт со андартскиот капетан, задушен од Пандил Шишков.

За време на војната во селото влегла грчка војска и по Втората балканска војна селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. Дебрец имал 1.414 жители. Дел од македонското население се иселило во Бугарија. Сепак, во 1920 г. во селото се попишани 1.396 лица, што значи дека иселувањето не било значајно. Турското население било подложено на репресалии од страна на грчката армија, а дебренецот Стерјо Апов го скрил во стојот дом Али Салипашев, пријател на војводата Алеко Џорлев. Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор од селото е иселено сето турско население, а на негово место е доведен 641 грчки колонист од Мала Азија. Во 1928 г. името на селото го добило грчкиот облик Деври. На пописот од 1928 г. селото имало 1.271 жители, од кои биле 856 грчки дојденци (214 семејства).

Во документ на грчката училишна управа од 1 декември 1941 г. се вели дека во Дебец живееле 110 македонојазични семејстваНарекувајќи ги „бугаројазични“ согласно политиката на негирање на македонштината. и 220 грчки дојденски семејства од Понд и Мала Азија.Наведено во Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония, мит или реалност, Македонски научен институт, София, 1996, стр. 235.

Во 1940 г. селото имало 1.628 лица. И покрај претрпените загуби меѓу Македонците во Втората светска и Граѓанската војна, бројот на жители не покажал значително намалување. Така, во 1951 г. во Дебрец се попишани 1.519 лица. Во 1961 г. селото е преименувано во Анарахи за да добие вистинско грчко име. Во следните десетлетија селото бележи намалување, претежно поради иселување во поголемите градови, претежно во Кајлари.

+ Месности во Дебрец преименувани со службен указ на 31 јули 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Кавраташ Καβραντάσι Фрурион Φρούριονврв на Мурик на ЈЈИ од Дебрец и на ЈЗ од Радуништа Капуш Καπούς Агиос Јоанис Άγιος Ιωάννης Кајлар Оваси Καϊλάρ Όβάσι Синорон Σύνορονмесност на И од Дебрец С’лповско Σουλποβίτικο Склирон Σκληρόνместост на Мурик на Ј од Дебрец и на ЈЗ од С’лпово Армутлук Άρμουτλούκ Артесијана Άρτεσιανάмесност на С од Дебрец Мело Μέλο Теотокос Θεοτόκοςврв на СИ од Дебрец (746,3 м)

Население

Личности мини|150п|Надгробна плоча на на Димитри Димов (1878 - 1948) од Дебрец во Торонто, Канада. Родени во Дебрец Георги Атанасов — револуционер од ВМОРО, четник на Бончо Василев„Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА - Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.33 Георги Дебрели — учесник во Грчката војна за независност Кирил Јанков (1868 – 1930) — револуционер Филип Манолов (1879 – 1969) — општественик Хасан Дебрели — прочуен турски разбојник

Поврзани со Дебрец Андреј Д. Пејков (р. 1939) — американски стопанственик-магнат, основач на претпријатието „Ниајгара ботлинг“, роден во САД од родители од Дебрец Енди Пејков (Андреј Пејков Помладиот) (р. 1974) — американски стопанственик-магнат, директор на „Нијагара ботлинг“ по 2002 г., син на Андреј Д. Пејков

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Еордеја