Ракиштен или Ракиштан (, Катахлоро, катаревуса Κατάχλωρον, Катахлоро, до 1927 година Ρακίστα, Ракиста) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Неврокоп во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци муслимани.
Географија Селото се наоѓа на десниот брег на река Места на Бесленски Рид. Соседни села се Беслен, Годешево, Туховишта, Слаштен, Избишта, Витово, Дебрен и Гуштерак. Ракиштен лежи речиси на самата граница со Пиринска Македонија (Бугарија). Сместено е на важен пат кој во минатото го поврзувал Неврокоп со селата по северните падини на Боздаг.
Историја Во Отоманското Царство Селото за првпат се спомнува во османлиски подробен регистар од 1464-65 г. Заведени се 1 муслиманско и 60 немуслимански домаќинства, како и 17 ергени и 6 вдовици немуслимани. Во подробен регистар од 1478-1479 г. по име се наведени главите на домаќинства во Ракиштен (Ракиштани), дел од Испанеполе, вака: 3 муслимани, 158 немуслимани, 4 ергени немуслимани, 6 вдовици - вкупно 171 домаќинства. Во скратен регистар за ливата Паша од 1519 г. селото Ракиштен (Ракиштане) за запишано вака — муслимани: 19 домаќинства, ергени - 10; немуслимани: 219 домаќинства, ергени - 18, вдовици - 11.Радушев, стр. 61 Во подробен регистар за санџакот Паша од 1524-1537 г. за селото Ракиштен (Ракиштен) се заведени муслимани: 1 ерген; немуслимани: 11, ергени - 1, вдовици - 2.Радушев, стр. 66 Во скратен регистар од 1530 г. селото Ракиштен (Рак’штане) имало муслимани: 23 домаќинства, ергени - 15; немуслимани: 208 домаќинства, ергени - 25; вдовици - 10.Радушев, стр. 127 Во подробен регистар на санџакот Паша за даночно обврзаното население од 1569-70 г. селото се води вака: муслимани - 31 семејство и 18 ергени; немуслимани - 38 семејства, 96 ергени, 8 вдовици и 1 баштина. Во список за Неврокопскиот вилает од 13 март 1660 г. селото Ракиштен (Рак(и)штани) имало 10 немуслимански даночни обврзници. Во подробен регистар за собирањето на данокот авариз од Неврокопската Каза за 1723 г. за селото Ракиштен (Ракиштани) се запишани 20 муслимани, 11 стопански чифтови и 14 даночно обврзани домаќинства.Радушев, стр. 141
Во XIX век Ракиштен било муслиманско село во Неврокопската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во г. Ракиштен (Rakishtène) било село со 85 домаќинства на 220 жители муслимани.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Ракиштен живееле 620 Македонци муслимани,
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Истата година селото имало 1.043 жители. Во истата 1913 г. неколку семејства од Ракиштен пребегале во пиринското село Слаштен преку границата. Во 1920 г. во селото се попишани 698 жители, што значи дека населението доста настрадало во Првата светска војна.
Во 1923 г. жителите се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. Во 1927 г. селото е преименувано во Катахлорон (Κατάχλωρον). До 1928 г. во Ракиштен биле доведени 184 грчки колонисти (58 семејства) од Турција. Во 1928 г. во селото живееле 207 лица. Во 1940 г. населението се зголемило на 301 жител.
Селото повторно е напуштено за време на Граѓанската војна, а по војната неговото обновување не било дозволено поради близината на границата.
Наводи
Категорија:Историски села во Неврокоп (Егејска Македонија)