Нова Маала или Ени Маала (, Пепонија; до 1927 г. Γενή Μαχαλάς, Јени Махалас) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.

Географија Селото се наоѓа во Серското Поле на 12 км јужно од градот Сер и на 3 км јужно од Киспикеси.

Историја Во Отоманското Царство Нова Маала настанала како чифлигарска населба во средината на XIX век во Серската Каза. Подоцна населението си ја откупило земјата од грчката сопственичка на чифликот. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Новата Махала (Novata-mahala) била село во Серската Каза со 8 домаќинства сочинети од 30 жители Македонци. Во 1886 г. во селото имало 120 христијани.

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век Ени Махала имала 70 жители, сите Македонци христијани.

На почетокот на XX век населението на Нова Маала било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. селото (Yeni-Mahala) е претставено еднаш со 480 Македонци патријаршисти, а другпат со 200 Македонци, исто така патријаршисти. Подоцна селото прешло под врховенството на Бугарската егзархија и во него работело бугарско училиште. Во 1910 г. според егзархискиот училиштен инспектор Константин Георгиев, во Нова Маала имало 45 куќи и чифлик на еден Грк. Во селото се градела нова црква бидејќи старата била во лоша состојба, а учител бил Н. Стојанов, кој предавал на 35 деца (23 машки и 13 женски).Галчев, Илия. „Българската просвета в Солунския вилает“, УИ, 2005, София, стр. 144. Во 1908 г. по грчки податоци во селото имало 270 православни жители.Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημοτικό Σχολείο Σκουτάρεως Σερρών

Селаните од Нова Маала се жалеле на европските конзули и властите го осудиле кметот на селото.Одрински глас, брой 18, 11 май 1908, стр. 4.

Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 376 жители.

Во 1918 г. 30 куќи од селото се иселиле во Бугарија. Во 1920 г. во Нова Маала е попишано 361 лице. Во 1923 г. во селото се доведени грчки колонисти, а селскиот атар е проширен со откупување на чифликот од бегот иселен во Турција, со отуѓени имоти на манастирот „Св. Јован Претеча“ и со земја од пресушеното Тахинско Езеро.

На 4 ноември 1927 г. селото е преименувано во Пепонија, во превод диња. Според пописот од 1928 г. Нова Маала е етнички мешано село со вкупно 441 жител, од кои 151 лица (34 семејства) биле грчки дојденци, а останатите македонски мештани.

Во 1939 г. на сретселото е подигната црквата „Св. Димитриј“. Во северниот дел на селото е црквата „Успение на пресв. Богородица“.

Население

Културни и природни знаменитости Црква „Св. Димитриј“ 1939 г.

Наводи

Категорија:Сер