Атито () — село во Општина Касандра во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, ГрцијаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ακμαντζαλή -- Λάκκωμα.

Географија и местоположба

Атито се наоѓа на 88 километри јужно од градот Солун и на 7 километри јужно од центарот на општината Касандра, на источниот дел од полуостровот Халкидик, на надморска височина од 50 метри.

Историја Антички период

Во реонот на Афитос има населба што датира од 3000 година п.н.е. Во 8 век п.н.е. колонисти од Еретрија го основале Афитос, кој во антиката бил важна населба во Касандра. Светилиштето на Дионис и нимфите и Храмот на Зевс Амон играат важна улога во архаичниот и класичниот период. Градот учествувал во персиските војни со своите бродови. Бил принудел од Персијците да им плаќа данок. По повлекувањето на Персијците се присоединил кон Атинскиот поморски сојуз. Градот издавал сопствени пари со ликот на Зевс Амон. Градот исто така имал просперитет и во римско времеΚασσάνδρα Χαλκιδική.

Отоманско Царство

Афитос се поменува во светогорски документи од 14 век како село и во грчки извори од почетокот на XVII век. Селото во текот на XIX век се наоѓало во казата Касандар во составот на Отоманското Царство. Селото како и сите други населби на полуостровот припаѓало на вакуфот Газанфер ага во нахијата Каламарија. Многу жители на селото учествувале во Грчката војна за независност во 1821 година како Тријандафилос Гаруфалу, Јоргос Панајоту, Анастасиос Кирјазис и Гарифалос Антониу. Во војната селото било уништено и било повторно преземено дури по 1827 година. Куќите од варовник се одличен пример за каменоделството на XIX век.

Во 1859 година била изградена црквата „Св.Димитриј“. Набргу потоа, во 1867 година била изградена црквата „Свети Ѓорѓи“ во Лавриотико, во 1885 година црквата „Успение Богородично“, а подоцна „Свети Атанасиј“ и „Свети Николај“ (врз урнатините на ранохристијанса црква).

Грција

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

На пописот од 1913 година биле евидентирани 480 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 689 жители

Демографија

Во 1928 година селото броело 636 жители, додека во 1940 година селото броело 805 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 944 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 870 жители, во 1971 година имало 724 жители, во 1981 година имало 740 жители, додека во 1991 година имало 838 жители. Денеска, населението на селото е 1273 жители според пописот од 2011 година.

Култура

Селото е одличен пример за традиционална архитектура. На селскиот плоштад со неправилен облик се наоѓа црквата „Св. Димитрија“, која претставува трикорабна куполна базилика (единствената на Халкидик), во која иконостасот и прозорците се украсени со камени релјефиwww.kassandra-halkidiki.gr.. На плоштадот се наоѓа и голема традиционална куќа, во која се сместени управата и етнографскиот музеј, кој бил основан во 1980 година.

Наводи

Надворешни врски Халкидик на GTP Travel

Категорија:Касандра (општина)