Дурасанли (, Месијано, до 1927 Δουρασανλή, Дурасанли)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Μεσιανό — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 10 километри југозападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 146 метри.
Историја
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Дурасанли имало 170 жители муслимани и 30 РомиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 168..
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители. Во 1926 година, селото било преименувано во Парохтио.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 193 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 380 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 266 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 284 жители, во 1971 година имало 203 жители, во 1981 година имало 225 жители, додека во 1991 година имало 194 жители. Денеска, населението на селото е 195 жители според пописот од 2001 година.
Наводи
Категорија:Кукуш