Мијалово или Михалово (, Михалици, до 1927 Μιχάλοβο, Михалово)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Μιχαλίτσι — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 16 километри северозападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 100 метри.
Историја
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Мијалово се состоело од 46 семејства со 205 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 160-161. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Мијалово имало 150 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165..
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 136 Македонци и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99..
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Македонија или Бугарија.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото било евидентирано како напуштена населба, додека на пописот од 1920 година селото не се споменува.
По 1924 година, земјиштето во селото било откупено од страна на грчки великопоседници.
Демографија
Во 1940 година во селото биле евидентирани 25 жители. Поради Втората светска војна и Грчката граѓанска војна, во следните пописи селото не се споменува. Во 1981 година селото имало 29 жители, додека во 1991 година имало 32 жители. Денеска, населението на селото е 37 жители според пописот од 2001 година.
Личности Родени во Мијалово Гоне Мицов (1888 или 1891 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 465.
Наводи
Категорија:Кукуш