Сари Дуанли (, Петрадес, до 1927 Σαρή Δογανλή, Сари Доганли)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Πετράδες — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 17 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 467 метри.

Историја

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сари Дуанли се состоело од 25 семејства и 80 жители муслиманиМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 164-165. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Сари Дуанли имало 90 жители муслиманиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 166..

Во текот на Балканските војни, селото било опожарено од страна на грчките војски.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 59 жители, додека во 1920 година 49 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители. Во 1926 година, селото било преименувано во Килади.

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 94 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 188 жители. Селото во пописот од 1951 година поради Грчката граѓанска војна било напуштено, на пописот од 1961 година, во селото живееле 99 жители, во 1971 година имало 15 жители, во 1981 година имало 19 жители, додека во 1991 година имало 148 жител. Денеска, населението на селото е 12 жители според пописот од 2001 година.

Наводи

Категорија:Кукуш