Мирославци или Мирославица (, Мировлитис; до 1928 г. Μυροσλάβιτσα, Мирославица;) — поранешно село во Нестрамско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам во областа Западна Македонија, Грција.
Географија Мирославци се наоѓало крај изворите на реката Коничка Река (Сарандапорос) меѓу планините Горуша од исток и Аренес од запад. Иако административно е во Македонија, Мирославци географски му припаѓа на Епир.
Историја Во Отоманското Царство Селото првично било македонско, но населението го напуштило немирното време на крајот од XVIII век, а на негово место се доселиле Албанци муслимани. На крајот од XIX век Мирославци било големо село во Костурската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Мирославци (Мирославъ) имало 230 жители Арнати муслимани. За време на Илинденското востание на 7 септември 1903 г. во Мирославци влегла големата чета на Васил Чакаларов и го запалила.
Грчката статистика од 1905 г. го води Мирославица како село со 150 жители „Турци“.Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Mirovlitis . Во тоа време Грците ги воделе албанските муслимани како „Турци“, без оглед на тоа дали самите се изјаснувале така.
Во Грција За време на Балканските војни селото било окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 45 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 87 лица. Во 1928 г. селото е преименувано во Мировлитис, кога имало 92 жители.
Мирославци се распаднало за време на Граѓанска војна (1946-1949) и малкуте преостанати семејства се иселиле во Албанија.
Население
Наводи
Категорија:Историски села во Нестрам