Тексас (англиски: Texas) е сојузна држава во јужниот дел од САД. Главен град е Остин, а други поголеми се Хјустон, Далас, Сан Антонио, Форт Ворт и други.
Тексас е втората најголема држава во Соединетите Американски Држави и според површина и според население. Името, што значи “пријатели” или “сојузници” на Индијански јазик, го наметнале Шпанците кои погрешно го користеле за именување на самите Индијанци и нивната населба во Источен Тексас.Texas, origin of name Handbook of Texas Online Тексас се наоѓа во средината на јужниот дел на САД и граничи со Мексико на југ, со Ново Мексико на запад, со Оклахома на север, со Арканзас на североисток и Луизијана на исток. Површината на Тексас изнесува 268.820 квадратни милји (696.200 км2)и население во пораст од 25,1 милиони жители.
Хјустон е најголемиот град во Тексас и четврти по големина во САД, додека Сан Антонио е втор по големина во државата, а седми во САД. Далас-Форт Ворт и Големиот Хјустон го заземаат четвртото и шестото место меѓу најголемите метрополски области во САД. Други поголеми градови во Тексас се Ел Пасо и Остин, кој воедно е и главен град на државата. Тексас го нарекуваат Lone Star Statе (државата на осамената ѕвезда) што ја означува оваа држава како независна Република и како потсетник на Битката за независност од Мексико. Осамената ѕвезда може да се види и на државното знаме на Тексас, а денес и на државниот печат.
Поради својата големина и геолошките обележја како што е зоната Балконес Фолт, Тексас содржи различни пејзажи кои личат на оние во јужна и југозападна Америка.Sansom, Andrew: Water in Texas: An Introduction, University of Texas Press, 2008, pg. 25 Иако Тексас се поврзува со југозападните пустини, помалку од 10% од површината во Тексас се пустини.Dingus, Anne: The dictionary of Texas misinformation, Gulf Publishing Company, 1987 Поголем дел од населените места се наоѓаат во областите на некогашните степи, пасишта, шуми и на крајбрежјата. Движејќи се од исток кон запад, може да се набљудува теренот на кој може да се видат, почнувајќи од крајбрежни мочуришта и борови шуми, па сè до тркалезни рамнини и каменливи ридови, за на крај да се забележи пустината и планините на Биг Бенд.
Терминот „шест знамиња над Тексас“ настанал поради неколкуте нации кои владееле со оваа територија. Прва Европска земја што ја поседувала областа на Тексас била Шпанија. Франција имала краткотрајна колонија во Тексас. Мексико владеел со оваа територија сè до 1836год., кога Тексас се изборил за независност и не станал независна Република. Тексас во 1845год. се приклучил кон САД како 28ма држава. Ова присоединување предизвикало синџир на настани кои довеле до почеток на војна помеѓу Мексико и Америка во 1846 год. Тексас, држава во која било дозволено чувањето на робови, се отцепил од САД во раната 1861 г. со пристапувањето кон Конфедеративните држави на Америка за време на Американската граѓанска војна. По завршувањето на војната и по повторното приклучување кон Унијата, во Тексас следел долг период на економска стагнација.
Единствена индустрија што напредувала во Тексас по граѓанската војна било чувањето на добиток. Поради долгата историја како главна индустрија, Тексас се поврзувал со каубојската слика. Економската среќа на државата се сменила во раниот 20 век кога била пронајдена нафтата и настапил економски „бум” во државата. Со големото инвестирање на Тексас во државните универзитети, Тексас развил разновидна економска и високо технолошка индустрија во средината на 20 век. Во 2010год., заедно со Калифорнија, Тексас се нашол на 57мо место на списокот на 500те најбогати земји.CNN.com , Retrieved November 2010. Со значаен пораст во индустријата, Тексас водел во многу индустрии, како што се: земјоделство, петрохемиска индустрија, енергетика, компјутерска и електронска индустрија, воздушна индустрија и биомедицинските науки. До 2002 год. државата се нашла на второ место помеѓу државите со највисок бруто-домашен производ според приходите од извоз. Тексас се нашол на 29 место според бруто-домашниот производ по глава на жител, што е под просекот на државно ниво.
__TOC__
Историја
Предевропска ера Тексас се наоѓа помеѓу двете најголеми културни сфери на предколумбовска Северна Америка: југозападна и преријска област. Археолозите откриле дека три главни домородни култури живееле на оваа територија и го достигнале својот развоен врв уште пред првиот контакт со Европејците. Тие се:Richardson (2005), p септември
Пуебло што се наоѓа во горниот дел на регионот на Рио Гранде, кој пак се наоѓа западно од Тексас; Мисисипската култура, позната по градењето на могили, што се ширела долж течението на реката Мисисипи источно од Тексас; и Мезоамериканската цивилизација што се наоѓа јужно од Тексас. Влијаниенто на Теотихуаканците во северниот дел на Мексико го достигнало својот врв во 500год. н.е., а се намалило во периодот од 8 до 10 век.
Во тој период не доминирала ниедна култура во регионот на Тексас и многу луѓе се населиле на оваа просторија. Северноамерикански Индијански племиња што живееле во границите на денешен Тексас се: Алабама, Апачи, Атакапан, Бидаи, Кадо-Индијанци, Коавилтеки, Команчи, Чокто, Коасати, Хасинај, Хумано, Каранкава, Кичкапо, Кајова, Тонкава и Вичита.Richardson (2005), pp 10–16 Името Тексас доаѓа од зборот táyshaʔ , со потекло од јазикот на индијанското племе Хасинај, со значење „пријатели” или „сојузници”.Richardson, p 1Wallace Chafe, p.c. Домородните племиња биле или пријателски или непријателски расположени кон европските истражувачи или доселеници во земјата.Richardson, p 10 Пријателските племиња ги подучувале како да одгледуваат домородни земјоделски култури, како да подготвуваат храна и да ловат дивеч. За разлика од нив, непријателските племиња се потрудиле да им го направат животот потежок и поопасен на Европејците, напаѓајќи ги и отпирајќи се на новодојдените.Rupert N. Richardson, Adrian Anderson, Cary D. Wintz & Ernest Wallace, Texas: the Lone Star State, 9th edition, New Jersey: Prentice Hall, 0131835505, pp.10–16
Колонизација мини|250п|лево|Петте нации кои го колонизирале Тексас Прв историски документ поврзан со Тексас е мапата од Мексиканскиот Залив нацртана во 1519год. од шпанскиот истражувач Алонсо Алварез де Пинеда.Chipman (1992), p. 243.Weber (1992), p. 34. Девет години подоцна шпанскиот истражувач Алвар Нињез Кабеза де Вака и неговата група, по доживеаниот бродолом, биле првите Европејци што го населиле Тексас. Европските сили го игнорирале Тексас сè додека случајно не се населиле таму во 1685год. Погрешната проценка на Рене Роберт Кавелиер де ла Сале се одразила со создавање на колонијата Форт Сан Луис во Матагорда Беј наместо на Мисисипи.Weber (1992), p. 149. Оваа колонија постоела 4 години, по што потклекнала пред лошите услови и непријателските домородци.Chipman (1992), p. 83.
Во 1690 г. шпанските власти, се загрижиле дека Франција може да биде конкурентна закана за нив, па започнале неколку мисии во Источен Тексас.Chipman (1992), p. 89. По отпорот на Индијанците, шпанските мисионери се вратиле во Мексико.Weber (1992), p. 155. Кога Французите започнале да ја населуваат Луизијана, најмногу во нејзините јужни делови, шпанските власти започнале со низа на нови мисии во Источен Тексас.Chipman (1992), pp. 111–112.Weber (1992), p. 160. По две години, тие ја создале првата шпанска цивилна населба во Тексас, наречена Сан Антонио.Weber (1992), p. 163.
Непријателските домородни племиња и оддалеченоста од околните шпански колонии се причините што ги обесхрабриле доселениците да се доселуваат во Тексас. Тоа била една од најмалку населените провинции на Нова Шпанија.Chipman (1992), p. 205. Во 1749год., Мировниот договор помеѓу Шпанија и племето Липан Апачи,Weber (1992), p. 193. разлутил многу други племиња, меѓу кои и племињата Команчи, Тонкава и Хасинај.Weber (1992), p. 189. Племето Команчи потпишало договор со Шпанија во 1785год.Weddle (1995), p. 163. и подоцна и помогнале да ги победи племињата Липан Апачи и Каранкава.Weddle (1995), p. 164.Chipman (1992), p. 200. Бидејќи биле основани повеќе мисии, свештениците мирно ги преобраќале повеќето племиња. До крајот на 18 век, во христијани не се преобратиле само неколку номадски племиња.Chipman (1992), p. 202.
Кога САД од Франција ја откупил Луизиана во 1803год., американските власти настојувале во овој договор да биде вклучен и Тексас. На реката Сабина конечно била поставена границата помеѓу Нова Шпанија и САД во 1819 година.Weber (1992), pp. 291–299. Желни за нова земја, многу доселеници од САД одбиле да го признаат договорот. Неколку опструктори покренале армија за напад врз Тексас.Davis (2006), p. 46. Во 1821год., во Mексиканската борба за независност била вклучена и територијата на Тексас, која станала дел од Мексико.Weber (1992), p. 300. Поради ниското ниво на населеност, Мексико оваа област ја вклучил во државата Коауила и Тексас.Manchaca (2001), p. 162. мини|250п|десно|Тексас во 1718 Надевајќи се дека поголемиот број на доселеници би ги намалиле речиси постојаните рации на Команчи, мексиканските Тексашанци ја либерализирале нивната имиграциска политика за да им овозможат влез на имигрантите кои се наоѓале надвор од Мексико и Шпанија.Manchaca (2001), p. 164. Според мексиканскиот имиграциски систем, доделувани им се големи парцели на земја на работодавците кои регрутирале доселеници од САД, Европа и внатрешноста на Мексико. Првиот грант на Мојсеј Остин по неговата смрт му бил доделен на неговиот син Стефан Ф. Остин.
Доселениците на Остин, тн. старите триста, се населиле по реката Бразос во 1822 год.Manchaca (2001), p. 198. Дваесет и тројца други работодавци исто така довеле доселеници во државата, поголем број од кои биле од САД.Manchaca (2001), p. 199. Бројот на населението во Тексас брзо се зголемил. До 1825год., Тексас броел околу 3.500 жители, од кои најголем број потекнувале од Мексико.Edmondson (2000), p. 75. До 1834год., Тексас броел 37.800 жители, од кои само 7.800 жители потекнувале од Мексико.Manchaca (2001), pp. 172, 201. Многу имигранти отворено не го почитувале мексиканскиот закон, особено законот за забрана на ропството. Исплашени од обидите на САД да го купат Тексас, во 1830год. властите на Мексико одлучиле да ја забранат понатамошната имиграција на жители од САД.Edmondson (2000), p. 78. Со новите закони, исто така започнале да се спроведуваат и царински давачки, кои ги налутиле не само домородните мексикански жители (Tejanos), туку и најновите доселеници.Davis (2006), p. 77.
Немирите во Анахуак во 1832год. го означиле првиот отворен бунт против владеењето на Мексико и се поклопиле со бунтот во Мексико против претседателот на државата.Davis (2006), p. 85. Тексашанците застанале на страна на федералистите кои биле против сегашната влада и ги избркале сите мексикански војници од Источен Тексас.Davis (2006), pp. 86–9. Тие го искористиле невниманието за да бараат поголема политичка слобода. Тексашанците се состанале на Конвенцијата од 1832 год. за да го разгледаат, меѓу другите барања и барањето за независност.Davis (2006), p. 92. Следната година, Тексашанците ги потврдиле своите барања на Конвенцијата од 1833год.
Република мини|200п|лево|Предавањето на мексиканскиот генерал Санта Ана во Битката кај Сан Хасинто мини|250п|десно|Границите на Република Тексас од 1836–1845 мини|250п|десно|Предлози од 1850 година за северозападната граница на Тексас