Крум Тошев (Прилеп, – Скопје ) — македонски славист, македонист и универзитетски професор.

Животопис Крум Тошев завршил гимназија во Битола, а потоа дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград (1937). Работел како професор во Даниловград, Струмица и Слатина. Бил член на Комисијата за кодификација на македонскиот литературен јазик и на првиот редакциски совет на новооснованото Државно книгоиздателство на Македонија. Како професор, го одржал првиот студентски час на новооснованиот Филозофски факултет во Скопје. Бил раководител на Одделот за народна книжевност при Институтот за фолклор и прв директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Бил уредник на списанието „Македонски јазик“ и „Литературен збор“. Соавтор е на првиот „Македонски правопис со правописен речник“. Освен тоа, автор е на повеќе учебници и читанки по македонски јазик и книжевност за основно и средно образование, како и поголем број научни и стручни трудови за основните одлики нав фонолошкиот и граматичкиот систем на македонскиот литературен јазик.

Наводи

Поврзано Список на македонисти

Категорија:Македонски македонисти Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски слависти Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски јазичари Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски слависти Категорија:Југословенски јазичари