Архајски период или архаика е именување кое се користи за периодот од грчката историја од 750. година пне. до 480. година пне. Терминот почнале да го користат историчарите во 18. век како би го опишале преминот од т.н. мрачно доба на Грција до класичниот антички период. Во архаичниот период, Грците се населиле преку Средоземното Море и Црното Море: до крајот на периодот, тие биле дел од трговска мрежа што се протегала низ целиот Медитеран.
Архаичниот период започнал со масовно зголемување на грчкото население и со значајни промени што го направиле грчкиот свет на крајот на 8 век целосно непрепознатлив од самиот почеток. Според Ентони Снодграс, архаичниот период бил ограничен од две револуции во грчкиот свет. Започнал со „структурна револуција“ што „ја нацртала политичката карта на грчкиот свет“ и ги воспоставила полиите, карактеристичните грчки градови-држави, а завршил со интелектуалната револуција на класичниот период.
Архаичниот период бележи развој на грчката политика, економија, меѓународни односи, војување и култура. Тој ги поставил темелите за класичниот период, и политички и културно. Во архаичниот период се развила грчката азбука, била составена најраната зачувана грчка литература, монументалната скулптура и грнчарија започнаале во Грција, а хоплитот станал јадро на грчките армии.
Во Атина, најраните институции на демократијата биле спроведени под Солон, а реформите на Клеистен на крајот од архаичниот период ја донеле атинската демократија каква што била за време на класичниот период. Во Спарта, многу од институциите што се припишуваат на реформите на Ликург биле воведени за време на архаичниот период, регионот Месенија бил ставен под спартанска контрола, бил воведен хелотажот и била основана Пелопонеската лига и Спарта станала доминантна сила во Грција.
Уметност thumb|right|Архајски курос thumb|left|Орнаментален стил thumb|left|Црно-фигурален стил thumb|right|Реконструкција на боја кај статуа на кора од Архајскиот период на Грција
Овој период го добил именувањето по она според кое во Историја на уметност, се сметало за архаично и старомодно во склуптурата и уметностите/занаетите, како спротивност од следниот т.н Класичен период.
Поврзано
Античка историја Класична антика
Наводи
Надворешни врски
Фондацијата на Хеленскиот свет