thumb|210px|Режење на чашката на афионот Опиумот е супстанција што се добива со засекување (режење) на зелените чашки на посебен вид афион - опиумски афион (Papaver somniferum) од кои истекува млечен сок. Таквиот сок потоа се суши на воздух додека не се добие кафеава смеса.

Особености thumb|210px|Сиров опиум Ваквата смеса содржи преку 20 алкалоиди, од кои некои се присутни како слободни, а другите се врзани за сулфурна или меконска киселина. Најголема практична примена имаат четири алкалоиди на опиумот: морфин кодеин папаверин наркотин (носкапин)

Квалитетот на опиумот се одредува според количината на морфинот, и зависи од поднебјето каде се одгледува афионот. Се проценува дека една од најквалитетните сорти афион расте во Македонија и тој содржи меѓу 17 и 22% морфин.

Историјат Првите пишани податоци за употребата на опиумот потекнуваат уште од најстарата човекова историја, односно од III век п.н.е.

Употреба Алкалоидите на опиумот се користат во медицината како аналгетици (морфинот сè уште е најефикасниот аналгетик, иако не е најсоодветен поради својствoтo на зависност) за сузбивање на сувото, непродуктивно кашлање (кодеин).

Морфинот е 10 пати посилен од опиумот и тој го отстранува болките и не предизвикува непријатни чувства. Поради ова многу бргу бил прифатен од медицината. Но, сепак тој имал некои несакани ефекти, односно кај луѓето создава зависност (наркоманија). Затоа, сè уште се бара најдобрата верзија на морфин. thumb|240px|Најголеми производствени региони на опиум во светот Хероинот е полусинтетски производ на опиумот, создаден во 1897 година од германската фармацевтска компанија Баер, како смирувачко средство. Тој е околу трипати посилен од морфинот и брзо станал важен лек во медицината. Во Првата светска војна морфинот помагал во олеснувањето на болките за илјадници ранети во борбите. Сепак, многу брзо луѓето сфатиле колку е штетен за здравјето и каква тешка зависност би можел да предизвика.

Производство Во последните неколку години најголеми производители на опиум во светот се Авганистан, Мјанмар и Лаос, а неговата намена не е за медицински потреби, туку истиот се продава илегално како на нарко-пазарите во светот. Во 2007 година, Авганистан произвел 8.200 тони опиум и тој го снабдува глобалниот пазар на опијати со 93% од вкупното производство во светот.Рекордна реколта на опиум

Опиумот како тема во уметноста и во популарната култура „Исповедите на еден англиски уживател на опиум“ - роман на англискиот писател Томас де Квинси.Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 18.

Наводи

Категорија:Психоактивни супстанции Категорија:Алкалоиди Категорија:Аналгетици Категорија:Лековити растенија