Атанас Великов Атанасов-Божанин (Тачо), (Петрич 1921 - Петрич, 1975) беше македонски борец, учесник во партизанското антифашистичко движење во Пиринска, во Егејска и во Вардарска Македонија. Бил партизан од јануари 1944 година во ЕЛАС, потоа во Петричкиот партизански одред „Антон Попов“, а накрај заменик командант на бригада во НОВ. Со наредба на ГШ на НОВ и ПОМ од 17 септември 1944 година во близина на селото Митрашинци - Беровско, на планината Плачковица е формирана 50та Македонско Народно Ослободителна Дивизија на НОВЈ во чиј состав влегле 4та, 13та и 14та МНОУБ. На истиот ден е формирана и 14та Македонска народноослободителна ударна бригада „Димитар Влахов“, а во неа на позиција заменик командант од 23 април 1945 до крајот на војната, бил токму Атанас Атанасов.
Учествувал на сите три заседанија на АСНОМ. На Второто заседание ги пренел желбите на македонскиот народ од Пиринскиот дел на Македонија за обединување во една македонска национална држава. 1949 година е уапсен од „Државна безбедност“ во Петрич по што поради своите македонски национални определби, е обвинет дека бил агент на УДБА и агитирал за присоединувањето на Пиринска Македонија кон СР Македонија, односно кон тогашната федерација на СФРЈ.Списък на арестувани агенти на УДБ от Пиринския край след реализацията на разработка „Изменник“ на ДС с кратка справка за извършваната от тях агентурна дейност и получените за нея възнаграждения, Горна Джумая, 14 януари 1949г, - ЦДА, ф.1б, оп.7, а.е.1560, л.5-10 Тој бил затворен и осуден од бугарските власти за време на Резолуцијата на Информбирото.
Наводи
Литература Политичкиот, националниот и социјалниот состав на народните претставници на Првото заседание на АСНОМ, „Гласник на ИНИ“, VIII/1, Скопје, 1964 АСНОМ. Документи од Првото и Второто заседание на АСНОМ, I, 2, Архив на Македонија, Скопје, 1984
Категорија:Македонски комунисти Категорија:Бугарски комунисти Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски борци Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Делегати на Првото заседание на АСНОМ Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ