Роса Петкова Пауновска (, - , ) — македонски изведувач на народни песниЕден редок песнопоец, „Народно стваралаштво“, св. 41–43, Београд, 1972, 243–248.

Животопис Пауновска е родена во кумановското село Кокино во 1875 година. Таа била ќерка на познатиот кокински војвода Петко, доселен од соседното село Малотино. Не одела на училиште. Во својот живот никогаш не отпатувала подалеку од Куманово, каде што обично одела во пазарните деновиОд народната ризница, „Беседа“, I, 2, Куманово, ноември 1972, 225–227. Во нејзиниот репертоар се наоѓаат околу 250 народни песни од нејзиниот крајНародни песни од репертоарот на Роса Пауновска. „Беседа“, XI, 31–32, Куманово, ноември 1984, 61–67.. Магнетофонски записи од нејзиното пеење се депонирани во Архивата на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје, снимени од Симо Младеновски во 1969 година.

Наводи

Категорија:Починати во Кокино Категорија:Луѓе со потекло од Малотино Категорија:Македонски пејачи Категорија:Југословенски пејачи