Западно Римско Царство — назив за западната половина на Римското Царство по административната поделба што била воведена од страна на царот Диоклецијан во 286 година. Во потесна, но и во поширока смисла, овој термин се однесува на западната половина на царството во периодот помеѓу смртта на царот Теодосиј I (395 г.) и соборувањето на последниот западноримски цар Ромул Августул (476 г.) што било изведено од страна на водачот на варварските наемници во Италија, Одоакар.
Во теоријата, Римското Царство и по 286 г., односно 395 г. било едно, единствено и неделливо. Во пракса, по 286 г. со царството раководеле неколку владетели, обично еден на Исток, друг на ЗападЕВРОПА И БАЛКАНОТ: ИСТОРИСКО НАСЛЕДСТВО И КОНСТРУКЦИЈА НА КОЛЕКТИВНИТЕ ИДЕНТИТЕТИ, Страшко СТОЈАНОВСКИ. Теоретски гледано, последниот владетел на обединетото царство бил Теодосиј Велики, кој пред смртта во 395 г. го поделил помеѓу своите два сина – на постариот Аркадиј му го оставил Истокот, а на помладиот Хонориј, Западот. После тоа, западните цареви најпрвин владееле од Милано, а по 402 г. и од Равена. По 407 г. почнало забрзаното слабеење на Западното Римско Царство како резултат на нападите на варварите (Готи, Вандали, Франки и др.) кои почнале да се населуваат во рамките на границите на империјата. По 455 г. Западноримскиот цар делотворно владеел само со Италија, а на 4 септември 476 г. Ромул Августул бил соборен. Последниот кој имал титула на цар бил Јулиј Непот, кој починал во Далмација во 480 г. По 476 г., односно 480 г., варварските владетели на Италија, како на пример Одоакар и Теодорих, се сметани за гувернери на римскиот цар (од Цариград).
Источноримскиот (византиски) цар Јустинијан I се обидел во 6. век да ја обнови римската власт на Запад и неговите војсководачи ја зазеле Италија, Африка и средоземниот брег на Хиспанија. И покрај напорите кои ги вложил Јустинијан, со огед на ситуацијата во која се нашла Имеријата по неговата смрт сите освоени територии не останале под Визнатиска власт уште долго. Византија на југот на Италија е присутна до 1071 година, но политичкото и духовно влијание кое Цариград го има на Западот во голема мерка се намалува најпрво со формирањето на Светото Римско Царство, а потоа и со Големиот раскол.
Римско освојување на Западот Римскиот Исток и Запад Во текот на II век п.н.е. Републиката станала доминантна сила на Средоземјето, која постепено се ширела во поглед на државните територии и политичкото влијание, и кон хеленистичкиот Исток и кон “варварскиот“ Запад. На Истокот, каде што грчкиот јазик веќе бил јазик на политичката и културната елита, Римјаните вовеле нов систем на државна организација. И покрај тоа, културите и традициите на древните народи од Истокот, како што биле Египќаните, Еврeите, Сиријците и Грците, нивниот начин на живот изграден околу градските населби, просперитетот на трговијата и занаетчиството и другите богатства, опстанале, само што сега биле вклопени во римските државни рамки. По уништувањето на Картагина во 146 г. п.н.е. на западното Средоземје веќе немало поголеми и поорганизирани држави кои можеле да бидат на исто рамниште со Римската. Иако тоа не била првобитната намера, римските освојувања на Хиспанија, Галија и Британија, како и на африканските провинции, со текот на времето им ја донеле средоземната цивилизација и нејзините навики, како градскиот начин на живеење, градителските и техничките достигнувања и културата на пишуваниот збор. Иако и на запад постоеле грчки и феникиски колонии, културата на западниот дел на Римското Царство останала латинска. Исто така, Римјаните со текот на времето во својот систем ја инкорпорирале политичката елита на Западот, така што, за разлика од хеленистичкиот Исток, на Западот можеле да се најдат аристократски земјопоседнички фамилии. мини|десно|Адријановиот ѕид претставувал постојана бариера кон варварите во Каледонија (Шкотска). Ѕидот што го подигнал наследникот на Адријан, Антонин Пиј помеѓу 142 и 144 г. бил напуштен веќе во 164 г. Разликите помеѓу Истокот и Западот многу ретко се истакнувале, понекогаш и поради политичка пропаганда, на пример, за време на граѓанската војна помеѓу Октавијан и Марко АнтонијWar between Antony and Octavian UNRV History. Кога Октавијан пропаднатата република ја претворил во монархија, т.е. во Римско Царство 30 г. п.н.е., почнало конечното обликување на Западот. За време на долгото владеење на првиот римски цар Октавијан Август (30 г. п.н.е. - 14 г. н.е.) римските легии го завршиле освојувањето на Пиринејскиот Полуостров, и конечно Галските територии биле организирани како провинции. Римскиот обид да се прошират границите на исток сè до реката Лаба не успеал поради постојаниот отпор на германските племиња, така што Октавијан Август на крајот одлучил Империјата на запад се потпре на природната граница на реката Рајна. Сепак, наследниците на август не се придржувале на неговиот завет, така што Клавдиј во 43 г. почнал со освојувањето на Британија, а во 44 г. го приспоил дотогашното Царство Мавританија. Иако во втората половина на I век, Римјаните редовно упаѓале на територијата на денешна Шкотска, постојаната граница била утврдена со Адријановиот ѕид помеѓу вливот на реката Тајн на исток и заливот Солвеј на запад. Римското освојување на Западот го завршил Веспазијан (69-79 г.), кој го зазел Агри Декуматес (Agri Decumates), просторот помеѓу Мајна и извориштето на Дунавancient region, Germany, Encyclopædia Britannica (анг.).
Граѓански војни и востанија во I и II век
Во принцип, Римската власт, и на Исток и на Запад, во текот на I и II век се соочувала со два големи предизвика: востанијата на потчинетите племиња и градови и политичките кризи кои се појавиле како резултат на бунтовите на легиите. Бунтовите на легионерите биле далеку од сериозни, бидејќи војската важела за еден од најсилните политички фактори во царството. Ако некој амбициозен провинциски намесник или воен командант ја придобиел поддршка на војската, тоа речиси редовно водело до узурпација на империјалната власт и до граѓанска војна.
Во текот на I век имало неколку бунтови на келтското и германското население. Во Британија, во 60 г., востание против римските власти покренала кралицата на племето Ицени, Боудика, но Римјаните лесно победиле следната година. Друго важно востание е Батавското (во Долна Германија, односно денешна Холандија), под раководство на романизираниот аристократ Гај Јулиј Цивилис, кој се обидел да извлече корист од неприликите во Рим текот на Годините на четворицата цареви. Цивилис, наводно, се кренал на бунт за да го поддржи претендентот Веспазијан, но на крајот бил поразен и убиен во 70 г., кога станало јасно дека тој сака да отцепи дел од царската територија. thumb|left|350px|Римското Царство во 117 г. во времето на владеењето на Трајан. Освојувањата на Трајан во Месопотамија ги напуштил неговиот наследник Адријан, додека Дакија (денешна Романија) ја евакуирал царот Аурелијан во 270 година. Настаните од 69 г. покажале дека римските легии, распоредени на границите на империјата, веќе се поделени во четири регионални групи (Британија, Рајна, Дунав, Еуфрат), во кои генералите, па и обичните војници, се обидувале да се наметнат како арбитри во политичките превирања. Легиите од Рајна првпат се побуниле во 14 г., по смртта на Октавијан Август и се обиделе да го присилат Германик, внук на новиот цар Тибериј, да се нафати на царската власт. Сериозни услови за тоа имало во 68 г. кога намесникот на Лионската Галија Гај Јулиј Виндекс, уште еден романизиран аристократ, овој пат со галско потекло, се побунил против фискалната политика на Нерон. Пред да биде поразен, Виндекс го повикал Галб, гувернерот на Тараконска Хиспанија, да го преземе престолот. Бидејќи Галб имал на располагање само една легија, многу побројните легионери во германските покраини го извикувале името на царот Вителиј, кој конечно бил поразен во битката со веќе споменатиот Веспазијан, фаворитот на источните легии..
Слична поделба меѓу легиите се одиграла и во 193 г., по атентатот врз царот Пертинакс. Овојпат три на британски легии, на кои им се приклучила и една хиспанска, во цар го произвеле Клавдиј Албин. Тој, сè до 196 г.. владеел заедно со Септимиј Север, кој на крајот и го отстранил во почетокот на 197 г. Цената на граѓанската војна било уништувањето на Лугдунум (денешен Лион) од страна на осветољубивиот Септимиј Север. Дотогаш најголемиот град во римската Галија, Лугдунум, никогаш повеќе не бил обновен.
Криза и обновување Кризата во III век на Западот
До почетокот на III век романизацијата била успешно завршена, така што и политичката и воената елита почнале да играат поважна улога во животот на Царството. Убиството на младиот цар Александар Север се случило токму на Рајна во 235 г. и го означило почетокот на полувековната воена анархија. Сепак, за разлика од првите векови на Царството, посветеноста на римската војска кон внатрешната напнатост им ја отворила вратата варварските племиња, кои од крајот на II век биле во постојано движење во долниот Дунав и Рајна. Варварските напади биле насочени првенствено кон грабежи, и иако тие не биле премногу деструктивен, биле несистематски и чести, што на римските власти им ја отежнувала организацијата на одбраната. Покрај тоа, на Исток, наместо на Парќанската држава, во 224 г. дошло до воспоставување на Персиското царство на династијата Сасаниди, кое се покажало како мошне опасен и агресивен непријател на Рим. Во текот на III век Сасанидите предводеле упади на римски територии, чија кулминација биле случувањата од 259 г. кога римскиот цар Валеријан бил фатен и однесен во заробеништво во Персија, каде што подоцна починал. Заканата од правец на Персија барала постојано внимание на римските владетели и ангажман на речиси една четвртина од воените ресурси на империјата. thumb|250px|Монети на галоримскиот цар Постум кој, во склад со модата од III век, носи радијална круна. На реверсот е прикажана божицата на победата Викторија, заради величење на успесите на Постум. За полесно да го брани загрозеното царство, Валеријан се посветил на одбраната на Истокот, а европските провинции ги препуштил на неговиот син Галиен. Галиен првенствено се посветил на заштитата на регионот околу Дунав и Италија, и токму за време на неговите походи во Панонија во Галија дошло до државен удар. Локалниот намњесник на германските покраини, Постум, во 260 г. се прогласил за цар и неговата власт ја прифатиле Галија, Британија и Хиспанија. Постум се обидел да се наметне како колега на Галиен, но не успеал. По пропаста на походот против узурпаторот, во 263 г. Галиен го оставил Постум непречено да владее со крајниот запад на Римското Царство. Во историографијата, државата на Постум, која имала свој паралелен сенат, магистрати, одреди на гарда и сл. Обично се нарекува Галоримско или едноставно Галско царство. Сепак, Постум себеси се сметал за римски цар, а не за основач на некој нов државен или политички ентитет. Всушност, неговиот случај илустрира дека локаланата аристрократија и населението, доколку не би добиле навремена и соодветна помош од централните власти, лесно можат да се свртат кон локалниот узурпатор и во него да најдат достоен владетел и заштитник.