Девет () е американски драма мјузикл – филм од 2009 год. Филмот е режиран и продуциран од веќе докажаниот мајстор за спој на музика и филм Роб Маршал, кој веќе доби доста признанија а и Оскар за најдобар филм за својот претходен мјузикл Чикаго. Сценариото е од Мајкл Толкин и Ентони Мингелаhttp://www.imdb.com/title/tt0875034/fullcredits#writers и е заснован на книгата на Артур Копит според која беше направен и мјузикл на Бродвеј во 1982, а со тоа доби и Tony награда за најдобар мјузикл на годината. Но генерално, овој филм е римејк на италијанскиот филм 8½, кој беше режиран од Федерико Фелини.

Филмот својата американска премиера ја имаше на 18 декември 2009, во Њујорк и Лос Анџелес, додека пак својата светска премиера ќе ја има на 25 декември 2009.

Во главните улоги се појавуваат глумците наградени со Оскар, Даниел Деј-Луис, Џуди Денч, Никол Кидман, Марион Котијар, Пенелопе Круз, Софија Лорен, глумицата номинарана за Оскар, Кејт Хадсон и добитничката на Греми Награди, Ферџи.

Кратка содржина Поминувајќи ги и педесеттите години од својот живот, филмскиот режисер Гидо Контини (Даниел Деј-Луис) е зафатен од средноживотната криза по што ја губи својата креативност и го носи кон различни комплицирани романтични врски. Обидувајќи се да го заврши својот последен филм, тој е присилен да биде опкружен во друштво на неколку жени од неговиот живот, вклучувајќи ја неговата жена, Луиза (Марион Котијар); неговата љубовница, Карла (Пенелопе Круз); неговата муза од филмот, Клаудија (Никол Кидман); неговиот советник и костимограф, Лили (Џуди Денч); Американската модна новинарка, Стефани (Кејт Хадсон); проститутка од неговата младост, Сараџина (Ферџи); и неговата мајка (Софија Лорен).

Улоги Даниел Деј-Луис - Гидо Контини Марион Котијар - Луиза Контини Пенелопе Круз - Карла Албанесе Џуди Денч - Лили Софија Лорен - Мама Никол Кидман - Клаудија Џенсен Кејт Хадсон - Стефани Некрофурос Ферџи - Сараџина

Белешки

Надворешни врски Официјално мрежно место Семрежна филмска база на податоци Бокс Офис Мојо

Категорија:Филмови од 2009 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови со Марион Котијар Категорија:Филмови со Пенелопе Круз Категорија:Филмови со Софија Лорен Категорија:Филмови со Џуди Денч Категорија:Филмови со Никол Кидман Категорија:Филмови со Кејт Хадсон Категорија:Филмови на Роб Маршал Категорија:Филмови на англиски јазик