мини|Француски Префект Префект (лат.: praefectus, од praeficere = “на чело“, “раководител”) во поширока смисла на зборот означува раководен претставник. Канцеларијата, одделението или областа што ја контролирал префектот се нарекувала префектура, но во различни пост-римски случаи имало префекти без префектура и обратно.
Префекти во Римското Царство Во Римското Царство за префект се назначувало лице кое било определeно од некој магистрат или од царотPrefect, LIVIUS, Articles on Ancient History (анг.) со одредена задача при управувањето или военото раководење.
Префекти од римскиот сенаторски сталеж Praefectus urbi - сенатор со висок ранг, формален заменик на царот на Рим и командант на Cohortes urbanae (градските војници, градскиот гарнизон). Во доцната антика функцијата "градски префект" била меѓу највисоките во Рим и Цариград. Praefectus aerarii militaris - тројца сенатори кои раководеле и се грижеле за aerarium militare (касата за ветерани). Praefectus aeraris Saturni - двајца сенатори кои раководеле со државната каса. Praefectus alimentorum - сенатор, задолжен да се грижи за alimenta (фондови за грижа за деца во неволја). Praefectus frumenti dandi - двајца поранешни претори, задолжени за поделбата на бесплатна храна во Рим.
Префекти од сталежот на коњаниците Praefectus Aegypti - овластен за раководењето со Египет - највисоката позиција. Praefectus praetorio - преторијански префект (задолжен за Преторијанската гарда). Во доцната антика функцијата била преобразена во одговорен/водач на граѓанскиот доброволен корпус. Praefectus annonae - одговорен за снабдувањето на Рим со храна. Таква функција имало и во другите градови во Римското Царство. Praefectus vigilum - командант на Vigiles Urbani - (ноќна стража); ја имал и улогата на командант на противпожарните единици на Рим. Praefectus civitatis - римски полномошник во некој регион што сè уште не претставува посебна, самостојна провинција. Таков е примерот со Понтиј Пилат во префектот на Јудеја. Praefectus Castrorum - командант на камп на римска легија, кој како по правило бил избиран помеѓу центурионите. Praefectus classis - командант на една од римските флоти. Praefectus fabrum - командант на занаетчии во една легија. Praefectus legionis - командант на некоја од римските легија распоредени во Египет (одговара на Legatus legionis = Легат за другите легии). Praefectus vehiculorum - раководител на cursus publicus - државна служба за известување и врски.
Други префекти Praefectus collegii - раководител на професионален (занаетчиски) сојуз. Praefectus iure dicundo - одговорен за функции на правдата.
Префект во Католичката црква Во католичката црква префектот е раководен свештеник, на пример, во некоја мисија (Апостолски префект) или во конгрегација и др.
Префектот во католички интернат (може да е и жена) ја извршува функцијата на педагог, кој се грижи за учениците во слободното време или нивната самоподготовка.
Функцијата префект во некои земји Во Франција префектот (франц.: préfet) е претставник на централната државна власт во департманите (Département).
Слична е задачата на префектот на модерна Италија, кој е одговорен за провинциите, заедно со органите на локалната самоуправа.
Наводи
Категорија:Римски титули
de:Präfekt (Frankreich) es:Prefecto (desambiguación) et:Prefekt (Vana-Rooma) it:Prefetto (storia romana) pl:Prefekt ru:Префект (Древний Рим) sv:Prefekt