мини|десно|160п|Јуко Кавагути и Александар Смирнов во спортски двојки на светското првенство во 2009 Уметничко лизгање — зимски спорт во којшто поединечно, во двојка или групно со лизгање на мраз и со помош на други елементи, најчесто музичка композиција, се изведуваат различни чекори, вртења и скокови. На официјалните натправрувања, натпреварувачите во овој спорт се натпреваруваат во 4 дисциплини: поединечно во женска конкуренција, поединечно во машка конкуренција, танцови двојки и спортски двојки. Натпреварувачите, исто така се натпреваруваат и на различни натпреварувања, почнувајќи од почетниците, кои се натпреваруваат на локални натпревари и завршувајќи до најдобрите, кои се натпреваруваат на најсилните меѓународни натпреварувања. Уметничкото лизгање е олимписки спорт со натпреварувања на сите Зимски олимписки игри. Во некои јазици, името на овој спорт е „уметничко лизгање“.
Во светски рамки, официјална организација во спортот е Меѓународната лизгачка организација (ISU), основана во 1892 со седиште во Лозана. Голем број на меѓународни натпреварувања се санкционирани од страна на ISU, како што се натпреварувањата на Зимските олимписки игри, светските првенства, европските првенства, првенството на четири континенти и гран-при натправрите.
Денес, уметничкото лизгање е поврзано со останатите комерцијални настани. На големите напреварувања, обично последниот ден има егзибициски карактер, во кој најдобрите натпреварувачи ги покажуваат своите разлилчни вештини и способности, надвор од очите на судиите. Голем број на лизгачи учествуваат и се дел од многу останати емисии, поврзани со спортот, но и надвор од него.
Историја
Почетоци на уметничкото лизгање Податоци за тоа во кое време луѓето научиле да лизгаат на мраз нема, но според археолошките наоди тоа е многу одамна, а тоа го потврдуваат и коските кои се пронајдени, а кои најверојатно служеле како лизгалки на подрачјето на Русија, Скандинавија, Велика Британија, Германија и Швајцарија.
Најстарите материјали кои го потврдуваат постоењето на лизгање на мраз потекнуваат од Данска од 1134 година. Првата конкретна употреба на поимот „лизгање на мраз“ е пронајдена во книга напишана од Вилијам Фицстивен, кој бил свештеник од Кантербери. Во неговата книга за Томас Бекет, тој оваа активност ја поврзал со децата, кои околу своите зглобови обувале коски и носеле палки, со помош на кои како птици полетувале по мразот. Палките коишто ги споменува Фицстивен се смета дека биле користени за движење, бидејќи примитивните лизгалки немале остри позлатени рабови како современите лизгалки.
Уметничкото лизгање во средниот век мини|десно|150п|„Падот на Лидвина“, дрворез од околу 1498 година Во 13. или 14 век, Холанѓанец започнал да ги произведува првите лизгалки со остри рабови со цел да се овозможи движење без употреба на помошна палка. Овие лизгалки биле произведувани од челик и се многу слични на професионалните лизгалки кои се произведуваат денес.
Првиот приказ на лизгањето на мраз во уметноста потекнува од 15 век и е дрворез, насловен „Падот на Лидвина“ на кој е претставен падот на мраз на светиот Лидивна, кој се смета за светец заштитник на лизгањето на мраз. Забележителен дел од ова дело е и човекот во позадина кој лизга на една нога, што наведува на фактот дека лизгалките во ота време биле со остри рабови.
Царот Рудолф II организирал карневал во лизгање на мраз, со цел да го популаризира спортот.
Појава на современото уметничко лизгање мини|десно|150п|Џексон Хајнес се смета за „татко на современото уметничко лизгање“ Развојот на лизгањето на мраз и подобрувањето на примитивните форми на уметничко лизгање продолжило и во доцниот среден век. Во 1742, во Единбург бил основан првиот клуб за уметничко лизгање, познат како Edinburgh Skating Club. Во 1772 било издадено делото Трактат за лизгањето од Роберт Џонс, коешто се смета за прв учебник, во кој се објаснети правилата на уметничкото лизгање. Натпреварите, кои се одржувале во тоа време биле во „англиски стил“ на лизгање, кој бил поспор и поформален и има мали сличности со современото уметничко лизгање.
Уметничкото лизгање во Русија било познато уште во времето на Петар Велики. Тој во земјата ги довел првите лизглки. Петар Велики, дури и изумил нов вид на лизгалки. Тоа биле лизгалки, кои изгледале како вистински обувки, што всушност било „протомодел“ на денешните лизгалки.
Во средината на 1860-тите, американскиот балетан Џексон Хајнес, кој се смета за „татко на современото уметничко лизгање“ вовел нов стил на лизгање. Овој стил содржел слободни и емотивни техники и станал познат како „меѓународен стил“. Иако овој стил за кратко време станал популарен во Европа, во САД истиот не бил прифатен долго по Хајнесовата смрт.
Во 1882 година, во Виена се одржало првото меѓународно натпреварување во Европа, на кое голема побеа оствариле Виенците.
Уметничкото лизгање пред Втората светска војна Првото големо натпреварување во уметничко лизгање било европското првенство, кое за првпат се одржало во 1891 година. Во следната 1892 била основана Меѓународната лизгачка организација, а првото светско првенство се одржало во 1896 година. На натпреварувањето учествувале само мажи, а победник бил Гилберт Фухс. Во 1902, Маџ Саерс станала првата жена којашто учествувала на светско првенство во уметничко лизгање, освојувајќи го второто место. Кратко по овој настан, Меѓународната лизгачка федерација им забранила на жените да се натпреваруваат во конкуренција на мажи, а во 1906 година, за првпат било одржано женско натпреварување. Натпреварите во спортски двојки биле воведени на светското првенство во 1908, а први победници биле Ана Хиблер и Хајнрих Бургер. Истата 1908, уметничкото лизгање станало олимписки спорт, како дел од Летните олимписки игри во Лондон.competitions also took place in 1908.
На 20 март 1914, во Њу Хевн, Конектикат бил одржан меѓународен натпревар со учесници од Канада и САД, што претставувало обединување на првенствата на овие две земји.
Понатамошниот развој и зголемување на популарноста на спортот биле попречени од Првата светска војна.
Во 1920-тите и 1930-тите, во спортот доминирала Соња Хени. Таа, покрај како лизгачка станала популарна и како филмска глумица. Со својот стил, носејќи краток фустан и бели лизгалки, Хени се смета дека ја им воведено современата мода во уметничкото лизгање во женска конкуренција. Во тој период, најдобри лизгачи биле Гилис Графстром и Карл Шефер.
Уметничкото лизгање по Втората светска војна За време на Втората светска војна, повтроно не се одржувале натпревари. По војната, многу лизгалишта во Европа биле во лоша состојба, па условите за тренинг на европските натпреварувачи им биле отежнати. Тоа го искористиле спортистите од Канада и САД, кои започнале да доминираат во спортот, воведувајќи нови технички елементи. Дик Батон станал олимписки првак во 1948 и во 1952 година и бил првиот лизгач кој ги извел скоковите: двоен аксел и троен луп, како и вртењето познато како „либела“.
Првите неатпревари во светски рамки во танцови двојки не се одржале, сè до светското првенство во 1952 година. На првите неколку натпревари, доминирале натпреварувачите од Велика Британија, а први победници на светските првенства биле Џоана Вествуд и Лоренс Деми.
На 15 февруари 1961, се случила и првата поголема трагедија во спортот. Имено, 34 членови од тимот на САД, од кои 18 наттпреварувачи требале да настапат на светското првенство во Прага и 16 тренери загинале во авионска несреќа, во близина на градот Брисел.
На почетокот од 1960-тите, натпреварувачите од Советскиот Сојуз започнале да доминираат во спортот, особено во дисциплините на двојки (танцови или спортски). Од 1964 година до денес, на сите Олимписки игри, советски или руски двојки освоиле златен медал. На олимписките игри во 2002 во Солт Лејк Сити, Елена Бережнаја и Антон Сихарулидзе го поеделија златниот медал со Канаѓаните Жами Сале и Давид Пелетје, но сепак успеаја да ја продолжат успешната низа.
Започнувајќи од 1983, во Канада започнало да се одржуваат едногодишни натпревари во синхронизирано лизгање. Сепак, во 1988, овие натпреври биле преместени и станале дел од натпреварите во основните дисциплини.
Уметничкото лизгање во 21 век мини|десно|130п|Евгени Плушенко, еден од најдобрите натпреварувачи на почетокот на 21 век Денес, уметничкото лизгање е популарен спорт на Зимските олимписки игри, во којшто елеганцијата на натпреварувачите и нивните движења го привлекуваат вниманието на публиката. Не е за изненадување ако се каже дека многу натпреварувачи во овој спорт имаат физичка и психолошка подготвеност како и натпреварувачите во гимнастика. Како и хокејот на мраз и уметничкото лизгање е најпопуларно во оние региони, каде што мразот е природна појава.
Денес, уметничкото лизгање е поделено во четири дела: поедниечно лизгање за двата пола, лизгање во спортски двојки, лизгање во танцови двојки и синхронизирано лизгање.
Дисциплини Постојат голем број на различни дисциплини во уметничкото лизгање, но олимписки дисциплини се следните:Уметничко лизгање на Olympic.org Поединечно лизгање - натпревари во машка и женска конкуренција, при што натпреварувачите изведуваат скокови, вртења, низи од чекори, спирали и други елементи, коишто се предвидени во програмата. Спортски двојки - двојка сочинета од лизгач и лизгачка изведува елементи, карактеристични за поединечното лизгање, но и некои специфични елементи за лизгањето на спортски двојки, како што се скоковите со исфрлување (лизчгачот ја исфрла лизгачката, која го изведува техничкиот скок), држења (лизгачката е придржувана од лизгачот над неговата глава во различно позиции), вртења во двојки (лизгачот и лизгачката изведуваат ист елемент едновремено), спирали на смртта и други елементи. Танцови двојки - станува збор за натпреварувње на двојки, сочинети од лизгач и лизгачка, но за разлика од спортските двојки, оваа дисциплина повеќе се фокусира на изведувањето на танцовите елементи и движења, во склад со музиката. Во оваа дисциплина, држењата не смеат да се изведуваат над рамената на лизгачот.
Други дисциплини во уметничкото лизгање се: мини|десно|160п|Синхронизирано лизгање Синхронизирано лизгање - групи составени од 12 до 20 лизгачи и лизгачки изведуваат едновремени прецизни движења и поделени во помали групи формираат различни формации. Најчести формации се различни видови на кругови, многуаголници и линии. Потребата од синхронизација во движењата и изведувањето на елементите ја рави дисциплината доста сложена и тешка. Задолжителни фигури - лизгачите ги користат своите лизгалки за да цртаат кругови, фигури во форма на бројот 8 и други слични слики на мразот. Овие цртежи се оценуваат од страна на судиите за нивната точност и јасност, а се оценуваат и движењата при нивното цртање. Ваквите фигури, порани биле дел од натпреварите во поединечно лизгање, но биле укинати во 1990. Денес, овие фигури ретко се изведуваат. Лизгачки вештини - станува збор за дисциплина во која се изведуваат различни движења, кои го покажуват стилот на слободното лизгање, наместо да се цртаат различни форми на мразот. Денес, оваа дисциплина има поголема популарност од дисциплината „задолжителни фигури“. Четворки - тим од четири натпреварувачи (двајца лизгачи и две лизгачки) изведуваат поединечно или во двојки различни елементи. Постојат и такви елементи, за чиешто изведување е потребно учество на сите четворица на мразот. мини|десно|160п|Балет на мраз Балет на мраз - дисциплината е позната и како „театар на мраз“ и претставува комбинација од привлечноста на уметничкото лизгање со возбудливоста на театарот и танцот. Оваа форма на уметничко лизгање се изведува групно, а групите се сочинети од 8 до 30 членови. Специјални фигури - дисциплина, којашто била популарна на почетокот од развојот на спортот и денес е заменета со дисциплините „задолжителни фигури“ и „лизгачки вештии“. Оваа дисциплина била дел од Летните олимписки игри во 1908, кои се одржале во Лондон, а победник бил Николај Панин.