Цариградски ѕидини — одбранбени камени ѕидини во кои се наоѓаат во градот Цариград (денешен Истанбул, Турција), од неговото основање како престолнина на Источното Римско Царство од страна на Константин Велики. Со бројни додатоци и модификации во текот на историјата, ѕидините биле проследени како еден од најкомплексните и сложени системи некогаш.
Земјишни ѕидини Ѕидините на Константин
Првично, ѕидините биле изградени од страна на Константин Велики, кога новиот град бил целосно опкружен со истите, за заштита од можен напад од двете можни патишта: морски и копнен. Но, со текот на времето градот започнал постепено да се проширува. Така, во времето на Теодосиј II, истите биле обновени. Оригиналните ѕидини биле долги 6 километри. Овие ѕидини во текот на историјата претставувале главен проблем на непријателот кој сакал да го освои градот. (Видете: Опсада на Цариград). Но, во времето кога во воените напади започнал да се користи и барутот, ѕидините не издржале и градот паднал во рацете на Османлиите на 29 мај 1453 година, по долга опсада.
Ѕидините во голема мера останале непроменети во текот на поголемиот дел од отоманскиот период. Сепак, истите не биле долго време обновени, кое довело до нивно деловно разрушување. И покрај недостатокот на последователно одржување, многу делови од ѕидовите преживееле и сè уште постојат и денес. Големата обнова од 1980-тите, овозможила ѕидините да го добијат автентичниот изглед.
Првите утврдувања во градот биле изградени уште од времето коа тој бил основан под името Византион од страна на грчките колонисти, на чело со Бизас. Во тоа време, главнато седиште на градот бил акрополот. И покрај тоа што Византион бил голем трговски центар, сепак во времето на Римското Царство|Римското Царство градот не бил од големо значење. Во времето кога избила граѓанска војна помеѓу Септимиј Север (193-211) и Песцениј Нигер (193-194), градот бил три години држен под опсада. Како одмазда, Септимиј Север ги разрушил тогашните ѕидини.Cassius Dio: Roman History, 75.10-14 Сепак, во наредните години ѕидините биле обновени. Но, за ѕидините на Север не се знае скоро ништо, освен дека главната порта се наоѓала непосредно пред влезот на Форумот на Константин.Zosimus: Historia Nova, II.30.2-4
Кога Константин Велики (306-337) главниот град на Римското Царство го префрлил од Рим во Византион, градот започнал да се вика најпрво Нов Рим а подоцна и Цариград односно градот на Константин. Во негово време, градските ѕидини биле значително проширени и биле додадени нови градски ѕидини со околу вкупно растојание од 2.8 километри.Bury (1923), p. 70 Целата конструкција била завршена во времето на неговиот син, Констанциј II (337 -361).. Така, ѕидот започнувал од Златниот Рог, во близина на денешниот мост Ататурк, а завршувал до портите на Свети Аемилианус и Псаматос. Во текот на 5 век, градот бил проширан и надвор од Цариградските ѕидини.Britannica, vol. VII, p. 4</ref> Во најголема мера, ѕидините биле обновени и проширени во времето на Теодосиј II, па затоа денешните ѕидини се познати и како Теодосиеви ѕидини во Цариград.
Ѕидини на Теодосиј
Теодосиевите ѕидини (грчки: τείχος Θεοδοσιακόν), кои се наоѓаат околу 1.500 метри западно од старите ѕидини, биле изградени во времето на царот Теодосиј II (408-450), по кого и се наречени. Изградбата се водела под раководство на преторијанскиот префект Антемиј, а изградбата била завршена во 413 година, според Кодексот на Теодосиј. Сепак, еден натпис кој бил откриен во 1993 година открива дека работата врз ѕидините траела девет години, кое значи дека истата започнала во 404 или 405 година, во времето на царот Аркадиј (395–408); . Со изградба на овие ѕидини, Новиот Рим го оправдал своето ново име како Хепталофос (Ἑπτάλοφος, "седум ридови"), како имитација на вечниот град Рим.
Историја
Кон почетокот на 5 век, населението на градот значително се зголемило па со ова дошло и до потреба за проширување на градот односно на градските ѕидини. Дополнителна причина за изградба на нови ѕидини вило визиготското освојување на Рим во 410 година. Новите ѕидини биле изградени на околу 2 километри од старите ѕидини на Константин Велики. Ѕидините го опфаќале просторот од палата Влахерна|палатата Влахерна до бреговите на Мраморно Море со должина од 6,5 километри. Изградбата на ѕидините најверојатно започнала во 413 година во времето на Теодосиј II, кој имал само 5 години и целиот систем се состоел од две ѕидни линии на кои имало 96 кули.
На 26 јануари 447 година, еден силен земјотрес разрушил голем дел ос ѕидините, вклучувајќи и 57 кули. По овој земјотрес следувал уште еден во јануари 448 година, кој направил дополнителна штета; . Теодосиј II му наредил на конзулот Константин да изврши надзор при реставрирањето на ѕидините, главно поради тоа што на градот му се заканувал напад од балканското присуство на хунскиот водач Атила. Така, работата завршила многу брзо, за околу 60 дена според византиските натписи; . Врз основа на некои натписи, некои научници исто така тврдат дека при оваа изградба на ѕидините бил додаден втор дополнителен надворешен ѕид, но валидноста на оваа тврдење е дискутабилно. Надворешниот ѕид најверојатно е составен дел од оригиналното утврдување. Во текот на својата историја, ѕидините биле на уште неколкупати разрушувани од страна на повеќе земјотреси, за што сведочат и бројните натписи кои биле пишувани во чест на царевите и кои се обврзувале да ги обновуваатcf. ; .
Во текот на подготвителните работи се обединиле и партијата на Зелените и Сините, кои обезбедиле 16.000 работници за реновирање на ѕидините. Пред ѕидините била донесена вода а меѓу нив се наоѓала уште една линија ѕидини, а вкупниот број на кули изнесува 192 на број.
Опис
Внатрешните ѕидини претставувале најстабилните во целиот комплекс. Овие ѕидини биле високи 9.2 метри. Дебелината на ѕидините се движила од 4.2 метри до 4.7 метри. На врвот од секоја кула се наоѓал гродобран со висина од 145 сантиметри. Растојанието од една до друга кула било околу 53 метри. Висината на кулите била до 18 метри, а полупречникот се движел од 5,4 метри до 10,2 метри. Во најголем дел, основата на кулата била во форма на правоаголник, но имало и кули со шестаголни, седмоаголни и осумаголни основи. Самите кули биле поделени на два дела: горна и долна, додека на врвот се наоѓала тераса заградена со гродобран. Овие две простории не биле директно поврзани, кое овозможувало доколку непријателот навлезе во долниот простор, бранителите од горниот простор многу лесно да продолжат со одбрана од напаѓачите. Долната просторија во поголемиот дел од случаите служела како магацин за оружје. Во некои од кулите се наоѓале мали врати преку кои се излегувало на периболосот. Горната просторија на кулите се користела за стража. Собата била снабдена со доволно количество на воздух и светлина. Терасата со гродобранот се наоѓала на врвот од кулата и до неа се стигнувало преку скали кои се наоѓале во горниот дел.
Надворешните ѕидини се протегале помеѓу пероболоsoт и партехионот. Неговата висина била од 3 метри до 8,3 метри. Долниот дел од ѕидините биле изградени од полн камен. Кулите од надворешните ѕидини биле поставени меѓу две кули од внатрешните ѕидини рамномерно. Нивната висина се движела од 9 до 10,5 метри со полупречник од околу 5 метри. Ниските ѕидини се наоѓале во внатрешноста на рововите и имале висина од 2 метри.
Првата одбранбена линија се состоела од голем ров или канал исполен со вода, со ширина од 18,3 метри а длабок 6 метри.
Ѕидините биле долги околу 6,5 километри од јужниот до северниот дел на градот, од Мермерната кула (туркси: Mermer Kule), која во тоа време била позната како кулата на Василиј и Константин до брегот Пропонтис на Златниот Рог. Вкупната должина на ѕидините изнесува 5,630 метри, додека делот помеѓу палатата Константин Порфирогенит и Златниот Рог биле разрушени, бидејќи подоцна на ова место било изградено предградието на Влахерна.
Од Мраморно Море, ѕидините се простигаат кон североисток до Златната Порта, на околу 14 метри надморска височина. Од таму, ѕидините продолжуваат до Мевлецианската порта, од таму до седмиот рид на градот. Од Седмиот рид, ѕидините продолжуваат до портата на Свети Роман, која се наоѓа на 68 метри надморско ниво. Од таму, ѕидините се спуштаат по долината на реката Ликус, каде ја достигнува најниската точка од 35 метри надморска висина. Од таму, ѕидините продолжуваат кон Шестиот рид до Адријанската порта, каде нивото е 76 метри височина. Овој дел на ѕидините, меѓу двете порти, со должина од 1.250 метри е најслабо заштитен, главно поради прирдата на земјата. Поради ова, при опсадите на градот, напаѓачите не се фокусирале за напад од оваа страна, иако ова се случило во 1453 година, кога Османлиите го зазеле Цариград. Од ова место, ѕидините продолжуваат до Влахерна и до затворот Анемас.
Порти Златна порта thumb|300px|right|Златната порта
Стара Златна порта, позната исто така како Ксеролофос и Сатурнинус порта, се споменува во Notitia Urbis Constantinopolitanae, и истата се наоѓала на т.н. седми ѕид. Нејзината конструкција често му се припишува на Константин, но сепак тоа не е сѐ уште целосно познато. При крајот на византиското време, икона од Распетието Христово наводно била ставена на портата, за да подоцна оваа порта во османлиско време биде позната како İsakapı ("Портата на Исус"). Таа била уништена од земјотрес во 1509 година.<ref name="OldGoldenGate">Cyril Mango: [http://www.doaks.org/publications/doaks_online_publications/DOP54/DP54ch9.pdfThe Triumphal Way of Constantinople and the Golden Gate], Dumbarton Oaks Papers, Vol. 54, 2000, стр. 175-176.
По проширувањето на градот и изградба на Теодосиевите ѕидини, најверојатно во исто време била изградена и новата Злата порта. Златната порта во Цариград била влезната порта во престолнината на Византија. Таа била главниот влез во престолнината и се користела особено при триумфалните влезови на царот во главниот граф при воените победи или други државни пригоди. Во многу ретки случаи, низ портата било дозволено да влегуваат и излегуваат некакви царски посетители, како папски делегации на пример. Во 1261 година, по повторното заземање на градот од страна на Византијците, низ оваа порта поминал Михаил VIII Палеолог . Името на оваа порта било земено од многу други големи градови кои имале златна порта, како на пример оние во Солун или портата во Киев.
Датумот на изградба на оваа порта е непознат. Се смета дека била изградена во времето на Теодосиј II, односно во времето кога биле изградени и ѕидините на градот. И покрај нејзината главно церемонијална улога, портата во текот на својата историја издржала на голем дел од нападите. Со додавањето на попречен ѕид меѓу внатрешните и надворешните ѕидини, таа претставувала еден вид мала тврдина. По заземањето на градот од страна на Османлиите, биле додадени три поголеми кули на портата во внатрешноста на ѕидините, формирајќи тврдина од седум кули која тврдина денеска е позната како Еди-куле. Во тоа време таа ја изгубила својата функција како порта. Овде би сместен главниот затвор во Цариград. Меѓу најпознатите затвореници кои лежеле овде бил младниот Осман II, кој бил затворен и погубен од јаничарите во 1622 година. Во текот на Наполеоновите војни, тврдината била затвор на многу француски затвореници. Какоз затвор објектот служел до 1837 година.
Портата била изградена од големи квадратни блокови од полиран бел мермер и имала форма на три заоблени порти. Околу портата се наоѓале околу десетина кули. Со исклучок на централниот влез, споредните останувале отворени во текот на секојдневието на населението на градот. Портата била украсена со многубројни статуи, вклучувајќи ја и статуата на Теодосиј I на врвот. На врвот исто така имало поставено скулптура од крст, кој паднал по земјотресот од 562 година.