Северина Вучковиќ (; р. 21 април 1972 во Сплит, СР Хрватска, Југославија) — хрватска пејачка и глумица. На музичката сцена е попозната како Северина.
Животопис Северина имала два брака. Најпрвин се омажила со Милан Поповиќ, со кого го родила синот Александар, но подоцна бракот завршил со развод. На 25 септември 2015 година, во црквата во местото Бале во Истра, Северина тајно се венчала со фудбалскиот менаџер Игор Коиќ (Igor Kojić), син на пејачот Драган Коиќ - Кеба. Подоцна, на 22 ноември истата година, брачниот пар организирале венчавка и прослава во Белград, која била наречена „Моето српско венчање“ (Moje srpsko venčanje), а венчавката ја режирал словенечкиот режисер Томаж Пандур. Претходно, Северина и Игор се запознале на еден концерт, а ги запознал менаџерот Едвин Софтиќ.Igor Karanov, „Godišnjica tajnog venčanja“, Story, број 573, 9 септември 2016, стр. 12-15.
Музичка кариера
Стилот на Северина може да се опише како поп со елементи на фолк и кабаре. Како дете зазела мал дел во театарски и оперски продукции во нејзиниот роден Сплит. За време на 1980-тите, добивајќи неколку награди на локални фестивали, таа ја претстави нејзината рана професионална кариера на, чиј резултат беше нејзина преселба во Загреб во 1989 со цел да направи поголеми чекори. Истата година таа го снима нејзиниот прв студио албум насловен по нејзиното име Северина. Во следните години таа создаде имиџ на национална поп икона со број 1 хитови како „Далматинка“ (1993), „Палома нера“ (1993), „Трава Зелена“ (1995), „Од роѓендан до роѓендана“ (1996), „Дјевојка са села“ (1998), „Пријатељице“ (1998), „Ја само пјевам“ (1999), „Анте“ (1999) и (2012) ,,italijana"
Следуваше огромниот успех на нејзиниот албум од 2001 насловен како Поглед испод обрве, а по него следеше турнејата Вијурен у те. Со тоа Северина го потврди нејзиниот статус како една од најпопуларните хрватски артисти. По неколку години пауза таа го издаде и нејзиниот 8 по ред албум под насловот Севергрин (2004). Во 2006 година победи на хрватскиот избор за песна за Евровизија Дора и ја претставуваше Хрватска во Атина, Грција на 20 мај 2006 со песната „Моја штикла“. Заврши на 13-тото место со 56 бода. Големи контраверзни реакција се јавија за стилот на песната, посебно од хрватските обожаватели, критичари и новинари. Критиките се однесуваа на аранжманот за кој се велеше дека потсетува на традиционална српска ритмика. Тоа Северина и авторите на песната го негираа и произлегоја со став дека тој е хрватски ритам и потекнува од Загора.
Дологоочекуваниот 10-ти албум на Северина насловен како Здраво Маријо, во кој поголем дел од песните се дело на Горан Бреговиќ, беше издаден во мај 2008. Првиот сингл од албумот е „Гас, гас“ кој стекна голема популарност, не само во Хрватска, туку низ целиот балкан. Музиката на оваа песна потсетува на српски турбофолк. Албумот доби негативни критики бидејќи Северина со имиџот кој го создаде за албумот имаше цел да го исмејува христијанството. Сепак албумот достигна голема популарност и Северина сними музички видеа за повеќе песни како „Тридесете“, „Гаде“, „Хаљиница боје лила“ и „Здраво Маријо“. На 15 декември 2009 Северина реализираше нов сингл - „Лола“ кој е дел од Милиграм компилацијата.
Дискографија Северина – 1989 Далматинка – 1993 Трава зелена – 1995 Моја ствар – 1996 Дјевојка са села – 1998 Палома нера - Live album – 1999 Ја само пјевам – 1999 Поглед испод обрва – 2001 18 великих хитова – 2002 Вирујен у те - живо – 2002 Вирујен у те - DVD – 2003 Севергрин – 2004 Моја Штикла – 2006 Здраво Маријо – 2008 Добродошао у клуб (2012) Хало (2019) Спотови Спот Година Режисер Води ме на плес 1990 — Кад си сам 1992 — Закуни се љубави 1992 — Далматинка 1993 — Paloma Nera 1993 — Моја ствар 1996 —Од роћендана до роћендана 1996 — Дјевојка са села 1998 — Пријатељице 1998 — Растајем се од живота 1998 — Анте 1999 — Ја само пјевам 1999 — Додирни ми кољена 1999 — Крени 1999 — Да си мој 1999 — Мала је дала 2001 — Поглед испод обрва 2001 Предраг Личина Криви спој 2001 —Вирујен у те 2001 — Адам и Сева 2004 — Хрватица 2004 Предраг Личина Моја штикла 2006 Радислав Јованов Гонзо Гарделин 2007 Гас, гас 2008 Радислав Јованов Гонзо Мушкарци само треба курва 2008 Дарко Дриновац Тридесете 2008 Виктор Драго 18 ти је тек 2008 Гаде 2009 Дарко Дриновац Хаљиница боја лиле 2009 Дарко Дриновац Лола 2010 Вижуал инфинити Brad Pitt 2011 Дарко Дриновац Град без људи 2011 Дарко Дриновац Italiana 2012 Дарко Дриновац Узбуна 2012 Дафне ЈемершиќПредраг Личина Hurem 2013 Доријан КолунџијаГалерија12 Добродошао у клуб 2013 Марко Грубишиќ Алкатраз 2014 Дино Сенчар Uno momento 2014 Андреј Илиќ Море туге 2014 Милош Надаждин Генерале 2014 Ведад Јашаревиќ Calimero 2015 Дафне Јемершиќ Шта је свит 2015 Дарко Дриновац Секунде 2016 Петар Пашиќ Силикони 2016 Петар Пашиќ Као 2017 Дарко Дриновац Отрове 2017 Петар Пашиќ Мртав без мене 2017 Дарко Дриновац Куда за викенд 2017 — Hazard 2017 Лазар БогдановиќЉуба Унапријед готово 2018 Дарко Дриновац Од лета до лета 2018 Toxic Туторијал 2018 Петар Пашиќ Магија 2018 Анже Шкрубе Имаш право 2018 Дарко Дриновац Хало 2019 Петар ПашиќЉуба Кума 2019 MihociДарко Дриновац Мирна 2019 Дафне Јемершиќ Фатаморгана 2019 Љуба Далеко ти кућа 2019 Љуба Лоша 2019 Алексеј Фигуров Рођено моје 2019 Nejc Levstik Фалиш ми 2022 Немања Новаковиќ Верујем у бога 2022 Дарко Дриновац Метак 2023 Немања Новаковиќ,Андрија Гриќиќ Sorry 2023 Немања Новаковиќ Небо 2023 Немања Новаковиќ Правда за љубав 2023 Немања Новаковиќ Пумпај,Севе брате 2025 Фабрика Сараево Нисам крива ја 2026 Петар Пашиќ Позови ме ти 2026 Петар Пашиќ Свирајте ми 2026 Петар Пашиќ
Надворешни врски Официјално мрежно место
Наводи
Категорија:Хрватски пејачки Категорија:Римокатолички христијани од Хрватска Категорија:Поп-фолк пејачи Категорија:Живи луѓе Категорија:Учесници на Евровизија