мини|Мајта Капак Мајта Капак (кечуански: Mayta Qhapaq Inka) бил четвртиот Сапа Инка на Кралството Куско и член од династијата Хурин кој владеел од 1290 година. Како син на Локе Јупанки, тој бил негов наследник и татко на Капак Јупанки. Името на неговата жена била Мама Танкарити Јачију или Мама Кука.

Хрониките го опишуваат него како голем војник кој освоил територии сè до езерото Титикака, Ареквипа и Потоси. Всушност неговото кралство сè уште било околу долината на Куско.

Поврзано Сапа Инка Список на Сапа Инки Империја на Инките Кралство Куско

Категорија:Починати во непозната година