Тупак Инка Јупанки () бил десеттиот Сапа Инка на Империјата на Инките и петтиот владетел на династијата Ханан. Негов татко бил Пачакути и негов син бил Хуајна Капак, негов наследник.

Опис

Неговиот син го назначил него како командант на армијата во 1463 година. Тој го проширил кралството во денешен Еквадор и го развил градот Кито со архитекти од Куско. За време на тој периот, неговиот татко ја реорганизирал Империјата. По смртта на неговиот татко, тој станал Сапа Инка во 1471 година и владеел сè до неговата смрт во 1493 година. Тој ја освоил територијата Чимор, најголем непријател на Инките.

Тихоокеанска експедиција Легенда

Според преданијата, Тупак Јупанки имал десетмесечно патување низ Тихиот Океан во 1480 година, кога ги посетил островите, според тогашните имиња, „Нина Чумпи“ или Огнени Острови и „Нахуа Чумпи“ или Надворешни Острови. Патувањето е споменато во книгата „Историја на Инките“ од Педро Сармиенто де Гамбоа во 1572 година.Види online верзија, страна 91; на англиски.

Анализи

Голем број на истражувачи веруваат дека патувањето не се случило. Според нив, споменатите острови се Галапагоските Острови, но и Велигденскиот Остров.The "Hanau Eepe", their Immigration and Extermination.

Наводи

Поврзано Сапа Инка Список на Сапа Инки Империја на Инките

Категорија:Родени во непозната година Категорија:Починати во 1493 година