Магнус Карлсен, роден Свен Магнус Јен Карлсен (норвешки: Sven Magnus Øen Carlsen; роден на 30 ноември 1990) — норвешки шаховски велемајстор, поранешен светски првак во шах и најдобро рангиран шахист во светот.
На 26 април 2004, Карлсен станал велемајстор на 13 години и 148 дена, со што стана третиот најмлад шахист кој го постигнал тоа. Неговиот оценет рејтинг на шаховскиот турнир во Нанкин во септември и октомври 2009, којшто изнесувал 3002 бода е еден од најголемите во историјата, а неговата победа на турнирот беше окарактеризирана како една од најубедливите. Со ова достигнување, на ранг листата според ФИДЕ за месец ноември, тој станал петтиот шахист, а воедно и најмладиот кој ја надминал границата од 2800 бода, заземајќи го второто место на листата со 2801 бод. Истата година, тој станал најмладиот светски првак во брзопотезен шах. На 1 јануари 2010, на новообјавената ранг листа според ФИДЕ, на возраст од 19 години и 32 дена, Магнус станал најмладиот шахист, кој бил светски број еден според ФИДЕ, со рејтинг од 2810 бода.It's official: Magnus Carlsen is number one! , Chessbase Во јануари 2013 година, тој достигнал рејтинг од 2861 бод, соборувајќи го дотогашниот рекорд на Гари Каспаров од 2851 бод. Од февруари до април 2013 година, неговиот рејтинг изнесувал рекордни 2872 бода. Во ноември 2013, Карлсен го совладал бранителот на титулата Ананд со резултат 6½-3½ во меч за светски првак којшто се одиграл во Ченај и со тоа станал 16. неоспорен светски првак во шах.
Во својата рана кариера, Карлсен бил познат по својот напаѓачки стил на игра, но подоцна се разсвил во поуниверзален шахист. Тој не е фокусиран премногу на подготовката во фазата на отворањето како што тоа го прават другите шахисти и располага со разновидност на отворања, што им ја отежнува работата на неговите противници да се подготват против неговиот избор во почетната фаза од партијата. Благодарение на неговата позициска совршеност и вештина во завршницата, тој често е споредуван со поранешните светски прваци: Анатолиј Карпов, Хосе Раул Капабланка и Василиј Смислов.
Детство Магнус Карлсен е родeн во Тенсберг, Вестфол, а моментално живее во Ломедален, Берум, во близината на Осло. Првиот шаховски турнир го играл кога имал осум години. Се запишал во спортско училиште, каде што учител му бил најдобриот норвешки шахист, велемајсторот Симен Адгестејн. Адгестејн го запознал Карлсен со својот соработник меѓународниот мајстор Торбјорн Рингдал Хансен, кој го подучувал Карлсен и неговите најдобри другари еднаш неделно. Кога станал меѓународен мајстор, Карлсен изгубил една година во основно училиште, само за да учествува на меѓународните шаховски турнири, есента 2003. Истата година, тој заврши трет на Европското шаховско првенство за момчиња до 12 години.
Шаховска кариера 2004 мини|десно|180п|Магнус Карлсен во 2004 Карлсен привлече внимание пред меѓународната сцена со победата во групата Ц на шаховски турнир во Вајк ан Зее. Тој оствари резултат 10.5/13, губејќи само една партија (против најдобро рангираниот шахист во групата Ц Душко Павасовиќ).Шаховски турнир во Вајк ан Зее 2004: Crosstable of grandmaster group C Како резултат на оваа победа, тој ја исполни првата велемајсторска норма, остварувајќи оценет рејтинг од 2702 бода. Од овој турнир, за паметење е и неговата партија против Сипке Ернст во претпоследниот круг, во која со жртва на материјал форсирано победи, матирајќи го противникот во само 29 потези.Шаховски турнир во Вајк ан Зее 2004: Report of round 12 – CCT 2004: Hiccup for Anand – Carlsen Supreme За оваа партија, Карлсен ја доби наградата од публиката за најдобра партија во кругот на натпревари (вклучувајќи ги и партиите во истиот круг во групите А и Б). Првите 23 потези од партијата, претходно биле одиграни и во партијата меѓу Алмагро Љанас и Густафсон, одиграна во Мадрид во 2003, којашто завршила реми. Но во оваа партија, со воведување на новинка, Карлсен веднаш ја добил партијата. Победата во групата Ц, му овозможи на Магнус да се натпреварува во групата Б на турнирот во 2005. По оваа победа, Лубомир Кавалек во своите записи во Washington Post го нарече Магнус „Моцарт во шахот“. Адгестејн којшто некогаш бил млад велемајстор на 18 години, изјавил дека Карлсен е значително подобар од него на таа возраст. Тој, исто така изјави дека Карлсен има многу добра меморија и има широк спсиок на отворања кои ги игра. Неговото јунаштво го привлече вниманието и на компанијата Microsoft, која стана негов спонзор. мини|лево|180п|Магнус Карлсен игра симултанка во Молде во јули 2004 Карлсен ја исполни втората велемајсторска норма на турнирот Аерофлот во Москва во февруари 2004. На 17 март 2004, во партија на турнирот во брзопотезен шах, кој се одржа во Рејкјавик, Исланд, Карлсен го победи поранешниот светски првак во шах Анатолиј Карпов. Овој турнир беше прелиминарно натпреварување, по кој следуваше елиминациски турнир кој започна следниот ден, на кој Магнус ремизираше против најдобриот шахист во светот во тој момент Гари Каспаров, но сепак беше елиминиран, бидејќи во втората партија изгуби во 32 потези.Boy meets Beast in Reykjavik , ChessBase New, 19 март 2004
На шестото издание на шаховскиот турнир во Дубаи, кој се одржа од 18 до 28 април 2004, Магнус ја исполни третата велемајсторска норма, којашто беше доволна за да стане велемајстор. Ова се случи по првите осум круга, во кои тој оствари 4 победи и во останатите 4 партии ремизираше. Како резултат на тоа, во тоа време тој беше најмладиот велемајстор во светот и втор најмлад шахист кој бил одликуван со оваа титула со 13 години и 148 дена, веднаш по Сергеј Карјакин, кој стана велемајстор на 12 години и точно 7 месеци во 2002 година.Magnificent Magnus, the world's youngest grandmaster , ChessBase News, 30 април 2004
Карлсен стана најмладиот шахист кој учествувал на едно светско првенство во шах. На светското првенство во 2004, тој беше елиминиран уште во првиот круг од страна на Левон Аронјан.
Во јули 2004, Магнус Карлсен и Берге Јестенстад (актуелниот норвешки шаховски првак) на турнирот во рамките на шаховското првенство на Норвешка, за првпат во историјата на првенството ремизираа, освојувајќи по 7 од можни 9 бода. Беше одлучено да се одигра меч од две партии за да се одреди новиот норвешки шаховски првак. Обете партии завршија реми, па Јестенстад ја задржа титулата, поради подобрата серија.
2005 мини|десно|180п|Магнус Карлсен на европското поединечно шаховско првенство во Варшава во јуни 2005 На шаховскиот турнир Смартфиш Мастерс за време на шаховскиот фестивал во Драмен во 2004 и 2005, Карлсен го победи Алексеј Широв, кој во тој момент беше десетти најдобар шахист во светотФИДЕ: Top 100 Players October 2004 – Archive .Smartfish sensation: Carlsen defeats Shirov ,ChessBase News, 4 јануари 2005 Во јуни 2005 година во Леон, Карлсен беше поканет да игра на турнир во брзопотезен шах како млад шахист којшто најмногу ветува. Тој стигна до полуфиналето, во кое во мечот од четири партии загуби со 3-1 против Вишванатан Ананд, кој во тој момент беше втор најдобар шахист во светот.
На шаховското првенство на Норвешка во 2005, Карлсен повторно заврши на делба на првото место, но овој пат, заедно со неговиот ментор Симен Адгестејн. Дополнителниот меч се одигра од 7 до 10 ноември. Овој пат, Карлсен имаше подобра серија, но правилото дека при 1-1, шахистот со подобра серија станува првак беше уште пред почетокот на турнирот поништено. Во мечот, првата парија ја доби Адгестејн, а втората Карлсен, по што се одигра меч во брзопоптезен шах, во кој Карлсен победи во првата партија, а Адгестејн во втората. Следните три партии завршија реми, по што Адгештајн ја доби шестата и стана нов шаховски првак на Норвешка.
На крајот од 2005, Карлсен учествуваше на светскиот шаховски куп, кој се одржа во Ханти-Мансијск, Русија. Тоа беше елиминациски турнир, во кој Магнус во првиот круг го победи Грзуиецот Зураб Азмапарашвили со 2-0 во брзопотезните партии, откако регуларниот меч заврши 1-1. Во продолжение на турнирот, тој ги победи Таџикот Фарух Амонатов со 2-0 и Бугаринот Иван Чепаринов (повторно во бзроптезните партии, откако регуларниот меч заврши 1-1) со што обезбеди учество во осминафиналето. Таму, тој загуби во меч против Евгени Бареев со 1½-2½. Потоа, тој ги победи Жоел Лоје со 1½-½ и Владимир Малахов со 3½-2½, обезбедувајќи го десеттото место на турнирот, а со тоа и учеството на турнирот на кандидатите. Со тоа, тој стана најмладиот кандидат за светски првак во шах.
Во октомври 2005, Магнус победи на меморијалот во чест на Арнолд Еикрем во Гаусдал со резултат 8/9 и оценет рејтинг 2792.Тарјеи Свенсен: 14-year-old Carlsen with 2792 performance , ChessBase News, 20 октомври 2005
2006 На шаховското првенство на Норвешка во 2006, Карлсен беше бликску до освојувањето на титулата, но загуби во последниот круг од Берге Јестенстад, па на крајот повторно заврши на делба на првото место со Симен Адгестејн. Овој пораз го спречи Магнус во тој момент да стане најмладиот норвешки првак, уривајќи го рекордот на Адгестејн. Во дополнителниот меч, кој се одигра од 19 до 21 ноември, тој ремизираше во двете партии, па се играа и две брзопотезни партии, кои ги доби и за првпат стана шаховски првак на својата земја.
Магнус победи на брзопотезниот шаховски тунир Глитнир во Исланд. Во полуфиналниот меч на турнирот, тој го победи Вишванатан Ананд (светски првак во брзопотезен шах во 2003 и победник на брзопотезниот шаховски турнир Мелоди Амбер во 2004). Со истиот резултат, Карлсен победи и во финалниот меч.
На шаховската олимпијада во 2006, која се одржа во Торино, Магнус оствари резултат 6/8, играјќи против противници со просечен Ело рејтинг од 2627 бода. Со ова, тој оствари оценет рејтинг од 2820 бода, а на следната ранг список на ФИДЕ, неговиот рејтинг се зголеми за 18 бода. Една од позначајните победи на овој турнир беше неговата победа против англискиот велемајстор Мајкл Адамс.
На шаховскиот турнир Пладневно сонце, Карлсен заврши како втор, губејќи од рускиот велемајстор Сергеј Шипов.
На велемајсторскиот турнир во Бил во 2006 година, тој го совои второто место, откако загуби од победникот на турнирот Александар Морозевич двапати.
Во август 2006, на шаховскиот турнир НХ, кој се одржа во Амстердам, Карлсен учествуваше во мечот меѓу „Искусните“ и „Идните ѕвезди“. „Идните ѕвезди“ победија со 28-22, при што Магнус го оствари најдобриот резултат во својот тим, со резултат 6½/10 и оценет рејтинг од 2700 бода, со што доби право да настапува на шаховскиот турнир Мелоди Амбер.
На светското првенство во брзопотезен шах, кое се одржа во септември 2006 во Ришон Лезион, Израел, Карлсен заврши на осмото место од вкупно 16 учесници, со резултат 7½/15 бода.
На брзопотезниот турнир Rencontres nationales et internationales d'échecs во Кап Агд, Франција, тој стигна до полуфиналето, каде што загуби од Сергеј Карјакин.
Карлсен заврши на делба на осмото место во конкуренција на 10 учесници на меморијалот во чест на Михаил Таљ, кој се одржа во Москва, гбејќи две и ремизирајќи во остаанатите седум партии. На брзопотезниот турнир во рамките на меморијалот, тој освои 17½ од можни 34 бода и го зазеде деветтото место во конкуренција на 18 учесници.
2007 мини|десно|180п|Карлсен во 2007 На почетокот на 2007, на шаховскиот турнир во Вајк ан Зее, Карлсен за првпат учествуваше, играјќи во групата А и го зазеде последното место со 9 реми партии и 4 порази, освојувајќи 4½ бодови од 13 одиграни партии.
На престижниот шаховски турнир во Линарес, Карлсен учествуваше во конкуренција на неколку врвни шахисти: Веселин Топалов, Вишванатан Ананд, Петар Свидлер, Александар Морозевич, Левон Аронјан, Петар Леко и Василиј Иванчук (како замена за Тејмур Раџабов). Со значитлно помал Ело рејтинг во однос на своите противници, Магнус турниропт го заврши на делба на второто место со 7½ бодови (4 победи, 3 порази и 7 реми партии), колку што имаше и Александар Морозевич кој имаше послаба серија. Со ова тој оствари оценет рејтинг од 2782 бода.