Трбач или Торбач ( или Tërbaçi) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци муслимани.
Географија Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо, на 1,6 км западно државната граница со Македонија, каде од другата страна се браната на Дебарското Езеро и реката Црн Дрим. На извесно растојание на северозапад е селото Голејца.
Историја Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Торбаче (Torbatché) е село со 30 домаќинства сочинети од 68 жители муслимани, кои изворот погрешно ги наведува како „Албанци“.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 172 – 173. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Торбачи живеат 130 души Македонци муслимани.
По Првата балканска војна во 1912 г. селото влегло во состав на Албанија.
Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Торбач се води како село од 25 куќи, сите Македонци муслимани.Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров
Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Острени.
Поврзано Голо Брдо Дримколско-голобрдски дијалект
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Албанија Категорија:Голо Брдо Категорија:Булчица Категорија:Македонски населби во Албанија