250px|десно|thumb|Текили во различен стил.

Текила () — алкохолен пијалак кој се произведувa во Текила, град во западната мексиканска држава Халиско. Се прави од растението наречено агаваhttp://www.ianchadwick.com/tequila/jalisco.htm и содржи од 35—55% алкохол. Овој пијалак е за првпат произведен во градот Текила и тоа во 16 век. Но, Ацтеките, пред доаѓањето на шпанските освојувачи во 1521 година, правеле ферментиран пијалак од агава кој го нарекувале -{octli}-м а подоцна добил и попопуларно име -{pulque}-

Околу 1600 година, Дон Педро Санчес од Тагла, маркис од Алтамира, почнал масовно да произведува текила во првата „фабрика“ во модерен Халиско. Во 1608 година колонијалниот гувернер почна да зема порез на овој производ. Текила каква што денес познаваме почнала да се произведува во почетокот на 19 век во Гвадалахара, а во XX век станала популарна низ целиот свет.

Текилата како мотив во популарната култура „Исус и текила“ (англиски: Jesus And Tequila) - песна на американската рок-група „Минитмен“ (Minutemen) од 1984 година.Discogs, Minutemen ‎– Double Nickels On The Dime (пристапено на 22.1.2021)

Наводи

Категорија:Алкохолни пијалаци Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Жестоки пијалаци