Земјотресот на Хаити во 2010 година — катастрофален земјотрес со магнитуда од 7.0 Mw кој се случи 25 км западно од Порт о Пренс, главниот град на Хаити, во 16:53:09 часот по месно време (21:53:09 UTC) во втроник, на 12 јануари 2010 година. Земјотресот се случил на длабочина од 13 км. Геолошката опсерваторија на САД, регистрирала серија на последователни потреси после главниот потрес, четириесетина од нив со магнитуда помеѓу 5.0 и 5 септември Црвениот крст претпоставува дека околу три милиони луѓе се загрозени од потресот, а министерот за внатрешни работи на Хаити верува дека преку 200,000 луѓе може да погинале во земјотресот,. Голем број на значајни личности од јавниот живот исто така се меѓу жртвите од потресот..

Земјотресот предизвикал големи оштетувања во Порт о Пренс. Голем број на јавни згради се сериозно оштететни или целосно уништени, меѓу кои и Претседателската палата (претседателот преживеал), зградата на националното собрание, катедралата во Порт о Пренс, и главниот затвор. Трагедијата е уште поголема со оглед на тоа што повеќето болници во погоденото подрачје исто така се уништени. Обединтетите нации известиле дека штабот на Стабилизирачката мисија на обединетите нации во Хаити (MINUSTAH), сместен во главниот град на Хаити, бил уништен и дека шефот на мисијата, Хеди Анаби, се води како исчезнат.

Историја Островот Хиспаниола, на кој се наоѓаат Хаити и Доминиканската Република, е сеизмолошки активен и на ова подрачје се случувале азурнувачки потреси и во минатото. Земјотресот од 1751 кога островот бил под француска управа, како и потресот во 1770 година, земјотресот кој го уништил градот Cap-Haïtien и други помали градови на север од Хаити и Доминиканската Република на 7 мај 1842 година., quoting и . Во 1946, земјотрес со магнитуда од 8.0 ја потресол Доминиканската република и делови од Хаити, при што бил предизвикан цунами во кое загинале 1,790 луѓе и многу повеќе биле повредени.

Хаити е една од најсиромашните земји на северната западна полутопка,"UNICEF urgently appeals for aid for Haiti following devastating earthquake", UNICEF. Пребарано на 14 јануари 2010. рангирана на 149-тото место од вкупно 182 земји според Human Development Index."Human Development Report 2009 Haiti", United Nations Development Programme. Пребарано на 13 јануари 2010.

Геологија thumb|right|USGS intensity map.

Оштетувања на инфраструктурата

thumb|right|Срушени згради во Порт о Пренс.

Големи се оштетувањата во Порт о Пренс. Зградите на министерството за финансии, министерството за јавни работи, министерството за комуникации и култура, Палатата на правдата, Националната школа за администрација, Институтот Aimé Césaire, парламентот, и Катедралата во Порт о Пренс."Haitian palace collapses" . The Straits Times. 13 јануари 2010. Националаната палата е сериозно оштетена. Потресот исто така сериозно јаима штетено контролната кула на меѓународниот аеродором.New York Times, "Devastation, Seen From a Ship", Eric Lipton, 13 јануари 2009. Пребарано на 14 јануари 2009.

Обнова

Американскиот претседател Барак Обама обзнани дека поранешните претседатели Бил Клинтон, кој исто така е и специјален пратеник на Обединетите нации на Хаити, и Џорџ Буш ќе ги координираат напорите за формирање на фондови за обнова на Хаити. Државниот секретар Хилари Клинтон допатува на Хаити на 16 јануари за да ги види оштетувањата и изјави дека се издвоени 48 милиони долари од страна на САД за помош во обновата на Хаити.Претседателите Клинтон и Буш ќе раководат со фондовите за обнова на Хаити, CNN (16 јануари 2010).

Наводи

Потребна неопходна помош Haiti Crisis Response од Google Меѓународна федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина Меѓународен комитет на Црвениот крст Црвен крст на Република Македонија Американски Црвен крст Британски Црвен крст Доктори без граници Disasters Emergency Committee umbrella organisation for 13 UK aid agencies coordinating the appeal in the UK Список на добротворни организации активни на Хаити од MSNBC

Контакт со пријатели и познаници во Хаити Меѓународен комитет на Црвениот крст, мрежно место за семејни врски US National Next of Kin Registry (NOKR), Регистер за контакт во вонредни ситуации

Вести и слики Стабилизирачка мисија на Обединетите нации во Хаити Фото галерија на UNDP од Хаити на Flickr Специјален дел посветен на земјотерост на China Development Gateway Последни Geo-Eye сателитски снимки

Население и географски информации Детална карта на населението и други податоци

Врски до научни страни поврзани со земјотресот USGS страна за овој настан US Army Corps of Engineers, Army Geospatial Center

Категорија:Земјотреси во 2010 година Категорија:Природни катастрофи во 2010 Категорија:Природни катастрофи на Хаити