Трговија со луѓе — начин на заведување, измамување, принудување или на поинаков начин преселување на луѓе од нивниот дом или држава, кои потоа се принудени да работат со или без ниско плаќање или под екстремно експлоатирачки услови. Начинот се смета за продажба на или тргување со луѓе, што има многу одлики на робување, и кој во многу држави е нелегален. Жртвите на трговијата со луѓе можат да бидат искористени во различни ситуации, меѓу кои проституција, присилна работа (тука спаѓа принудна работа или ропство поради долг) и други форми на принудно ропство. Продажбата на бебиња и деца за посвојување или за други цели исто така се смета за трговија со тие деца.
Протоколот за спречување, потиснување и казнување на трговијата со луѓе, особено со жени и деца (исто така познат како Протоколот од Палермо) е протокол на Конвенцијата против транснационалниот организиран криминал на Обединетите Нации и трговијата со луѓе ја дефинира како „врбување, прeвезување, пренесување, засолнување или примање на луѓе, со помош на закана или примена насила или други форми на принуда, киднапирање, измама, лага, злоупотреба насила или состојба на беспомошност или давање и примање на плаќања или средства, за да се добие согласност од лице за контрола врз друго лице, со цел за експлоатација.” Во септември 2008 година, од 124 страни, Протоколот беше потпишан од страна на 117 држави. Трговијата со луѓе е најбрзо растечка криминална индустрија во светот, со вкупен годишен приход од тргување со луѓе проценет на сума помеѓу 5 и 9 милијарди долари. Советот на Европа наведува: „За време на изминатата декада трговијата со луѓе достигна епидемични размери, со светски годишен пазар од околу 42,5 милијарди долари.” Обединетите Нации проценуваат дека приближно 2,5 милијарди луѓе од 127 различни држави се продавани ширум светот. Жртвите на трговијата со луѓе се врбуваат со користење на принуда, лага, измама, злоупотреба на сила, или директно киднапирање.
За ефикасно да се совлада трговијата со луѓе преку меѓународните граници потребно е помагање и соработка помеѓу државите. ОБСЕ (Организација за безбедност и соработка во Европа), ад хок меѓувладина организација од Повелбата на Обединетите Нации, е еден од водечките органи за борба со овој проблем на трговија со луѓе, со област на делување која ги опфаќа Северна Америка, Европа, Русија и Средна Азија.
Преглед
Трговијата со луѓе се разликува од шверцот со луѓе. Кај шверцот со луѓе, луѓето со плаќање доброволно ја бараат услугата од шверцерот и притоа може и да не постои измама во (нелегалниот) договор. При пристигнување на определеното место, шверцуваното лице вообичаено е слободно да се снаоѓа.
На жртвата на трговија со луѓе, од друга страна, не и е дозволено да замине и од неа се бара да работи или да дава услуги, кои се експлоатирачки, на трговецот со луѓе или на други. Договорот може да биде составен како договор за работа, но без или со ниско плаќање или под екстремно експлоатирачки услови. Понекогаш договорот е составен како ропство поради долг, при што на жртвата не и е дозволено или не е во состојба да отплати.
Жртвите понекогаш се заведени или измамени со лажни ветувања или физички се принудени. Некои трговци со луѓе ги принудуваат или манипулираат жртвите и користат измама, заплашување, лажна љубов, изолација, закани и физичка сила, и ропство поради долг.
Трговијата со луѓе е профитабилна индустрија. Во некои области, како Русија, Источна Европа, Хонгконг, Јапонија и Колумбија, трговијата со луѓе се контролира од страна на големи криминални организации. Меѓутоа, поголемиот дел од трговијата со луѓе се извршува преку мрежи на помали групи кои се специјализирани за одредена област, како врбување, превезување, рекламирање или продажба. Ова е многу исплатливо бидејќи потребни се малку средства, а гонењето е прилично ретко.
Луѓето жртви на трговијата со луѓе вообичаено се од најбеспомошните и немоќни малцинства во еден регион. Тие често доаѓаат од посиромашни области каде што можностите се ограничени, често се етнички малцинства, и често се раселени лица како што се бегалците, иако тие може да и прпаѓаат на која било социјална средина, класа или раса.
Иако постојат многу жртви кои се од беспомошни и немоќни малцинства во еден регион, тие може да доаѓаат од каде било. Не постои определен тип на жртва на трговија со луѓе. Честопати луѓето мислат дека жртвите доѓаат од сиромашни држави, но всушност тие може да се од добростоечки семејства во САД. Овој тип на криминал се случува на тој начин што многупати луѓето не ја забележуваат, скоро и да не ја сфаќаат длабочината на проблемот. Жените кои се во очајна ситуација се особено на мета на трговците со луѓе, посебно за сексуалната индустрија. Криминалците го искористуваат недостатокот на можности, ветуваат работни места или можности за работа или студирање, и потоа ги принудуваат жртвите да станат прооститутки. Со помош на агенти и посредници кои ги договараат патувањето и местото на работа, жените се придружувани до определените места и се предаваат на работодавците. По пристигнувањето на одредиштето, некои жени сфаќаат дека се измамени во врска со природата на работата која ќе ја работат; повеќето биле излажани за финансискиот дел од договорите и за условите за работа и се наѓаат себеси во принудна или злоупотреблива состојба од која излезот е и тежок и ризичен. Според Министерството за правда на САД, од јануари 2007 година – септември 2008 година забележани се 1.229 инциденти со трговија со луѓе во Соединентите Држави. 83 проценти од споменатите случаи, се случаи на сексуална експлоатација.
Трговијата со деца често подразбира искористување на екстремната симомаштија на родителите. Родителите може да ги продадат своите деца на трговците со луѓе со цел да ги исплатат долговите или да заработат, или може да бидат прелажани во врска со очекувањата за образование и подобра иднина на нивните деца. Во Западна Африка, децата жртви на трговијата со луѓе често го имаат изгубено едниот или двајцата родители во африканската криза со СИДА-та. Илјадници машки (понекогаш и женски) деца биле принсилени да бидат деца-војници. Во студијата 07-08 на Министерството за правда на САД, повеќе од 30% од вкупниот број на случаи на трговија со луѓе за таа година биле за деца принудно вклучени во сексуалната индустрија.
Доколку процесот за посвојување, легален и нелегален, се злоупотреби, понекогаш тоа може да резултира со трговија со бебиња и бремени жени помеѓу Западот и светот во развој. Во написот на Дејвид М. Смолин (David M. Smolin) за трговијата со деца и скландалите со посвојување помеѓу Индија и Обединетите Држави, тој наведува дека постојат системски слабости во меѓудржавниот систем за посвојување кои оставаат простор за вакви случувања.
Илјадници деца од Азија, Африка и Јужна Америка секојдневно се продавани во светската сексуална трговија. Често тие се киндапирани или постануваат сирачиња, а понекогаш дури самите семејства ги продаваат.
Мажите се исто така на ризик да постанат жртви на трговијата со луѓе за некавлификувана работа претежно вклучувајќи присилна работа со што, според Меѓународната организација на трудот, на светско ниво остварува профит од 31 милијарда долари.
Распространетост Поради нелегалната природа на трговијата со луѓе и разликите во методологијата, точната бројка не е позната. Според податоците на американското Министерство за надворешни работи, „проценета е бројка од 600.000 до 820.000 мажи, жени и деца со кои секоја година се тргува преку меѓународните граници, приближно 70 проценти се жени и девојчиња и до 50% се малолетници. Податоците исто така пакажуваат дека со мнозинството од меѓународните жртви се тргува за комерцијална сексуална експлоатација.” Меѓутоа, тие кажуваат дека „алармантното заробување на луѓе за трудова експлоатација, често во сопствените држави, е форма на трговија со луѓе што тешко може оддалеку да се следи.”
Репортери се сведоци на рапиден пораст на проституцијата во Камбоџа, Босна и Косово откако на територијата влегоа ОН и во случајот на последните две мировни сили на НАТО. Мировните сили беа поврзани со трговијата со луѓе и присилната проституција. Поборниците за мировништво тврдат дека делувањето на поединци не треба да ги оптужува другите учесници во мисијата, но сепак НАТО и ОН беа критикувани бидејќи проблемот на присилната проституција и нејзината поврзаност со мисиите не го сфаќаат доволно сериозно.
Во извештај од групацијата Фјучр (Future Group) од 2006 година, канадска хуманитарна организација посветена на ставање крај на трговијата со луѓе, рангираше осум индустријализирани нации и и даде на Канада ,,Ф” (F) за своето „лошо” постапување со жртвите. Во извештајот, насловен ,,Недостаток на оцени : Меѓународна студија за постапување со жртвите на трговијата со луѓе” се заклучува дека Канада „претставува меѓународен срам” кога се работи за борба со оваа форма на робување.
Одредиште, транзит и држави-извори Постои погрешна претстава дека трговијата со луѓе се случува само во сиромашни држави. Но, секоја држава во светот е вмешана во нелегалниот, профитабилен систем. „Држава-извор” е држава од која првично се тргува со луѓе. Вообичаено, овие држави се сиромашни и може дополнително да се ослабени поради војна, корупција, природни непогоди или клима. Некои од државите-извори се Непал, Гватемала, поранешните Советски територии и Нигерија, но и многу друѓи. „Транзитна држава”, како Мексико или Израел, е привремена „станица” на патувањето на жртвите на трговијата со луѓе до државата каде што ќе бидат заробени. „Целна држава” е онаа каде што завршуваат лица жртви на трговијата со луѓе. Овие држави главно се богати, бидејќи тие мора да имаат жители кои располагаат со доволно приход за да ги „купат” „произвводите” на трговците со луѓе. Јапонија, Индија, голем дел од Западна Европа и Соединетите Американски Држави се сите целни држави.
Најчести одредишта за жртвите на трговија со луѓе се Тајланд, Јапонија, Израел, Белгија, Холандија, Германија, Италија, Турција и Соединетите Држави, според извештај на УНОДЦ (Канцеларијата за борба против дрога и криминал на ОН).
Главните извори на лица жртви на трговијата со луѓе ги вкучуваат Тајланд, Кина, Нигерија, Албанија, Бугарија, Белорусија, Молдавија и Украина.
Во извештај на групацијата Фјучр (Future Group) од 2006 година, канадска хуманитарна организација посветена на борба против трговијата со луѓе и сексуална трговија со деца, рангираше осум индустријализирани нации. Во извештајот, насловен ,,Недостаток на оцени: Меѓународна студија за постапување со жртвите на трговијата со луѓе”, Канада доби оцена Ф (F), Обединетото Кралство доби Д (D), додека Соединетите Држави добија Б+ (B+) и Австралија, Норвешка, Германија и Италија сите добија оцени Б (B) или Б- (B-).
Северна Америка
Соединетите Држави
Според Националниот центар за човекови права во Беркли, Калифорнија, во Соединетите Држави моментално има околу 10.000 работници присилени на работа, од кои околу една третина се домашни слуги, а дел од нив се деца. Асошиејтед Прес (Associated Press) извести за интервјуа направени во Калифорнија и Египет за тоа дека трговјата со деца за работа како домашни слуги во САД е ширење на нелегална, но честа практика во Африка.