Св.Архангел Михаил — православна црква, една од трите во тетовското село Непроштено.

Местоположба Сместена на височинка, веднаш над Непроштено, црквата „Свети Архангел Михаил" изградена е во 13 век и според преданијата од постарите жители на селото црквата била подигната врз стари темели, што упатува дека на овој простор имало црква уште од раните христијански времиња. Црквата "Свети Архангел Михаил ја красат и стари фрески и икони кои се непроценливо богатство за овдешните жители. Црквата има и трпезаријата подигната во слава и чест на Архистратегот Михаил.

Во времето на воените дејства од 2001, на покривот на црквата паднал проектил. Таваницата била разурната, а sидовите напукнати. Но, иконостасот, бил целосен. Подоцна штетите биле санирани.

Наводи

Категорија:Непроштено Н Категорија:Културно наследство на Македонија во Општина Теарце Категорија:Градби оштетени за време на Воениот конфликт во Македонија