Валис и Футуна (, валиски и футунски: ), официјално Територија Острови Валис и Футуна () Loi no 61-814 du 29 juillet 1961 conférant aux îles Wallis-et-Futuna le statut de territoire d'outre-mer. — француска прекуморска заедница во Океанија, Тихи Океан. Северно од Валис и Футуна е Тувалу, југозападно е Фиџи, југоисточно е Тонга, источно е Самоа и североисточно е Токелау (Нов Зеланд).
Вкупната површина на Валис и Футуна е 142.42 км2 и има население од околу 12.000 жители. Главен град на Валис и Футуна е Мата-Уту, кој воедно е и најголем град. Самата територија е составена од три вулкански тропски острови, кои се опколени со мали островчиња. Увеја (Валис) е оддалечен 260 км од Футуна и Алофи.
Историја
Полинезијците ги населиле островите во околу 1000 година, кога Тонганската Империја се проширила во регионот. Првичните доселеници изградиле тврдини, некои и денес се делумно недопрени.
Футуна за првпат на европските карти била забележана од Вилен Схаутен и Јакоб Ле Мер за време на нивната експедиција околу светот во 1616. Тие ги именувале островите Футуна и Алофи како Хорнски Острови, во чест на градот Хорн во Холандија. Првите Европејци што се доселиле на островите биле Французите и пристигнувањето на француските мисионери во 1837 г. Тие го покрстиле месното население. Увеја се нарекува и Валис во чест на британскиот истражувач Семјуел Валис.
На 5 април 1842 година мисионерите побарале заштита на островите од Франција бидејќи некои од месните жители организирале бунт. Така, на 5 април 1887 година Кралицата на Увеја потпишала договор и така се основал францускиот протекторат. Оваа постапка ја следеле и кралевите на Сигаве и Ало, односно кралевите на Футуна и Алофи, на 16 февруари 1888. Првично, островите биле дел од француската колонија Нова Каледонија. Валис и Футуна станале прекуморска територија во 1959 година по гласањето кое било одржано на островите и со тоа се одвоиле од Нова Каледонија.http://www.infoplease.com/ipa/A0107555.html
Географија
Валис и Футуна се оддалечени од 362 км од Самоа на запад и 480 км североисточно од Фиџи. Територијата е составена од три острови. Увеја е најголем остров и воедно најнаселен. Потоа следува островот Футуна и ненаселениот остров Алофи. Околу овие острови има околу 20 мали островчиња кои се ненаселени. Вкупната територија на Валис и Футуна е 142 км2. Највисока точка на островите е планината Пик на Футуна со висина од 524 метри.
Островите имаат топла и дождлива сезона од ноември до април, кога има бури и тропски циклони. Од мај до октомври е сувата сезона, кога има појава на југоисточни ветришта. Просечната врнежливост е 2,500 до 3,000 милиметри на годишно просечно ниво и има најмалку 260 врнежливи денови низ годината. Просечната влажност на воздухот е 80% и просечната температура 26 степени. Температурата ретко паѓа под 24 степени.
Само пет проценти од вкупната територија на островите е обработлива. Островите се соочуваат со проблемот на опустошување на шумите, така што останал сосема мал дел од некогашната шума на островите. Алофи не е населен бидејќи нема извори на свежа вода.
Државата е составена од следниве острови:
остров гл. град други градови површина (км2) населениеВалис и Футуна Мата-Уту Леава, Ваитупу, Алеле, Лику, Фалалеу, Утуфуа142.4215500Хорнски Острови Леава Фиуа, Нуку, Таоа, Малае, Оно, Веле64.14591Алофи 17.82Футуна Леава Толоке, Фиуа, Ваисеи, Нуку, Таоа, Малае, Колопелу, Оно, Колиа, Веле, Колотаи, Лалоуа, Пои, Тамана, Туатафа, Таваи 46.34589Фаиоа 0.680Фенуафоу 0.030Фугалеи 0.180Сен Кристоф 0.030Луанива 0.180Нукуатеа 0.740Нукуфоту 0.040Нукухифала Нукухифала 0.0674Нукухионе 0.020Нукулоа Нукулоа 0.3510Нукутапу 0.050Нукутеатеа 0.10другиНукуато 0.0430Текавики 0.010Увеја Мата-Уту Ваитупу, Алеле, Лику, Фалалеу, Утуфуа, Малаефоу 75.810895други 00Валис и Футуна Мата-Уту Леава, Ваитупу, Алеле, Лику, Фалалеу, Утуфуа142.4215500
Наводи
Поврзано Полинезија Океанија
Надворешни врски Официјално мрежно место GigaCatholic за Валис и Футуна Карта на Валис и Футуна Информации за Валис и Футуна
Категорија:Прекуморски заедници на Франција Категорија:Зависни територии во Океанија Категорија:Држави и територии настанати во 1961 година