Силјан Аврамовски (Скопје, ) — македонски полициски функционер. Во 2004 година бил министер за внатрешни работи на Македонија во владата предводена од Хари Костов.

Животопис Аврамовски е роден на 10 април 1960 година во Скопје. Завршил Факултет за Безбедност во Скопје во 1983 година. По дипломирањето, тој се вработил во МВР, каде што постепено напредувал, извршувајќи повеќе функции. Најпрво работел како приправник во испоставата на Службата за државна безбедност - Скопје, како инспектор во Карпош, а потоа како главен инспектор во Втората управа за спротивставување на меѓународен и внатрешен тероризам во Службата за државна безбедност.

Аврамовски потоа бил на функцијата помошник-началник на Втората управа за спротивставување на меѓународен и внатрешен тероризам во Службата за државна безбедност, а по оваа функција тој станал Началник на Управата за контраразузнавање во ДБК, како и помошник Директор за оперативни работи на Управа за безбедност и контраразузнавање. По повеќегодишна работа и напредување во ДБК и УБК, од 3 февруари 2003 Аврамовски ја вршел и функцијата Директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. Од 2 јуни 2004 до 17 декември 2004, Аврамовски бил Министер за внатрешни работи на Македонија. Се служи со францускиот јазик.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2004 Категорија:Министри за внатрешни работи на Република Македонија Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Директори на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“