Катедрала Сантјаго (шпански: Catedral de Santiago de Bilbao) е катедрала која се наоѓа во Билбао, Шпанија. Како соборен храм катедралата била прогласена во 1950 година. Денешната римокатоличка катедрала најверојатно датира од времето кога бил основан градот, во околу 1300 година, кога Билбао бил едно мало собиралиште на рибарите.
Храмот е посветен на Апостол Јаков. Блиску до него минува итн. Пат за Сантјаго. Архитектонски, денешната градба претставува мешавина од повеќе стилови: готска од 15 век, и неоготска.
Катедралата не треба да се меша со Катедралата во Сантјаго де Компостела.
Категорија:Билбао Категорија:Згради и градби во Билбао Категорија:Катедрали во Шпанија Категорија:Базилики во Шпанија Категорија:Готска архитектура