I Зимски олимписки игри, познати и како Меѓународна недела на зимските спортови (француски: Semaine des Sports d'Hiver) се одржале од 25 јануари до 5 февруари 1924 година во Шамони, Франција, во рамките на Летните олимписки игри, кои истата година се одржале во Париз. Спортските натпревари се одржувале во близина на Шамони, а организатор бил Францускиот олимписки комитет. Меѓународниот олимписки комитет, подоцна ги нарекол први олимписки игри.

Иако уметничкото лизгање било спорт, кој бил дел од Летните олимписки игри во Лондон и Антверпен и хокејот на мраз на игрите во Антверпен. Останатите зимски спортови се ограничени од годишното време, па отсекогаш се одржувале само на Зимските олимписки игри. На состанок на МОК во Лозана во 1921 година, било одлучено во 1924 во Шамони да се организира „меѓународна недела на зимските спортови“.

Краток преглед Првиот златен медал на Зимските олимписки игри го освоил Чарлс Џотроу од САД во дисциплината 500 m брзо лизгање. Соња Хени, со само 11 години се натпреварувала во уметничко лизгање во женска конкуренција. Иако завршила последна, таа го привлекла вниманието на публиката. На следните три Зимски олимписки игри освоила 3 златни медали. Швеѓанецот Гилис Графстром освоил злато во уметничко лизгање во машка конкуренција, со што станал единствениот спортист во поединечна конкуренција досега, кој злато освоено на Летните олимписки игри, успеал да го одбрани на Зимските олимписки игри. Хокеарската репрезентација на Канада го освоила златниот медал со 6 победи во исто толку натпревари и гол-разлика 110-3. Со оваа победа, слично како и Гилис Графстром, канадската хокеарска репрезентација успеала златото освоено на Летните олимписки игри, да го одбрани на Зимски.

Церемонија на затворање На церемонијатана свечено затворање на игрите, била доделена награда за спорт, кој не бил дел од игрите. Имено, Пјер де Кубертен му доделил награда за алпинизам на Шарл Гранвил Брус, кој предводел експедиција, која не успеала да се искачи на Монт Еверест во 1922 година.

Епилог Во 1925 година била донесена одлука од страна на МОК, секои 4 години и во иста година со Летните, да се одржуваат и Зимски олимписки игри. Оваа традиција траела до 1992 година.

Во 1974 година бил доделен последниот медал од игрите во Шамони во 1924 година. Андерс Хауген, кој дотогаш се водел како четвртопласиран во скијачки скокови, бил одликуван со бронзен медал. По 50 години, било утврдено дека е направена грешка во резултатот на Торлиф Хауг, кој погрешно го освоил бронзениот медал, па со промената се променил пласманот на овие двајца натпреварувачи.

Во 2006, МОК дополнително ги додели освоените медали во карлинг од игрите во 1924. Од страна на МОК беше одлучено дека спортот, официјално бил дел од програмата на игрите, откако во весникот Glasgow Herald истото било објавено во корист на семејствата на натпреварувалчите во карлинг.

Спортови Меали биле доделени во 16 дисциплини во 7 спортови. Според многу извори, спортовите карлинг и воена патрола биле демонстративи. Сепак, во 1924 немало такво именување на спортовите. Во 2006, МОК донесе правилник, според кој спортот карлинг е дел од редовната програма и медалите осовоени во овој спорт се додаваат на емдалите освоени во другите спортови. Боб Брзо лизгање Карлинг Хокеј на мраз Уметничко лизгање Нордиско скијање: Скијачко трчање Нордиска комбинација Скијачки скокови Воена патрола (спорт сличен на биатлон)

Распоред на натпревари Во продолжение е даден распоред на натпреварите по натпреварувачки денови, но само во спортовите за кои биле доделени медали. {| class="wikitable" style="margin:0.5em auto; font-size:90%;" |- |bgcolor=#00cc33| ● ||Церемония открытия|| bgcolor=#3399ff| ● ||Квалификация соревнований || bgcolor=#ffcc00| ● ||Финалы соревнований|| bgcolor=#ee3333 | ● ||Церемония закрытия

{| class="wikitable" style="margin:0.6em auto; font-size:100%; line-height:1.25em;" |- ! colspan=3| !!width=15|24 !!width=15|25 !!width=15|26 !!width=15|27 !!width=15|28!! width=15|29!! width=15|30!! width=15|31 !!width=15|1 !!width=15|2 !!width=15|3 !!width=15|4 !!width=15|5 !! Вкупно |- | colspan=2 |Церемонии |21п|center | bgcolor=#00cc33 align=center|●

| bgcolor=#ee3333 align=center|● | |- align="center" | align="left" colspan=2| Боб |20п

| bgcolor="#3399ff" | | bgcolor=#ffcc00 | 1

| 1 |- align="center" | align="left" colspan=2| Карлинг |20п

| bgcolor="#3399ff" | | bgcolor="#3399ff" | | bgcolor=#ffcc00 | 1

| 1 |- align="center" | align="left" colspan=2| Брзо лизгање |20п

| bgcolor=#ffcc00 | 2 | bgcolor=#ffcc00 | 2

| 4 |- align="center" | align="left" colspan=2 | Нордиска комбинација |20п

| bgcolor="#3399ff" | | | bgcolor=#ffcc00 | 1

| 1 |- align="center" | align="left" colspan=2| Скијачко трчање |20п

| bgcolor=#ffcc00 | 1

| bgcolor=#ffcc00 | 1

| 2 |- align="center" | align="left" colspan=2| Скијачки скокови |20п

| bgcolor=#ffcc00 | 1

| 1 |- align="center" | align="left" colspan=2| Воена патрола |20п

| bgcolor=#ffcc00 | 1

| 1 |- align="center" | align="left" colspan=2| Уметничко лизгање |20п

| bgcolor="#3399ff" | | bgcolor=#ffcc00 | 1 | bgcolor=#ffcc00 | 1 |bgcolor=#ffcc00 | 1

| 3 |- align="center" | align="left" colspan=2| Хокеј на мраз |20п

| bgcolor="#3399ff" | | bgcolor="#3399ff" | | bgcolor="#3399ff" | | bgcolor="#3399ff" | | bgcolor="#3399ff" | | bgcolor="#3399ff" | | bgcolor=#ffcc00 | 1

| 1 |- align="center" | align="left" colspan=3| Вкупно

| 2 | 2 | | 2 | 3 | 1 | | 1 | 2 | 2 | |15

Земји-учеснички На игрите учествувале спортисти од 16 земји.

20п Италија 20п Југославија 20п Канада

Еден натпреварувач од Естонија бил пријавен за настап во брзо лизгање, но не се натпреварувал.

Освојувачи на медали 1 476172 443113 21034 20135 12146 11247 11028 20п Канада 10019 003310 0011

Поврзано

Олимписки игри Зимски олимписки игри Меѓународен олимписки комитет

Наводи

Надворешни врски

Шамони 1924, МОК

Категорија:Зимски олимписки игри