Fighting Windmills (F.W!) е бенд од Скопје, Македонија. Официјално бендот беше основан кога Бука (гитара, вокал), БумБар (бас) и Ена (виолина, вокал) беа разочарани од расформирањето на нивниот претходен бенд Таратур, но и цврсто решени да продолжат со правењето музика. Нешто подоцна им се придружи во бендот и Нина (тапани).

Почетоци Од есента 2007 бендот забрзано почнува да работи, за кратко време создава многу песни. Првиот настап на Fighting Windmills се случи на 20.октомври.2007 во клубот Кастро во Скопје, на кој се надоврзаа многу други настапи. До ден денес тие имаат свирено со значајни имиња од македонската, регионалната и светската сцена како The Toasters, Ringispil, Elvis Jackson, Jabolko za Daskalot, White Noise In The White Room, Културно Уметнички Работници, PMG Kolektiv, Dz Dz, Analena, Plus Dots… свиреа и на првиот Скопски Пиволенд, свиреа и на вториот Скопски Пиволенд и многу други. Најзначајниот настап на бендот е настапот на EXIT фестивалот во Нови Сад, летото 2008.

"Аграрни реформи и варијации на тема..." Истата година го снимаат албумот „Аграрни реформи и варијации на тема...“ кој содржи 15 песни, издаден за Литиум Рекордс. Големата промоција на албумот се случи како дел од Таксират 10 фестивалот, на која бендот ја делеше сцената со Рамбо Амадеус.

EP - "?!" Во почетокот на 2009 им се приклучува нов член во бендот, Никола (труба), а набрзо потоа на местото тапанар доаѓа Мачак. Бендот во овој состав издава EP со 4 песни насловено “?!" ” издадено во 2010 за PMG Recordings.

Според непишаното правило на овој бенд, за секое ново издание да имаат нов тапанар, така и за вториот нивни албум на кој моментално работат го ангажираа Дарко за таа позиција. Албумот треба да биде издаден кон крајот на 2010 година.

Дискографија ГодинаИмеИздавачка куќа2008Аграрни реформи и варијации на тема...Lithium Records2010EP - ?! PMG Recordings Надворешни врски Официјално мрежно место Официјален myspace Официјален facebook Last.fm

Категорија:Македонски ска групи Категорија:Појавено во 2007 година во Македонија