Плочка катедрала (полски: Bazylika katedralna Wniebowzięcia Najświętszej Maryi Panny)) — катедрала во градот Плоцк, Полска. Таа е посветена на Света Богородица на Мазовија и претставува еден од најзначајните примери на романиката во Европа.

Катедралата во Плоцк била основана во 1075 година. Првите извори околу храмот датираат од 1102 година, односно од времето на Владислав I Херман, кој бил погребан во објектот. Во 1129 година таа била реконструирана во времето на Болеслав III и бископот Александар. Во периодот од 1136 до 1144 година била обновувана од пожарот којшто го зафатил градот. Во 1144 година била осветена и посветена на Света Богородица. Христијанскиот храм бил реновиран и во 1531-1535 година по пожарот од 1530 година. Изгледот на новиот храм бил земен од црквата Свети Агостино и црквата Санта Марија дел Пополо во Рим. За последен пат, зградата била обновена во 1903 година.

Наводи

Катедрала Категорија:Римокатолички катедрали во Полска Категорија:Романска архитектура Категорија:Базилики во Полска