Осмиот македонски конгрес на македонските друштва во Бугарија започнал со својата работа на 4 април 1901 година во Софија.

Заседание, делегати и работа

На овој конгрес присуствувале 123 делегати , а меѓу нив бил и Гоце Делчев П. Константин Национлнотоослободително движение в Македония и Тракия 1893-1093, София, 1979..

Конгресот ги разгледал односите помеѓу ТМОРО и Врховниот Комитет (Врховен македонско-одрински комитет) и била осудена дејноста на Борис Сарафов.

Било разгледано прашањето за востание во Македонија , притоа Димитар Ризов истакнал дека треба да се избегнува предвремено кревање на востание и во таа смисла го осудил Иван Цончев.

Димитар Ризов за претседател на ВК го предложил Гоце Делчев.

Во името на ТМОРО се обратил Н. Габровски кои истакнал дека организацијата треба да го подготвува востанието, а Врховниот комитет да ги помогне материјално и морално. И. Цончев и Стојан Михајловски од тактички причини ги прифатиле барањата .

Гоце Делчев на 7.04.1901 година се обратил пред конгресот и притоа истакнал:

Решенија

На конгресот било избрано ново раководство за Врховниот Комитет и во него влегле: претседател Стојан Михајловски, потпреседател Владимир Димитров, секретар Иван Кепов, советници - д-р Димитар Владов и Георги Минков.

За уредник на Реформи бил избран Никола Харлаков.

На овие избори за новото раководство учествувал и Гоце Делчев и тој добил 46 гласа, односно 2 гласа помалку од С. Михајловски, зад кој стоел кнезот Фердинанд I. Задачата на Стојан Михајловски била да го подготви теренот за вклучување на Иван Цончев во Врховниот Комитет.

Извори

8