Цапари — село во Општина Битола, во областа Цапарско Поле, во околината на градот Битола.

До 2004 година, селото претставувало административно седиште на истоимената општина. Сместено е на падините на Баба Планина на надморска височина од 1.010 метри.

Селото е развиена рурална населба, а по него се нарекува и малата историско-географска Цапарско Поле.

Потекло и значење на името

мини|300п|лево|Сретселото

Цапари се споменува уште од 1622-1623 година. Во сите записи се именува со „Цапари“. За потеклото на името Цапари постојат две претпоставки: се претпоставува дека потекнува од апелатив (општа именка) цапар (цап) со значење „јарец“ или „јарци“ - козари, од цапар, формирано од зоонимот (име што го носи некој некој животински вид) цап 'јарец', со наставката „-ар“ + множина-и = цапари - луѓе што се занимавале со одгледување на јарци - кози - козари. името Цапари може да биде патронимско име настанато од топонимизација на родовско-семејно име Цапари, образувано со множинска наставка „-и“, а во негова основа е прекарот Цапар.

Тоа значи името на селото доаѓа од личното име Цапар - име на старешина на, односно таткото Цапар, а подоцна го добило значењето „место каде што живеат луѓето кои потекнуваат од Цапар“, т.е. каде што живее неговото семејство.

Според една легенда името на селото произлегло поради одгледување на голем број кози, жителите кон нив се обраќале со специфичен извик цап и подоцна околните села нив ги именувале со цапарци, а нивното село Цапари.

Географија и местоположба

мини|300п|десно|Улица во селото

Селото се наоѓа во југоисточниот дел на областа Цапарско Поле, во западниот дел од Општина Битола, под североисточната падина на планината Баба. Селото е планинаско, сместено на надморска височина од 1.010 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено околу 15 километри.

До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1101, а во непосредна близина поминува и магистралниот пат А3, но за да се стигне преку него најблиската клучка е во Кажани.

Цапари се сметало за едно од најголемите села во Битолско. Се наоѓа на пространата долина на Цапарска Река, десна притока на Шемница. Јужно од селото се наоѓа падината на Баба, додека северно од селото се наоѓа пониско земјиште, каде има ниви, ливаци, овоштарници и градини. Водата за пиење во минатото се добивала од повеќе чешми, која била спроведена од реката и други извори. Во некои дворови имало бунари, а на планината извираат изворите Котари, Широко, Костов Кладенец, Чешма и други.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Раменско, Саркова Нива, Леска, Кале, Пелистер, Ров-Камен, Крива Нива, Тумба, Два Гроба, Речиште и Андоново Гнојиште.

Цапари има збиен тип, куќите се групирани по маала, кои се нарекуваат: Долно, Калдрма, Костино, Милешко, Ледина, Говедариште, Сазданово и Зенговско Маало.

Атарот му се граничи: од исток со Ротино, од запад со атарот на Кажани и Маловиште, од север со атарите на Рамна и Доленци.

Историја

мини|300п|десно|Кажани (горе, лево) и Цапари (долу) за време на Првата светска војна

Месноста Кале е возвишение над селото, каде на врвот има остатоци од тврдина. На месноста Речиште, кое се наоѓа кон соседното Кажани, во нивите се наоѓаат разни старини од некогашно село. Таму постои и стара чешма. Некои денешни мештани кажуваат дека останале траги од „Елимите“.

Цапари се смета за старо село во областа. Прв пат е споменато во првата половина на век. Некогаш имало само осум словенски куќи. Од тие жители денес потекнуваат староседелските родови, додека другите родови се доселеници.

Од Цапари потекнува една од првите жени-ајдути од Македонија, па така во 1636 година се споменува ајдутката Кира од Цапари, која била во дружината на Петре Дундар. Била ајдутка заедно со нејзиниот брат Јоле.

Над селото се наоѓа стариот манастир „Св. Петка“, додека на некое црквиште во 1920-тите години била подигната црквата „Св. Атанасиј“. Во долниот дел на селото се наоѓа главната селска црква „Св. Ѓорѓи“, изградена во 1890-тите на местото на некоја стара црквичка. Околу црквата и во непосредна нејзина близина се наоѓаат бугарските воени гробишта.

Жителите на Цапари активно се вклучиле во вооружените борби против турските власти за време на Илинденското востание. Ова село, заедно со селата Ѓавато и Смилево претставувало јадрото на востанието во Битолско. Над Цапари се водела и последната битка во околијата. Селото во востанието дало 96 убиени востаници. Во селото постои споменик за загинатите востаници во 1903 година.

Вкупно 17 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

мини|300п|десно|Стара куќа користена како плевна во селото

Атарот на селото е голем и зафаќа површина од 33,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.612 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 892 хектари, а на пасиштата 609 хектари.

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција. Во него работеле текстилен фабрички погон, неколку фарми, рибник и услужни објекти. Денес, во селото има 3 продавници и 2 кафеани, од кои едната е поголема со капацитет 40 до 50 гости.

Кон средината на век, селото било чифлиг на некој бег, но тој бег им ја продал земјата на селаните и заминал во Мариово. Беговската кула во Цапари постоела до 1940-тите години.

Население

мини|300п|десно|Жени играат оро во Цапари, прва половина на XX век

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Цапари имало 1.420 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Цапари се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 250 куќи.

По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Цапари имало 1.904 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 174-175.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.550 Македонци.

Цапари во 1961 година било големо село, коешто броело 1.618 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 565 жители, од кои 562 биле Македонци, а по еден жител е Влав и Србин.

Според пописот од 2002 година, во селото Цапари имало 493 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 307 жители, од кои 284 Македонци, 1 Влав, 1 Бошњак и 21 лице без податоци.

Родови

мини|300п|десно|Семејство од село Цапари, облечени во носии, снимени во ателјето на браќата Манаки во Битола, фотографирано меѓу 1898 - 1912

Цапари е македонско православно село, селото е многу старо по постанок, па во селото има староседелски родови, како и многу стари родови со непознато потекло.

Според истражувањата на Јован Трифуноски од 1951 година, родови во селото: Староседелци: Малини (11 к.), Мучеј (8 к.), Илинкини (2 к.), Менкини (1 к.), Трајковци (11 к.), Станини (8 к.), Китини (4 к.), Љуманковци (3 к.), Тонковци (11 к.), Еленини (6 к.) и Калинини (3 к.). Доселеници: Доселенички родови со непозната старина се: Велевци (16 к.), Карафиловци (9 к.), Котевци (8 к.), Тончевци (7 к.), Чкоровци (6 к.), Црцовци (6 к.), Пашовци (5 к.), Штатевци (5 к.), Даневци (5 к.), Вутичовци (5 к.), Ќеремелевци (4 к.), Зајковци (3 к.), Чулевци (3 к.), Саздовци (3 к.), Порковци (2 к.), Блажевци (2 к.), Ќесковци (2 к.), Блажевци (2 к.), Чонинци (2 к.), Анчевци (2 к.), Наумчевци (2 к.), Анѓелковци (1 к.), Обетковци (1 к.), Ѓиневци (1 к.), Солевци (1 к.), Гологановци (1 к.), Сорче (1 к.), Анаѓијовци (1 к.), Чанковци (1 к.), Дуртановци (7 к.), Стевановци (7 к.), Капинковци (6 к.), Мешковци (6 к.), Шикановци (6 к.), Љасковци (6 к.), Дилевци (5 к.), Баваровци (5 к.), Дупешовци (5 к.), Шопевци (5 к.), Урдаревци (5 к.), Врчковци (4 к.), Грашаровци (4 к.), Марковци (3 к.), Доневци (2 к.), Скепатовци (2 к.), Џарџевци (2 к.), Мишевци (6 к.), Кукловци (5 к.), Гаштевци (5 к.), Дерделии (4 к.), Кочановци (2 к.), Иванини (1 к.), Булевци (6 к.), Зенговци (3 к.), Талковци (3 к.), Аврамовци (1 к.), Нечаковци (6 к.), Јовевци (1 к.), Ѓечевци (5 к.), Чорбевци (4 к.), Љаковци (4 к.), Лушини (3 к.), Крушановци (3 к.), Старшовци (2 к.), Петкојчини (2 к.), Бабушкини (1 к.), Динкини (1 к.), Грујовци (1 к.), Чурлевци (1 к.), Буњаровци (1 к.), Калинини (1 к.), Грешовци (1 к.) и Манастирци (1 к.). Доселени родови со позната старина се: Роштанковци (4 к.), доселени се од соседното село Ротино, каде припаѓале на родот Унчевци; Нашовци (5 к.), потекнуваат од предок Влав, кој дошол како слуга од соседното село Маловиште, овде се оженил и основал род, подалечно потекло од Москополе; Аргировци (1 к.) и тие потекнуваат од предок кој бил Влав, кој дошол од селото Долна Белица, Струшко.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ од 1951 година, родови во селото се: Староседелци: Сарамандовци (9 к.), Танчевци (11 к.), Златини и Нановци (3 к.), Саздановци (8 к.), Штерјовци (2 к.), Калилини (9 к.), Зајковци (3 к.), Гроздановци (2 к.), Кочовци (2 к.), Илинкини (2 к.), Дончовци (6 к.), Каравиловци (6 к.), Пашовци (4 к.), Керемелевци (3 к.), Тноковци (10 к.), Веловци (20 к.), Ќесковци (2 к.), Еленини (5 к.), Огненовци или Чкоровци (5 к.), Голгановци (1 к.), Анѓелковци (1 к.), Дамевци (5 к.), Муќевци (7 к.), Тошаковци (2 к.), Јамандиловци (3 к.), Малинини или Мицаковци (3 к.), Богдановци и Јосифовци (3 к.), Коликоњовци (3 к.), Дерделевци или Белчевци (4 к.), Иванини (1 к.), Порковци (2 к.), Гечевци (3 к.), Трпезановци или Грашаровци (7 к.), Дупешовци (7 к.), Кочановци (2 к.), Начовци (2 к.), Гаштевци (6 к.), Чонини (2 к.), Дуртановци (6 к.), Кукуловци (5 к.), Штатевци (4 к.), Ѓиковци (4 к.), Мандулевци (2 к.), Мишковци (6 к.), Бабушкини (1 к.), Наумчевци (2 к.), Лушкини (4 к.), Грујовци (1 к.), Ачевци (5 к.), Станини (8 к.), Трајковци (12 к.), Петкојчини (1 к.), Шепентулевци (3 к.), Чулковци (2 к.), Нечаковци (5 к.), Толаковци (3 к.), Јовевци (1 к.), Китини (4 к.), Мишевци (7 к.), Шикановци (5 к.), Чорбевци (2 к.), Тажовци и Марковци (4 к.), Грежовци (1 к.), Вустичовци (5 к.), Црцовци (5 к.), Бечваровци (4 к.), Урдаровци (2 к.), Љумаковци (2 к.), Стевановци (7 к.), Ласковци (6 к.), Дилевци (4 к.) и Врчковци (5 к.). Доселеници: Сорчевци (1 к.), доселени се однекаде; Капинковци (5 к.), исто така доселени се однекаде. Потекнуваат од предок Ром; Костурчини или Петковци (1 к.), доселени се од некое место во околината на Костур; Роштанкини (4 к.), доселени се околу 1875 година од селото Ротино; Блажевци (2 к.), доселени се во 1890 година од Крушево; Аврамовци (1 к.), доселени се околу 1896 година од селото Глобочица кај Струга; Крушјановци (2 к.), доселени се во 1898 година од селото Крушје во Преспа; Василовци (1 к.), доселени се во 1900 година од селото Подгорци кај Струга; Нашовци (4 к.), доселени се од селото Маловиште. По потекло се Власи; Анаќијовци (1 к.), доселени се во 1900 година од селото Ротино; Канатларовци (2 к.), доселени се од селото Кажани; Аргирови (1 к.), доселени се од Дебар. А таму се доселиле од селото Себишта во Голо Брдо и Кицовци (1 к.), доселени се од негде.

Иселеништво

До 1951 година се знаело за овие иселеници: Саздановци (1 к.), Мишевци (1 к.) и Живко (1 к.), иселени се во селото Лера, Цапарци (1 к.), иселени се во селото Маловиште, Менкини (1 к.), иселени се во селото Рибарци и Цапарковци (1 к.), иселени се во селото Долна Чарлија. Во градот Битола се иселени семејства на денешните родови: Саздановци (3), Пашовци (1), Шатевци (1) и Ачевци (1). Во Бугарија заминало едно семејство од родот Црцови. Во Австралија заминало едно семејство од родот Дуртановци. Во Северна Америка се иселиле семејства од родовите Чулевци, Шикановци, Гаштевци (2) и Сорче (1). Изумрел родот Астаковци.

Многу население е иселено во Битола, САД (прв иселеник во 1895 година), Канада, Австралија (прв иселеник во 1920 година) и многу места на Европа.