Ѓоко Танески ( во ) e македонски пејач.
Животопис Ѓоко Танески е роден на 2 март 1977 година, во Охрид, каде што живее. Тој е четврто дете во семејството. Во Кавадарци завршил средно шумарско училиште. Ѓоко Танески е оженет и има две ќерки: Анастасија, родена во 2007 година, и Михаела, родена во 2011 година.Соња Алексоска Неделковска, „Ниту се карам, ниту се тепам“, Антена, број 852, 24.20.2014, стр. 10-11.
Музичка кариера Своите музички почетоци, Танески ги направил во Кавадарци, кога за време на средношколските денови ја оформил својата прва група, со која настапувал на локалната сцена. Евровизија 2010 На 20 февруари 2010 година, Танески победил на македонското национално финале за избор на песна за Евровизија. Така, тој ја претставувал Македонија на фестивалот „Евровизија 2010“, одржан во Норвешка, со песната „Јас ја имам силата“.
Дискографија Албуми
Збогум најмила (2007)
Песни
„Никогаш доста“ (2008) „Јас ја имам силата“ (2010) "Немам ниту сон" (2018) "Тој што во срце те носи" (2019) "Една љубов имам" (2019) "Ден по ден" (2020) "Ти" (2021)
Наводи
Надворешни врски
„Јас ја имам силата“ - евровизиската песна на Ѓоко Танески на YouTube.
Категорија:Македонски поп-пејачи Категорија:Православни христијани Категорија:Луѓе од Охрид Категорија:Родени во 1977 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Учесници на Евровизија