Марина Мијаковска (, ) — македонска поетеса, есеист, прозаист и книжевен критичар.
Животопис Во 2007 година, Мијаковска дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Истата година, таа ги посетувала предавањата од областа на родовите студии во истражувачкиот центар за родови студии „Евро-балкан“ од Скопје. Во 2008 година ја завршила обуката за административно работење и се стекнала со психолошка, педагошка и методиска доквалификација на Филозофскиот факултет. Во јуни 2010 година била интервјуер на фокус групи на проектот „Индекс на социјална инклузија на локално ниво“, организиран од институтот „Евро-балкан“. Во 2011 година, Мијаковска ја одбранила својата магистерска теза на тема: феминизам и женската сексуалност. Во 2017 година ја одбранила докторската дисертација со наслов „Écriture féminine и романот: Прилог кон феминистичката теорија на жанрот“. Од 2022 дo 2026 година таа во два мандата е член на Управниот одбор на Друштво на писателите на Македонија. Мијаковска од број 154 (3 број во 2024) станува уредник и член на редакцијата на „Стожер: ревија за литература, култура и уметност“ што го издава Друштво на писателите на Македонија. Таа е главен и одговорен уредник на „Стожер: ревија за литература, култура и уметност“ од број 160 (1 и 2 број во 2026) година.
Творештво Мијаковска пишува поезија, есеи, проза и книжевни критики, а текстовите ги објавувала во „Наше писмо“, „Мираж“, „Репер“ и други списанија. Мијаковска учествувала на „Струшките вечери на поезијата“ во 2010 година, во „Ноќ без интерпункција“ - поетски вечери на млади поети. Истата година ја објавила својата прва поетската збирка „Номадска душа“, во издание на „Антолог“. Истата година, за нејзината поезија, Мијаковска добила награда на поетските средби во Корча, Албанија. Во 2013 година била добитник на наградата „Караманов“ и Македонска книжевна авангарда за стихозбирката „Психоаналитичка алхемија од страсти“ (2013).www.denesen.mk. Во 2014 година ја добила наградата „Крсте Чачански“ за новелата „Куќички“. Во 2015 година ја добила наградата „Бели мугри“ на ЈУ Дом на културата „Кочо Рацин“ од Скопје.
Во 2019 година ја добила наградата „Даница Ручигај“ при ДПМ, за стихозбирката „Коскена“. Во 2023 година ја добила наградата „Горан Бујиќ“ при Друштвото на писателите на Хрватска (огранок Задар) за нејзините достигнувања во културатa.
Дела Марина Мијаковска е авторка на неколку стихозбирки, прозни книги, научни монографии, книги со есеи и книги за деца, а вклучувајќи ги следниве дела:
„Номадска душа“, објавена во 2010 година, а во издание на „Антолог“; „Куфери“, стихозбирка објавена во 2012 година, а во издание на „Матица македонска“;www.vecer.com.mk „Психоаналитичка алхемија од страсти“, стихозбирка објавена во 2013, а издание на Дом на култура „Ацо Караманов“ во Радовиш; „Куќички“, новела објавена во 2014 година, а е наградена со наградата „Крсте Чачански“; „Тиркиз во лето“, хаику поезија објавена во 2015 година; „Жанровски полимер: сандаче од ракописи во обид“, книга со есеи објавена во 2016 година, а во издание на „Дијалог“; „Новогодишни детски песни“, книга за деца објавена во 2017 година; „Есенски креативен мозаик“ (уредници: М. Мијаковска, С. Ковилоски, С. Марковски), зборник од книжевна работилница објавен во 2017 година; „Модели на родовата индентификација“, научна монографија објавена во 2018 година од „Сигмапрес“; „Коскена“, стихозбирка објавена во 2019 година во издание на „Дијалог“; „Oqueani i grave“, стихозбирка (избор од поезијата) во превод на албански јазик објавена во 2020 година; „Литературно шаренило на Балканот“ (зборник со поезија, уреднички Марина Мијаковска и Алмира Папиќ) во 2020 година во издание на „Шадрван“. „Écriture féminine и романот: прилог кон феминистичката теорија на жанрот“, докторска дисертација објавена во 2020 година во издание на ЦКС од Скопје; „Приказни од Пајко Маало“, новела објавена во 2021 година ; „Свилени времиња“, стихозбирка објавена во 2024 година; „Кошница со калинки“, сликовница за деца објавена во 2025 година; „Штркот Гвин“, сликовница за деца објавена во 2026 година.
Извори
Надворешни врски Настап на поетесата Мијаковска на поетскиот фестивал „Песнило“ 2010 Дигитална изложба „Жените во ретката периодика“ 2024 Промоција на „Приказни од Пајко Маало“ на Скопско лето 2022 година Интервју за „Модели на родовата идентификација“ Интервју за „Новогодишни детски песни“ Интервју за „Коскена“ - награда „Даница Ручигај за 2019 година Интервју за наградата „Бели мугри“ за 2015 година Емисија посветена на македонската книжевност, 2015 година Интервју за „Куфери“ на МТМ телевизија, 2013 година Интервју за Слободен печат - „Женското писмо и романот“ Дигитална изложба „Фондот на НУБ- доказ за сестраноста на Конески“ во 2021 година Промоција на „Свилени времиња Нова книга „Свилени времиња“ Нова книга „Свилени времиња“ „Свилени времиња“ - промоција - „Кошница со калинки“ сликовница -Сликовница „Штркот Гвин“ - Во потрага по вистинскиот збор на Вистинска тв -Дневник на МРТВ
Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски поетеси Категорија:Македонски есеисти Категорија:Македонски книжевни критичари Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски Македонци Категорија:Добитници на Македонска книжевна авангарда Категорија:Добитници на наградата „Караманов“ Категорија:Добитници на наградата „Бели мугри“ Категорија:Добитници на наградата „Даница Ручигај“ Категорија:Добитници на наградата „Горан Бујиќ“ Категорија:Добитници на наградата „Крсте Чачански“ Категорија:Апсолвенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје