Водачи
Претседател - Бранко Црвенковски Премиер - Владо Бучковски Претседател на Собранието - Љупчо Јордановски
Настани
јануари 1 јануари - Основана Дирекција за храна. 15 јануари - Владата на Република Македонија со цел да се зајакнат и координираат активностите, назначува Национален координатор за подготовките на земјата за членство во НАТО. 31 јануари - Владата на Република Македонија ги финализирала одговорите од Прашалникот на Европската Комисија за апликацијата на Република Македонија за членство во ЕУ.
февруари 14 февруари - Делегација на Република Македонија во Брисел ги предададе Одговорите на прашалникот од Европската Комисија на претседателот на Европската комисија Хосе Мануел Баросо.
март 13 март - Локални избори во Република Македонија, први по новата територијална поделба. 15 март - Јохан Тарчуловски екстрадиран во Хаг.
април 22 април - создадено Знаме на Општина Бутел.
мај
јуни 18 јуни - Формирана Земјоделска народна партија на Македонија.
јули август
септември
октомври 26 октомври - Формирана е партијата Сојуз на Титови леви сили.
ноември thumb|десно|100px thumb|десно|100px 9 ноември - Европската комисија го објави мислењето за кандидатурата на Република Македонија за членство во Европската унија. Во мислењето се препорачува доделување на статус кандидат за членство во ЕУ. 26 ноември - Лилјана Поповска ја формира Демократска обнова на Македонија. 30 ноември - Тито Петковски ја формира НСДП, како реакција на незадоволството кое подолго време владееше во редовите на СДСМ. Формирањето на оваа партија се смета како еден од главните фактори за поразот на владата на Владо Бучковски во јули 2006 година. На тие избори НСДП освои 6 пратенички места и стана дел од владејачката коалиција.
декември 17 декември - Претседателството на Европскиот совет во Брисел на Македонија и додели статус на кандидат за членство во Европската Унија. 28 декември - Формирана е Конфедерација на слободни синдикати.
Култура Музика
thumb|десно|150п|Леб и сол Anthology thumb|десно|150п|По тебе Македонија на Евровизија 2005 ја претстави Мартин Вучиќ со песната Ти си сон. По тебе, албум на Тоше Проески. Во заборав, албум на Каролина Гочева. Сино, албум на Тамара Тодевска. Сонце и месечина, албум на Александра Пилева Благица Павловска, албум на Благица Павловска Mooger Fooger, албум на Mooger Fooger Necrotesticvs , албум на Necrotesticvs Шлагери од Содома, албум на Т.Б. Трачери Стиховна Агенда, албум на Тони Зен Целосно ти припаѓам, албум на Бојана Атанасовска Муза, албум на Мартин Вучиќ Леб и сол Anthology, албум на Леб и сол By All Means, албум на Dedicated for Life Формирана е групата Serpentine Fire.
Филм и телевизија thumb|десно|150п|BOM TV Години самотија во режија на Филип Кондовски. Денот на Ашуре во режија на Елизабета Конеска. Дом? во режија на Вардан Тозија. Кабадаја во режија на Филип Јовановски. Контакт во режија на Сергеј Станојковски. Остани исправен во режија на Кристијан Ристески. Охридските трубадури во режија на Атанас Чупоски. Петнаесет секунди во режија на Даријан Пејовски. За првпат се одржа Астерфест, меѓународен филмски фестивал. Започна да работи BOM TV.
Книги и списанија
thumb|десно|150п|Kajgana.com Пиколомини пред портите на Скопје од Данило Коцевски Љубовта на Грифонот од Мето Јовановски Студен мрак од Ристо Јачев Премин во маглата од Мишо Јузмески Филип II Македонецот од Ангелина Маркус Македонска древна медицина од Ангелина Маркус Македонските древни театри од Ангелина Маркус Тополчани во срцето на Пелагонија од Ангелина Маркус Започна да работи Погодок!. Започна да работи Kajgana.com.
Објекти thumb|десно|150п|Ресенски сарај thumb|десно|150п|Споменик Македонија Изграден споменикот Македонија во Струмица. Камен темелник на Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје. Реставриран Ресенскиот сарај. Изградена црквата „Св. Јован Крстител“ во Беловиште. Изградена црквата „Св. Атанасиј“ во Сопотница. Изградена црквата „Св. Петка“ во Горно Оризари. Камен темелник на црквата „Св. Петка“ во С'лп. Осветена е црквата „Св. Атанасиј“ во Сараќино. Осветена е црквата „Св. Димитриј“ во Сушево. Осветена е црквата „Св. Петка “ во Скопје. Осветена е црквата „Св. Богородица“ во Тимјаник. Поставена е бронзената скулптура Симфонија на мирот во Скопје.
Останато
За првпат е доделен Орден за воени заслуги. Македонија со 38% невработеност. Комбиниран медицински тим од три земји вклучувајќи ја и Македонија им се придружува на силите на НАТО во Авганистан.. Македонија е домаќин на вежбите на ПзМ „Кооперативен придрушник 05“ и „Кооперативен стрелец 05“. Основан е ЕЛЕМ. Основан е МЕПСО. Основано е КБ Прво пензиско друштво.
Спорт Фудбал
ФК Работнички стана шампион по фудбал во сезоната 2004/2005 година. ФК Башкими го освои купот на Македонија. Квалификации за светско првенство во фудбал (2006)
* Пријателски натпревари
Кошарка КК Фершпед Работнички стана шампион во Првата македонска кошаркарска лига. КК Фершпед Работнички го освои купот на Македонија. КК Македонија го промени своето име во КК Струмица. КК Тиквеш го промени своето име во КК Фени Индустри. Основан е КК АМАК СП. Основан е КК АБА Струмица.
Починати thumb|десно|100px|Васко Караџа thumb|лево|100px|Милчо Ристов
Усни Доко, македонски и југословенски кајакар. Васко Караџа, македонски писател. Неџми Мехмети, македонски писател и новинар. Милчо Ристов, македонски физичар. Љутви Сејфула, македонски глумец. Бранко Трпеновски, македонски професор. Ангел Чемерски, македонски политичар. Александар Андреевски, македонски лекар. Горан Георгиевски – Мујо, македонски бранител. Ѓорѓи Саздовски, македонски лекар. Трајко Стојковски, македонски партизан.
Родени
Наводи