Социјалистичка Република Македонија во 1990 година 200px|Знаме на Македонија 200px|Грб на Македонија
Водачи Претседател на Претседателството - Јездимир Богдански и Владимир Митков Претседател на Извршниот совет - Глигорие Гоговски Претседател на Народното Собрание - Вулнет Старова
Настани јануари 22 јануари - Делегатите на Словенија, Хрватска и Македонија го напуштаат 14-иот конгрес на СКЈ.Yugoslavia on the Brink
февруари 1 февруари - околу 2.000 Албанци протестирале во Тетово барајќи независност на регионот во Западна Македонија, каде етничките Албанци го конструирале мнозинството.
март 11 март - Мирни демонстрации во Софија на стотина Македонци од Софија и од Пиринска Македонија. Врачена Петиција до Народното собрание на НР Бугарија. 29 март - Со донесување на Статутот на Македонска пошта биле основани 16 основни организации во 16 градови во Македонија.
април 14 април - Во Сандански, Бугарија е формирана ОМО Илинден, а за водач е избран Стојан Георгиев Томовичин.
мај 19 мај - Во Велес е формирано Движењето на екологистите на Македонија (ДЕМ) кое во 1993 година е примено во најпознатите европски и светски асоцијации.
јуни десно|thumb|150п|ВМРО-ДПМНЕ лево|thumb|150п|Работничка партија 17 јуни - Основана е ВМРО-ДПМНЕ. 24 јуни - Основана е Работничка партија.
јули 23 јули - Јусуф Реџепи избран за прв претседател на НДП.
август лево|thumb|150п|Осветен храмот „Св. Климент Охридски“
август - Основана Канадско-македонската федерација во Торонто, Канада. 5 август - Регистрирана е партијата ВМРО-ДПМНЕ. 25 август - Невзет Халили е избран за водач на партијата ПДП. 12 август - Во Скопје е осветен Соборниот храм на МПЦ, Св.Климент Охридски.
септември 15 септември - Основачкото собрание на Светскиот македонски конгрес. 20 септември - Собранието на СР Македонија ги прогласи 25-те амандмани на Уставот на СР Македонија, според кои, меѓу другото, Македонија стана повеќепартиска држава.
октомври 25 октомври - Во Скопје е формирано Здружението „Голи Оток“.
ноември 5 ноември - Регистрирана е партијата Реформски сили - Либерална партија. 8 ноември - Собранието на СР Македонија ја одржа последната официјална седница на стариот делегатски состав, пред претстојните повеќепартиски избори. 20 ноември - по усвојувањето на Уставот, Република Македонија станала независна држава. На специјалната седница на парламентот за усвојување на Уставот на Република Македонија, таа била бојкотирана од страна на ПДП-НДП; 25 ноември - ВМРО-ДПМНЕ победи на првите повеќепартиски избори во Македонија со 37 места во парламентот. Комунистите добиваат само 31 место.
декември
Култура За првпат се одржа ликовната изложба „Самоуки“.
Музика На Валандово фолк фест победи Гоце Николовски со песната Бисер балкански. Ѕвонат ѕвона, албум на Љупка Димитровска. Основана група Анастасија. By the Rivers of Babylon, албум на Анастасија. Икона, албум на Анастасија. Основана група Пеперминт.
Филм и телевизија На 8 април е воведена емисија на ромски јазик „Преродба“ на МРТВ.
Книги
Беседа за делото на Вапцаров од Блаже Ристовски. Вистината за Прохор Пчински од Ставре Џиков. Точка на вриење од Ристо Лазаров. Ведро едро од Тоде Илиевски. Востаната Македонија од Ристо Дамјановски. Неметалични минерални суровини во Македонија од С. Ракиќ. Преглед на средновековсни цркви и манастири во Македонија од Илија Велев. Легенди и преданија за Свети Наум од Стојан Ристески Партизанскиот одред “Славеј“ од Стојан Ристески Ветар во градите од Ѓорѓија Најдоски
Објекти Црква „Св. Богородица“ - Штрбово Црква „Св. Ѓорѓи“ - Сирково (нова црква) Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Лознани Црква „Св. Пантелејмон“ - Согле Црква „Св. Троица“ - Росоман Црква „Св. Илија“ - Големо Илино Црква „Св. Климент Охридски“ - Чашка Црква „Св. Никола“ - Балин Дол
Останато
Спорт Гимнастика Весна Дунимаглоска стана државен шампион на Македонија во повеќебој, гимнастика.
Починати 5 јануари - Филип Симоновски, македонски новинар. 11 јануари - Асен Тодоров, македонски новинар. 27 февруари - Михаил Д. Петрушевски, македонски академик. 7 март - Спиро Прилепчански, македонски новинар. 25 јуни - Кузман Сотировски, македонски фудбалер и прв македонски олимпиец. 21 јули - Петар Стеванов Тофовиќ, македонски неврохирург. 22 јули - Асан Керим, македонски и југословенски политичар. 5 септември - Ванчо Михајлов, раководител на ВМРО. 2 ноември - Панче Мировски, македонски лирски тенор.
Родени 12 март - Илија Несторовски, македонски фудбалер. 27 март - Елена Ѓорѓиевска, македонска ракометарка. 3 април - Стефани Наумоска, топ модел од Австралија. 22 мај - Никола Маркоски, македонски ракометар. 26 октомври - Роберт Стамболџиев, австралиски фудбалер со македонско потекло. 1 декември - Стефан Марковски, македонски писател.
Наводи