мини|десно|250п|Возвишението Пјетра ди Бизмантова мини|десно|250п|Мајела thumb|250п|Корно Гранде thumb|250п|Монте Веторе Апенини ; ; ) — планински венец составен од помали напоредни венци што се протега 1.200 км долж полуостровска Италија. На северозапад се сврзуваат со Лигурските Алпи кај Алтаре. На југозапад завршуваат кај крајбрежниот град Реџо Калабрија на крајот од полуостровот. Почнувајќи од 2000 г., во состав на Апенините се вбројуваат и планините на северот на Сицилија, продолжувајќи ги до вкупно 1.500 км. Системот образува лак што ја опфаќа источната страна на Лигурското и Тиренското Море.
Многумина сметаат дека името на венецот доаѓа од келтскиот поим penn, што значи „планина“ или „врв“. Така, се смета дека името изворно гласело и се однесувало на Северните Апенини. Претпоставката е дека ова име го дале Келтите, кои своевремено биле најбројниот народ во северна Италија (IV век п.н.е. или претходно). Иако оваа теза е најверојатна, не може да се каже дека ужива едногласност.
По венецот е наречен и целиот Апенински Полуостров, кој го сочинува најголемиот дел од Италија. Планините се претежно прекриени со растителност, но има и попусти места, како врвот Корно Гранде („Голем Рог“), кој е делумно зафатен од ледникот Калдероне — единствениот ледник на Апенините, кој почнал да се повлекува уште во 1794 г. Јужните Апенини имаат повеќе степски карактер. Источните падини што се спуштаат во Јадранското Море се стрмни, додека пак западните падини образуваат подножно ридје на кое се сместени највеќето градови во полуостровскиот дел на земајта. Планините обично се нарекуваат по покраините во кои се наоѓаат (на пр. во Лигурија се сместени Лигурските Апенини). Постојат и недоречености, поради нејаснотиите во пограничните подрачја.
Географија Апенините се делат на три дела: Северни Апенини (), Централни Апенини () и
Северните Апенини се состојат од три подвенци: Лигурски Апенини (), Тоскански Апенини () и Умбриски Апенини ()..
Екорегиони
северен и централен: апенински листопадни планински шуми (биом умерена широколисна и мешана шума) од север до југ: италијански тврдолисни и полулистопадна шуми (биом средоземни шуми и макии) јужен: јужноапенински мешани планински шуми (исто така средоземен биом)
Се проценува дека на Апенините виреат 5.599 вида васкуларни растенија, од кои 728 (23,6%) се сместени на екотонот на шумската граница.
Поважни врвови Апенините имаат 21 врв повисок од 1.900 м што приближно ја претставува шумската граница. Највеќето од нив се сместени во Централните Апенини..
ИмеВисинаКорно Гранде 2912 мМонте Амаро (Мајела) 2793 мМонте Велино 2486 мМонте Веторе 2476 мПицо ди Сево 2419 мМонте Терминило 2217 мМонте Сибила 2173 м Монте Чимоне 2165 м Монте Кузна 2121 м Моронски Планини 2061 м Монте Прадо 2053 мМонте Милето 2050 м Сучиски Алпи 2017 м Монте Пизанино 1946 мКорно але Скале 1915 мМонте Алто 1904 мЛа Нуда 1894 мМонте Маџо 1853 мМонте Џоварело 1760 м Монте Катрија 1701 мМонте Готеро 1640 мМонте Пенино 1560 мМонте Нероне 1525 мФумајоло 1407 м
Поврзано Апенински Полуостров Географија на Италија Национални паркови во Италија
Наводи
Библиографија
.
Надворешни врски
Категорија:Планински венци во Италија