Марјан Додовски ( во Скопје - во Скопје) — македонски политичар и поранешен министер за животна средина и просторно планирање.
Животопис Образование:
Додипломски студии: Институт за географија, Природно-математички факултет, Универзитет „Кирил и Методиј“, Скопје; Магистерски студии: насока Географски основи на планирањето на туризмот, Институт за географија, Природно-математички факултет. Магистер на географски науки - туризмолог, магистерски труд „Природното богатство на Република Македонија како услов за развој на туризмот“, 2004 година.
Професионален и политички ангажман Пратеник во Собранието на Република Македонија (2006-2008 година) Претседател на собраниската комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство Раководител на секторот за заштита на животната средина и природата во Град Скопје (2005- 2006 година) Член на Советот на Град Скопје (2005 година) Министер за животна средина и просторно планирање и заменик министер за животна средина и просторно планирање (1998-2002 година) Реализација на Проектот за Спас на Дојранското Езеро Наставник по географија во ОУ „Крсте Петков Мисирков“, Скопје (1996-1997 година) Генерален секретар на Движењето на екологистите на Македонија (ДЕМ) (1997-1998 година) Секретар на Движењето на екологистите на Македонија (ДЕМ) (1995-1997 година) Член на претседателството на Еколошко Друштво „Опстанок”, Скопје (1994 година) Колумнист во дневни, неделни и месечни весници; Аматерски активности во ликовната уметност - правец интарзија. Автор на книгата „Дојранско Езеро - Од агонија до живот“
Партиски ангажман Член на ВМРО-ДПМНЕ од 1990 година; Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ од февруари 2003 година; Претседател на Комисија за животна средина, локална самоуправа и невладини организации Регионален координатор на ИЕ 5 и ИЕ 3 Член на ИК на ВМРО-Народна Партија од 2004 година Претседател на ВМРО-Народна партија, избран на 14 Конгрес на партијата кој се одржа на 23 октомври 2009 година во Скопје. В.Д. претседател на ВМРО-Народна партија од 27 декември 2008 година. Избран на Седница на Централен Комитет на партијата во Штип. Член на ВМРО-ДПМНЕ од 01.02.2012 година
Смрт Додовски починал во Скопје поради компликации со коронавирусот на 2 јануари 2022 година.
Наводи
Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Македонски пратеници Категорија:Македонски министри Категорија:Македонски писатели Категорија:Политичари од ВМРО-НП Категорија:Апсолвенти на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Починати од КОВИД-19 во Македонија