Второто Бугарско Царство () или Бугарско-Влашко Царство — средновековна држава која постоела во периодот помеѓу 1185 и 1396 година (или 1422). Таа претставувала директен наследник на Првото Бугарско Царство. Својот врв од нејзиното постоење државата го доживеала во времето на царот Калојан и Иван Асен II, пред истата да биде заземена од страна на Отоманското Царство кон доцниот 14 век и почетокот на 15 век. Во текот на историјата, по ослободувањето на територијата од Османлиите, било формирано најпрвин Кнежевство Бугарија, а подоцна Царство Бугарија и денешната Република Бугарија.

До 1256 година, т.н. Второ Бугарско Царство имало доминантна моќ на Балканскиот Полуостров.http://www.world66.com/europe/bulgaria/history Историја на БугаријаВизантија на неколкупати била поразена во многу големи и значајни битки. Порази доживеала и новоформираното Латинско Царство во 1205 година во Битката кај Одрин, кога бугарските војски биле предводени од Калојан. Неговиот внук Иван Асен II (1218-1241) го поразил Епирското Деспотство, зацврстувајќи ја доминантната власт на Бугарите над Балканот. Меѓутоа, поради постојаните напади кон доцниот 13 век од страна на Татари, Византијци, Унгарци како и поради пред сè внатрешната нестабилност во земјата, тоа довело до постепено распаѓање на царството. Во текот на касниот 14 век и почетокот на 15 век, земјата била целосно заземена од страна на Османлиите.

И покрај големото византиско влијание, сепак бугарските уметници и архитекти успеале да создадат посебен стил на уметност. Уметноста и литературата цветела во текот на 14 век, а голем дел од бугарското население било писмено.

Именување на државата Најчесто користено име за царството од страна на современиците било Бугарија. Познато е дека Калојан бил прогласен за крал на Бугарите и Власите.

Во современата историографија, државата се нарекува Втора бугарска империја, Второ бугарско царство, или Второ бугарско кралство за да се разликува од Првото бугарско царство. Алтернативно име кое се користи за периодот пред средината на 13ти век е Царство на Власите и Бугарите; или негови варијации Влашко–Бугарско царство, Бугарско–Влашко царство, или Романско–Бугарско царство; кое го користи само романската историографија.

Дали бугарската држава создадена по успешното востание имала влашки, бугарски карактер или обете? Византиските извори скоро исклучиво кога зборуваат за востанието на Петар и Асен, ги нарекуваат востаниците Власи. Западните извори од времето на Четвртиот крстоносен поход, кои го зазеле Константинопол и ја основале Латинската империја (1204-61) ги ословуваат Бугарите, кои во тоа време веќе имале независна држава, како Власи. Бугарските извори од почетокот на 13ти век, како и српските и дубровничките извори ја ословуваат државата и нејзиниот народ како Бугари. Современите бугарски историчари имаат тенденција да ја минимизираат улогата на Власите во востанието. Романските историчари, спротивно на тоа инсистираат дека водачите на востанието биле Власи, што ги прави создатели на бугарската држава. Меѓутоа, треба да се истакне дека 12 век не е век на национализам, и Бугарите и Власите ја населувале територијата на Бугарија, живееле пријателски и заедно. Бугарските Словени најчесто живееле во низинските делови и се бавеле со земјоделство, а Власите во планинските и се бавеле со сточарство. Наизглед, тие не се натреварувале за земја, туку и тргувале при што секој ги добивал производите од другиот, а притоа корист имале и двете групи.

Заднина

И покрај некои успеси на Византија во времето на Мануел I Комнин, сепак земјата започнала полека да се распаѓа. Михаил I Комнин во голема мера се обидел да воспоставил контрола над Јужна Италија и да ги протере турските Селџуци од Мала Азија, но во Битката кај Мариокефалон, турските Селџуци успеале да му нанесат голем пораз на царот и да воспостават трајна контрола врз дел од Мала Азија. Во исто време во внатрешноста на Византија се појавиле феудалци кои во голема мера ја потисниле централната власт, во однос на нивните посакувања. Во земјата корупцијата започнала сè повеќе да се шири, настапило социјално незадоволство помеѓу народот. Сиромашните семејства биле принудени своите деца да ги продаваат како робови за имаат можност од што да преживеат.

Кон 1183 година, во северниот дел на земјата инвазија извршиле Унгарците, кои ги ограбиле регионите околу Ниш и Средец, и според некои извори ги украле моштите на Свети Јован Рилски.http://www.pravoslavieto.com/life/07.01_sv_Ivan_Rilski_moshti.htm Моштите на Свети Јован Рилски По само две години, Норманите ги нападнале градовите Драч и Солун. По нивното заземање, населението било или ограбено или убиено. По ова, норманските орди се насочиле кон престолнината Цариград, но благодарение на главниот началник на Византиската војска, Алексеј Брана, Византија успеала да го одбие ударот на норманите. Во истото време, во Цариград бил извршен државен удар и на царскиот престол застанал Исак II Ангел (1185-1195), кој склучил династичен брак со ќерката на унгарскиот крал Бела III.

Востанието на Асен и Петар мини|лево|Црквата „Св. Димитиј“ во Трново, изградена од Асен и Петар на почетокот на востанието. Браќата Асен (Иван Асен I) и Петар (Теодор-Петар IV) пораснале во Мизија и кога биле доволно возрасни, појавиле загриженост за состојбата на бугарските земји кои постојано биле како воено поле во Тракија и Мизија. Двајцата браќа отишле кај византискиот цар Исак II Ангел со молба да царството им даде имот со кој тие би се преврнале во локални феудалци, подчинети на престолнината. На тоа, царот им одговорил негативно, по кое двата браќа му се заканиле дека ќе го организираат месното население за избувнување на бунтови и востанија. Стравот на православното население во Византија се зголемил бидејќи се сметало дека Свети Димитар, според преданието, им го свртел грбот на византијците, насочувајќи се да им помага на Словените, пред сè на Бугарите. Како еден доказ или мит за ова била изгубената икона на Свети Димитар од Солун, која по необјаснен начин се најдела во Трновград, денешно Велико Трново.

Кон крајот на месец октомври, кога се славел празникот на Свети Димитар, при осветувањето на новата црква која била посветена на самиот светец, во исто време бил даден почетокот на востанието против Византија од страна на Асен и Теодор-Петар. Теодор бил прогласен за цар, бидејќи тој бил постариот од двата браќа, и го променил името си во Петар, како директен наследник на Петар I, цар од времето на Првото Бугарско Царство. За многу краток период, востанието успеало да се прошири низ скоро цела Северна Бугарија, со исклучок на градот Варна. Византиската власт не успеала да реагира адекватно на бугарските востаници, најмногу поради фактот што во истото време во престолнината се воделе дворски битки помеѓу Исак II Ангел и претендентот за престолот — Исак Комнин. Војска од страна на Византија била испратена дури откога востаниците ја преминиле Стара планина, која војска претрпела пораз. Во текот на пролетта на 1186 година, Исак II решил директно да ја нападне византиската армија. Искористувајќи ја маглата, византиската армија успеала да ја премине Стара планина и успеала да ги принуди бугарските позиции да се повлечат. Византиската армија опожарила мал дел од заземената територија и се повлекла. Во исто време, бугарските востаници успеале да стапат во контакт со туркиските Кумани, барајќи заедно да се обединат против Византија.

Во текот на есента 1186 година, бугарско-куманската армија ја преминала Стара планина (Паристрион) и се разделила на два дела: едниот дел од армијата заминал кон Македонија, а другиот останал да дејствува во Источна Тракија. Војната се водела со променлив успех на двете страни, кое дополнително го инспирирало на бугарскиот цар да собира поголема и пообучена војска. Во времето кога стигнал во Средец, денешна Софија, царот Исак II го убедувал на Бела III да ги врати откраднатите мошти на Свети Иван Рилски. По преговорите, било договорено унгарскиот крал да ги врати моштите но без едната рака, која подоцна била однесена во Грац. Во текот на пролетта на 1187 година, Византиските војници испеале да ја преминат Стара планина и да го опседнат градот Ловеч т.е. Ловешката тврдина. Опсадата на градот можеби продолжила повеќе од колку што очекувал самиот Исак II. По ова, тој решил да се обиде преку преговори. Во преговорите, византискиот цар ја признал власта на династија Асенивци над Мизија, а како замена во плен го зедол братот на Асен и Петар, Јоаница (идниот Калојан). Веднаш по прогласување на мирот помеѓу двете земји, Бугарското Царство започало да ја обновува својата државна власт, да гради поголем број на тврдини. Како престолнина на новата бугарска држава бил избран градот Трновград, денешно Велико Трново, главно поради својата недостапност и стратегиска позиција. Така, во следните години, Трново станал еден од најголемите културно-политички и религиозни центри на Бугарија.

По преминуњето на крстоносците преку бугарските и византиските земји, Исак II решил конечно да зазеде поголем поход против Бугарите, организирајќи поход кон Трново. Меѓутоа, градот бил доволно добро заштитен за да византијците не можат да го заземат. Во Битката кај Тревна од 1190 година, Бугарија и нанела тежок пораз на Византија. Од тој момент, бугарската држава зазела големи походи против Византија низ цела Тракија. По големите неуспеси кои ги доживеал царот Исак II, во престолнината бил извршен преврат.

Калојан thumb|right|230px|Бугарија во времето на Калојан. Калојан, познат и како Ромеоубиец,„Kalojan, der Griechentöter", цар на Бугарија станал во 1197 година. Престолот го наследил во време кога земјата се наоѓала во голема нестабилност. Во текот на 1202 година, Римокатоличката црква ја организирала Четвртата крстоносна војна. По налог на Венецијанската Република, рицарите го нападнале и ограбиле пристаништето Зара. По ова, Венеција склучила сојуз со приврзаниците на Алексеј Ангел, кој во тоа време се наоѓал до затвор, заедно со својот татко Исак II Ангел. Крстоносците се упатиле кон Цариград. (Види:Опсада на Цариград (1203)). Византискиот цар Алексеј III Ангел, склучил договор со Калојан. Според договорот, под власта на Калојан се најдела цела Северна Бугарија, Браничевската област и Белградската област, како и делови од Северна Тракија и Македонија. Во исто време, Браничевската област и Белградската област биле окупирани од страна на Унгарија. По овој настан, царот Калојан успеал со својата војска да ги протера Унгарците од истите области.

thumb|right|230px|Гробот на Калојан.

Папа Инокентиј III во 1199 година му предложил на Калојан да ја признае неговата власт, а истото пак да го стори и царот според кој договор, тој би требало да го признае папата како владетел над светските царства, пример кој веќе се практикувал во Западна Европа. Во продолжение на пет години, Калојан и папата преговарале околу можниата унија. Во исто време, папата му заповедил на унгарскиот крал да се откаже од денешните српски земји Белград и Браничево. Во исто време, Калојан пак започнал преговори со Византија чија цел била таа да го прогласи за цар (цѣсарь — цезар), титула која била еднаква на титулата цар, како и да се признае автокефалноста на неговата црква. Во крајна сметка, Калојан се одлучил за православниот свет, во кој владетелот односно царот не бил управуван од страна на црквата, туку цезарот односно царот бил над црковниот поглавар.